Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

B

babsyy

Гостин
RogerBacon (не знам со која смелост) си даде за право да ми искоментира за врската, па еве да го тагнам тука наместо индиректно да ме провлекува низ дискусии, па да видам што конкретно има да каже, дали може или не, да опстане врска помеѓу партнери од различни религии (што не по дифолт значи дека се религиозни нели). :)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
1. Тоа и јас го кажувам. Атеизмот не е вера. Но е против сите вери.
Додека муслиман и христијанин ќе се согласат дека постои Бог, јас и на двајцата ќе им речам - naah, глупости.
Поентата е дека полесно верници ќе се разберат меѓу себе (делат исти чувства), него дека верник и атеист ќе се разберат.

2. Јас верувам во правото на избор. Односно, на детето мое нема да му забранам да верува, ниту на сопругот, ниту на некој друг.
Детето кога ќе биде доволно свесно за себе, може слободно да се крсти, да се сецне, итн. И понатаму ќе си го сакам исто како и пред тоа, но сакам да направи свој избор. Маж ми може слободно да си верува и да му објасни на детето зошто верува, како што јас би му објаснила зошто јас не верувам. Меѓутоа, тоа на крајот треба само да си донесе своја одлука.
Ако јас го почитувам неговиот избор, и тој мојот, логично би било дека треба да го почитуваме изборот и на нашето дете, нели?

3. Ако си со атеист, би ти било проблем (тебе лично), затоа што тој нема да сака да крштева деца, да се жени во цркви, итн. Ако славиш ти празник (еве Божиќ) од почит ќе седи со тебе на вечерата што си ја припремила (како што јас седам со моите), но нема да биде дел од празникот, на начин на кој што си ти. Сега, како што кажав, се е ствар на договор. На пример женачката во црква - ради тебе може и ќе отиде во црква, но што ти вреди тебе тоа кога знаеш дека тоа што му го кажува на попот му значи исто колку што му значи ,,Добар ден,, на некој непознат на улица?

4. Да, затоа што ти сметаш дека изборот се наметнува. Јас сум вегетеријанец (не веган) и немам никаков проблем кај мене дома или дечко ми да јаде месо. Исто како што на детето умерено ќе му давам месо, но и како ќе расте ќе му објаснам зошто јас не јадам. Крајниот суд самото ќе го донесе.
Веганите се радикални вегетеријанци, затоа ти реков дека се слични на муслиманите, иако не е религија. Веганот е практично невозможен да живееш со него, освен ако и ти не си веган. Додека ние вегетеријанците пасивно се бориме за тоа во што веруваме (како повеќето православни), веганите ти се подрастични во своите ставови. Односно, тоа што за вахабистот значи неносењето бурка, за веганот значи пиењето млеко. Just imagine. Со него не можеш да јадеш месо во ресторан (освен ако не се криеш).

Не сакаш после 5 години брак маж ти веган да стане. Навистина не знам со своите ставови што би правела тогаш.

5. Женско сум, и сум пишала, и да, љубов постои без оглед на се, но за да дојдеш до таа љубов има многу етапи. Прво, треба некој физички да ти се допадне. Потоа да се запознаеш и да ти ,,тргне муабетот,,. Потоа да се вљубиш во неговите доблести и маани. Да се промениш малце заради него.
И на пример, ти доаѓа некој Џонатан, не правите муабет за религија (ваљда) и после 6 месеци мување, ти вика, аааа јас потекнувам од муслиманско семејство, не верувам нешто многу, ама ете, така си се декларирам.
Ти веќе го сакаш, јебига.
Ќе му речеш, не, јас не можам баклави да јадам за Бајрам, а децата не сакам Ибрахим да ми се викаат.

И после ќе си патиш уште долго, се разбира ако го сакаш нели доволно.

6. Многу добро те разбирам, само што во реалниот живот не знаеш што може утре да ти се случи. Со оглед на тоа дека многу муслимани почнаа да ставаат македонски имиња да децата :)
Додека да сфатиш дека дедо му се викал Џахид, многу време ќе пројде...

Не ми е целта да те разубедувам - ниту пак за тебе лично зборувам, но како што ти знаеш за лично тебе, јас знам за лично мене.

Како што кажав, мене ми е многу поголем проблем да бидам со Грк христијанин, него со црна арапина.

Поентата е дека ти не го перцепираш на таков начин, и тоа е сосема ОК.
Меѓутоа, не можеш да кажеш дека на никого тоа не може да му се случи.

Ќе ти објаснам, од мој аспект, и зошто.

Според твоите зборови, ти си традиционален, а не вистински верник. Вистинскиот верник прави многу повеќе од чисто славење на празници и имање икона дома.
Вистинскиот верник малце полесно ќе прифати нешто друго.

Според исламот, мажот муслиман смее да се ожени со жена која практикува монотеистичка религија и мора да и обезбеди услови за да си ја практикува.
Дали знаеш што вели христијанството за истото?
За некои работи се сложувам со тебе , но за некои не еве и зошто.
Првото болдирано, јас пак мислам дека полесно ќе се разберам со некој кој не верува во ништо отколку со закоравен верник муслиман. Не знам можеби грешам, но сепак мислам дека е така. Не верувам дека би можела да се разберам со некој тврдокорен муслиман.
И јас верувам во право на избор, но не заборавај дека сами го подучуваме детето како понатака во живото и му втемелуваме некои вредности (морални, религиски и така натаму) па после врз основа на темелите тоа одлучува. Си видела ли во православно семејство некој од децата да е муслиман или обратно? Јас лично не! Кога мислиш дека детето е доволно свесно за себе за да одлучи? на 10, 15, 18, 20 год?
Да ти кажав и јас дека доколку бидам со атеист во врска додека сме само ние двајца нема да има никаков проблем, но проблем ќе настане кога тој нема да сака да ги крстева децата а јас ќе сакам. Јас по тоа прашање не можам да правам компромис, т.е. едноставно не сакам. Затоа и ти реков дека таква врска кога тогаш ќе се распадне.
Како заклучи ти дека јас мислам дека изборот се наметнува? Тој е твој сопствен, НО се темели на убедувањата, учењето, воспитувањето, искуствата што ги имаш во животот. И ти си станала атеист затоа што не си воспитувана во религиски дух, не би можела да избереш да станеш атеист доколку дома те подучувале во духот на религијата (било која роелигија). Си станала вегетаријанец затоа што си заклучила дека можеш да живееш без месо, или ти е гадно да го јадеш истото или што и да е, твој избор кој се темели на твое искуство (гадно ти е да јадеш месо пример). Што би се случило ако ти се допаѓа месото и имаш потреба да го јадеш, но ете читаш по интернет дека е многу здраво да се стане веретаријанец и што ти ја знам што? Пак ќе си јадеш месо нечиви туѓи ставови и мислења нема да те предомислат!!
И да јас не би се одлучила на корак каков што е бракот со човек кој е лабилен и кој ги менува своите ставови преку ноќ. Не верувам дека мојот иден сопруг толку драстично ќе се промени, и пак кажувам и да се промени ќе најдеме компромис се додека не ми се меша во моите избори и не ми забранува нешто или пак не се обидува да ги наметне своите ставови. Во сите спротивни ситуации ќе има проблеми. Ако јас можам да се "жртвувам" за него и дома да не готвам месо, може и он да се "жртвува" понекогаш за мене и да ме однесе во кафана онака мераклиски да си се најдам што сакам!

Како што кажа за да дојде до љубов има повеќе етапи. Е тука лежи клучот. Кога мене некој ќе дојде и ќе ми каже дека се вика Џонатан пример како што си кажала јас можам да зборувам со него, да правам муабет, но нема да се впуштам во авантура со човек кој прв пат го гледам,з а кој ништо не знам. А сигурно нема после половина година да дознам дали тој е муслиман или не. При самиот пристап доколку името ми е "сумливо" како во случајов, ќе најдам начин без тој да се почувствува непријатно да дојдам до таа тема какви му се религиските убедувања. Има начини.
Затоа велам дека сами одлучуваме во кого ќе се заљубиме, и да во ниеден случај не реков дека тоа не може никому да му се случи. Но на луѓе со убедувања слични на моите не може.

Јас ти кажав дека не сум некој закоравен верник но имам некои мои верувања и убедувања. Верувам дека постои некоја сила, сакаш Господ речи ја, сакаш енергија како сакаш, но верувам дека постои. ЈАс не го замисллувам Господ како старец кој седи на облаче и не гледа од горе, но верувам дека има нешто, некоја сила. Јас искрено и библијата ја немам прочитано, и дома верувала или не имам повеќе арапски свети книги (добиени на поклон) отколку библии, но тоа не значи дека верувам дека постои Алаџ а не Исус. Што подразбираш под традиционален и вистински верник? За мене има скроз забегани луѓе и нормални верници! Забегани ми се оние кои секоја недела одат на миса во Бигорски од 12 на полноќ до 6 сабајле, оние кои повеќе се слушаат со тој претпоставениот што им е (не знам како се вика) отколку со сопствената женска, кој што повеќе време минуваат по цркви отколку дома, кој што проповедаат некои работи кои во современиот свет за мене се неизводливи! Ова не важи за поповите!! Бидејќи за нив сметам дека тоа им е работа!

За италикот- искрено појма немам!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817

Нема да можеш да се разбереш ниту со тврдокорен христијанин. Зборувам за некој што слепо си ги следи правилата на религијата.
Не сум видела од христијанин муслиман и обратно, ама сум видела од христијанин/муслиман да стане атеист. Тоа е избор. Не гледам зошто од една монотеистичка некој би прешол во друга монотеистичка религија.
На моето дете ќе му удоволам да одлучи порано од 18, да речеме 16 години. Доволно се да види што повеќе му одговара.
Дома мама и тато не ми читале Библија, а ти ќе читаш ли на твоето дете? Сама кажа дека ,не си голем верник, што значи дека на твоето дете, ако не му се качиш на глава за религија, на крајот или ќе биде верник само за празник, или ич нема да биде верник.
А со тоа учење на религија, му го поткопуваш на детето правото на избор. Односно, му ја кажуваш само едната страна од приказната, и не му објаснуваш објективно како стојат работите.

Можеби тој ако се промени тебе нема да ти наметнува избор, но ќе проба да му наметне на детето.
Тебе ќе ти каже крши глава, ама детево веган ќе го правиме.
И, што ќе направиш тогаш?

Ако веруваш дека има некоја сила, која не знаеш како да ја опишеш, не спаѓаш во категорија христијани. Ај сега поправи ме, христијанка сум! Епа според твоето објаснување, не си.

Јас дома имам и Библија и Куран, па и двете фаќаат прашина, јбг.

Под вистински верник подразбирам некој што ги следи правилата кои му се одредени од книгата во која верува. На пример, ти како христијанка, верувам дека до сега со своите постапки (според христијанството, а не според мене) си заслужила карта за во пеколот.
Едни од начелата на христијанството се - 1. Немај секс пред брак. 2. Не мастурбирај 3. Ако си жена, или ишишај се ќелава, или покриј си ја главата 3. Немој да се образуваш, седи си мирна.

Колку од овие почитуваш? За секое од овие Исус се љути многу.

За мене традиционален верник е тој што слави слава, празници и се декларира како верник, но во секојдневниот живот не прави ништо од тоа што би требало како верник.

И сега, тебе тоа во модерното време ти е неизводливо. Се извинувам, ама Исус не зборувал аааа до 20 век овака ќе правиме, после во 21 мењаме политика. Така си е како што си е.

И за италикот, се надевам ќе провериш.

Затоа што се чувствувам лошо кога верници ги учам за нивната религија. Непријатно ми е.
--- надополнето: 26 март 2013 во 14:06 ---
RogerBacon (не знам со која смелост) си даде за право да ми искоментира за врската, па еве да го тагнам тука наместо индиректно да ме провлекува низ дискусии, па да видам што конкретно има да каже, дали може или не, да опстане врска помеѓу партнери од различни религии (што не по дифолт значи дека се религиозни нели). :)
Не знам што ти рекол Роџо, јас држам палци за вас двајца :)
--- надополнето: 26 март 2013 во 14:13 ---
Babsyy раскажи им на дечкиве како тоа е возможна таква врска, и кои се толку страшните проблеми со кои се соочувате секој ден.
:) Сигурно си многу трауматизирана, просто не знаеш што да правиш :icon_mrgr:
 
D

Daedalus

Гостин
RogerBacon (не знам со која смелост) си даде за право да ми искоментира за врската, па еве да го тагнам тука наместо индиректно да ме провлекува низ дискусии, па да видам што конкретно има да каже, дали може или не, да опстане врска помеѓу партнери од различни религии (што не по дифолт значи дека се религиозни нели). :)
Ретко и тоа само кога еден од сопружниците ќе мора да отстапи од тоа во што верува и да го прифати тоа во што верува другиот сопружник. Доколку едниот од нив е атеист можеби нема да се грижи за верувањата на другиот.
Но бракови помеѓу луѓе од две различни религии, според мое мислење е тешко да опстанат поради културолошките разлики и притисоците од другите.

Прашањето е дали љубовта кон партнерот е поголема од љубовта кон Бога? Ако навистина веруваш во Бог од твојата религија кој тврди дека твојот сопруг/сопруга мора да ја прифати религијата твоја, дали ќе земеш каур за маж иако знаеш дека тој не е во склад со Алаховиот пат?

Дали тој каур ти е поважен од Алах кој не создал сите и кој ги направил небото и земјата?
Ако одговорот е да, тогаш не си вистинска муслиманка. Поправи ме ако грешам.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Роџо бре, си запознал бар еден вистински муслиман, христијанин, будист во оваа земја?
Јас сум слушнала дека постојат, ама не сум ги видела. :)
 
D

Daedalus

Гостин
Роџо бре, си запознал бар еден вистински муслиман, христијанин, будист во оваа земја?
Јас сум слушнала дека постојат, ама не сум ги видела. :)
Сум упознал. Ете на пример имаме семејни пријатели, македонка и турчин кои се во брак со 3 деца.
Но, македонката ги прифати сите обичаи на мажот и е муслиманка атм. :) Ќерките се муслиманки.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Сум упознал. Ете на пример имаме семејни пријатели македонка и турчин кои се во брак со 3 деца. Но, македонката ги прифати сите обичаи на мажот и е муслиманка атм. :)
Чек сега, друго јас те прашувам.
Сигурен си оти се сто посто муслимани? Таа шета наоколу придружена со маж кој не може да ја спари? Не работи? Не излегува од дома сама? Итн...
 
D

Daedalus

Гостин
Чек сега, друго јас те прашувам.
Сигурен си оти се сто посто муслимани? Таа шета наоколу придружена со маж кој не може да ја спари? Не работи? Не излегува од дома сама? Итн...
Не зборувам дека луѓето кои се религиозни се 100% религиозни и одат по светите книги. Само сакам да кажам дека не може луѓе од различни религии да си останат на своето верување ако се верници во најмала рака а при тоа да се во брак.
Еден ќе попушти и тоа е обично женското на овие простори. Затоа, поголеми се шансите муслиман да стапи во брак со христијанка и истата да отстапи неголи муслиманка со христијанин, затоа што муслиманството денес е малку поекстремно од христијанството.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Не зборувам дека луѓето кои се религиозни се 100% религиозни и одат по светите книги. Само сакам да кажам дека не може луѓе од различни религии да си останат на своето верување ако се верници во најмала рака а при тоа да се во брак.
Еден ќе попушти и тоа е обично женското на овие простори. Затоа поголеми се шансите муслиман да стапи во брак со христијанка и истата да отстапи неголи муслиманка со христијанин, затоа што муслиманството денес е малку поекстремно од христијанството.
Се додека и двајцата знаат што сакаат, нема да имаат проблем.
Сега јас тргам од свој аспект, не зборувам за Трпана од Зумбулово.

Ако си возрасен и свесен што сакаш, без оглед дали си маж или жена, не може мајка, татко, братучетка, мушка тетка да те спречи во истото.
А вистинските мажи муслимани, нели, прават од одма една грешка ако бараат од жената да се откаже од своето верување. Нив им е наложено од нивната книгичка, дека смеат да се оженат само со припадничка на друга монотеистичка религија (не атеист), но и да ја почитуваат нејзината религија и да и обезбедат услови за таа да може да си ги исполнува обврските кон истата.

На крајот доаѓаме до заклучок, дека и христијани и муслимани, чуле ама не дочуле, па се трескаат од земја и не знаат ниту што треба да прават според правилата кои сами си ги одбрале.

И да, немаме ,,вистински,, верници. Се се некои квази верници.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
...
Исто како што ти не веруваш во крштевање така твојот маж верува во истото. Не гледам причина зошто твојот став би бил побитен од неговиот и децата автомацки нема да бидат крстени бидејќи ти така сакаш. Автомацки го поткопуваш верувањето, мислењето, ставот, верата на твојот сопруг. Зошто не ја поставиш обратно ситуацијата, ако на жена ми (т.е тебе ова го зборува пример твојот сопруг) толку и е битно децата да не бидат крстени значи не го цени мојот став и мојата вера, што ќе ми е таква жена? Не може ли вака да се запраша твојот иден маж, исто како што ти пиша погоре дека не ти е потребен маж на кој крштевањето му е побитно од тебе.

Јас не сум некој закоравен верник ни па ти не знам што и искрено не би ми сметало да видам во врска со некој атеист на пример бидејќи тој не верува во ништо, јас нема со него да се убедувам дали постои или не Господ, но кога ќе дојде ред да ме засегнат битни ствари во животов како децата на пример јасно е како ден дека ќе имаме контрасни ставови и верувала или не ти ќе дојде до проблеми и сигурно разидување. А за муслиманство и да не зборувам, едноставно таквиот човек може да ми биде само колега на работа, апсолутно ништо друго.

Немој молим те да зборуваш за вакви работи како болдираното, не е исто тоа со религија. Битно нема да ми смени дома дали ќе готвам месо или не, ако сакам месо ќе излезам во кафана и ќе јадам не мора мојот сопруг да ме гледа или пак истото да го спремам дома, проблем ќе настане ако он посака своето убедување (како во случајов ти твоето пример несакаш да ги крштеваш децата а мажот ти сака) да ми го наметне мене! Тоа е проблемот! Автомацки имаме различни погледи на светот околу нас и не сме еден за друг.

..
devojka87 за преЦедател! :icon_lol:

Сериозно, не можев да дозволам во некои од трудовите (за кои сама кажа дека си ги напишала) да се провлече ваков пропуст, мислам, да не не' брукаш како нација. :icon_lol:
/jk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom