Еве сум хах,ке речев дека е ок да,тоа е дека мене националност не ми смета Но религија многу ми смета,зборам лично за мене,секој со свои видувања и размислувања
Што ако е Албанец кој за тебе ќе смени вера?
Дали твоите дома ќе го прифатат?
--- надополнето: 26 март 2013 во 01:21 ---
Атеизмот искрено не го сваќам како вера, можеби грешам ама искрено и не ми е гајле многу, бидејќи колку што ми е познато да си атеист значи да не веруваш во ништо, во никаков Бог во никакви светци. Значи не е вера, не веруваш во ништо!!!
Исто како што ти не веруваш во крштевање така твојот маж верува во истото. Не гледам причина зошто твојот став би бил побитен од неговиот и децата автомацки нема да бидат крстени бидејќи ти така сакаш. Автомацки го поткопуваш верувањето, мислењето, ставот, верата на твојот сопруг. Зошто не ја поставиш обратно ситуацијата, ако на жена ми (т.е тебе ова го зборува пример твојот сопруг) толку и е битно децата да не бидат крстени значи не го цени мојот став и мојата вера, што ќе ми е таква жена? Не може ли вака да се запраша твојот иден маж, исто како што ти пиша погоре дека не ти е потребен маж на кој крштевањето му е побитно од тебе.
Јас не сум некој закоравен верник ни па ти не знам што и искрено не би ми сметало да видам во врска со некој атеист на пример бидејќи тој не верува во ништо, јас нема со него да се убедувам дали постои или не Господ, но кога ќе дојде ред да ме засегнат битни ствари во животов како децата на пример јасно е како ден дека ќе имаме контрасни ставови и верувала или не ти ќе дојде до проблеми и сигурно разидување. А за муслиманство и да не зборувам, едноставно таквиот човек може да ми биде само колега на работа, апсолутно ништо друго.
Немој молим те да зборуваш за вакви работи како болдираното, не е исто тоа со религија. Битно нема да ми смени дома дали ќе готвам месо или не, ако сакам месо ќе излезам во кафана и ќе јадам не мора мојот сопруг да ме гледа или пак истото да го спремам дома, проблем ќе настане ако он посака своето убедување (како во случајов ти твоето пример несакаш да ги крштеваш децата а мажот ти сака) да ми го наметне мене! Тоа е проблемот! Автомацки имаме различни погледи на светот околу нас и не сме еден за друг.
И за мене луѓето се луѓе, не не баш со секој човек сакам да го делам животот.
П.С. Можеби ти мислиш дека некои работи треба да ги договориш пред бракот, но често пати се случува едниот да се предомисли.
И да јас не те прашав дали твоите родители заслужиле да умрат без да те видат доколку превртуваат очи, туку дали ТЕБЕ животот ќе ти биде исполнет и задоволен без нив?
--- надополнето: 25 март 2013 во 18:13 ---
Значи јас во ниеден случај не реков дека таква врска не може да опстои, тебе те реплицирав и ти реков дека тоа што си го пишал постои во бајките, бидејќи ти си пишал дека љубов се случува без разлика на се. Не бе дечко за да се случи љубов треба и ти да придонесеш, да се заинтересираш за некого, да помислиш на неа на тој начин. Тоа ми беше муабетот, а не дека таква врска не може да опстане, и јас знам примери од таква врска, тоа не е дискутабилно. Туку зборуваме за фактот дека сам избираш во кого ќе се заљубиш. Мене на пример не може да ми се случи љубов спрема човек од муслиманска религија, не може и точка. Не го погледнувам, не го перцепирам на тој начин, не помислувам на него, не го гледам како потенцијален партнер. Мислам дека се разбравме сега за што зборував.
1. Тоа и јас го кажувам. Атеизмот не е вера. Но е против сите вери.
Додека муслиман и христијанин ќе се согласат дека постои Бог, јас и на двајцата ќе им речам - naah, глупости.
Поентата е дека полесно верници ќе се разберат меѓу себе (делат исти чувства), него дека верник и атеист ќе се разберат.
2. Јас верувам во правото на избор. Односно, на детето мое нема да му забранам да верува, ниту на сопругот, ниту на некој друг.
Детето кога ќе биде доволно свесно за себе, може слободно да се крсти, да се сецне, итн. И понатаму ќе си го сакам исто како и пред тоа, но сакам да направи свој избор. Маж ми може слободно да си верува и да му објасни на детето зошто верува, како што јас би му објаснила зошто јас не верувам. Меѓутоа, тоа на крајот треба само да си донесе своја одлука.
Ако јас го почитувам неговиот избор, и тој мојот, логично би било дека треба да го почитуваме изборот и на нашето дете, нели?
3. Ако си со атеист, би ти било проблем (тебе лично), затоа што тој нема да сака да крштева деца, да се жени во цркви, итн. Ако славиш ти празник (еве Божиќ) од почит ќе седи со тебе на вечерата што си ја припремила (како што јас седам со моите), но нема да биде дел од празникот, на начин на кој што си ти. Сега, како што кажав, се е ствар на договор. На пример женачката во црква - ради тебе може и ќе отиде во црква, но што ти вреди тебе тоа кога знаеш дека тоа што му го кажува на попот му значи исто колку што му значи ,,Добар ден,, на некој непознат на улица?
4. Да, затоа што ти сметаш дека изборот се наметнува. Јас сум вегетеријанец (не веган) и немам никаков проблем кај мене дома или дечко ми да јаде месо. Исто како што на детето умерено ќе му давам месо, но и како ќе расте ќе му објаснам зошто јас не јадам. Крајниот суд самото ќе го донесе.
Веганите се радикални вегетеријанци, затоа ти реков дека се слични на муслиманите, иако не е религија. Веганот е практично невозможен да живееш со него, освен ако и ти не си веган. Додека ние вегетеријанците пасивно се бориме за тоа во што веруваме (како повеќето православни), веганите ти се подрастични во своите ставови. Односно, тоа што за вахабистот значи неносењето бурка, за веганот значи пиењето млеко. Just imagine. Со него не можеш да јадеш месо во ресторан (освен ако не се криеш).
Не сакаш после 5 години брак маж ти веган да стане. Навистина не знам со своите ставови што би правела тогаш.
5. Женско сум, и сум пишала, и да, љубов постои без оглед на се, но за да дојдеш до таа љубов има многу етапи. Прво, треба некој физички да ти се допадне. Потоа да се запознаеш и да ти ,,тргне муабетот,,. Потоа да се вљубиш во неговите доблести и маани. Да се промениш малце заради него.
И на пример, ти доаѓа некој Џонатан, не правите муабет за религија (ваљда) и после 6 месеци мување, ти вика, аааа јас потекнувам од муслиманско семејство, не верувам нешто многу, ама ете, така си се декларирам.
Ти веќе го сакаш, јебига.
Ќе му речеш, не, јас не можам баклави да јадам за Бајрам, а децата не сакам Ибрахим да ми се викаат.
И после ќе си патиш уште долго, се разбира ако го сакаш нели доволно.
6. Многу добро те разбирам, само што во реалниот живот не знаеш што може утре да ти се случи. Со оглед на тоа дека многу муслимани почнаа да ставаат македонски имиња да децата
Додека да сфатиш дека дедо му се викал Џахид, многу време ќе пројде...
Не ми е целта да те разубедувам - ниту пак за тебе лично зборувам, но како што ти знаеш за лично тебе, јас знам за лично мене.
Како што кажав, мене ми е многу поголем проблем да бидам со Грк христијанин, него со црна арапина.
--- надополнето: 26 март 2013 во 01:28 ---
1. Не дека потсетува на атеист, ама 100% не потсетува на муслиманка, нели? Тоа сакав да кажам
2. Ти како возрасна да, ама додека растеш ти треба 1 правец, каков и да бил
3. За ова скроз се согласувам. Затоа шо можи едно или ниедно, а никако +2, и тоа скроз различни
4. Разводот сам по себе е тежок и траума за детето. После него, најголемо влијание има родителот со старателство. Ако го делат старателството, ПОВТОРНО, кога се однесува на детето МОРА да бидат на иста фреквенција, ако не се = проблем
5. Се согласувам
6. Има разлика, голема, значи збораме за христијанин/муслиман, муслиман/хинду и останати скроз различни религии, муабетот не е атеист/католик, католик/православен
7. Да, АМА кога родителите стојат на ЕДНО, заедничко мислење
8. Па тоа ми е цел муабет, за скроз коренито дијаметрално различни религии, нема како да опстои таква двојка, за семејство да не збораме
9. Убаво, колку поинформиран човек толку подобро.
Поентата ми е дека, атеист може да (из)гради врска со било каков верник, само ако и другиот е во одредена мера атеист, т.е. не го следи строго верското учење на кое припаѓа. Т.е. Секој, на долгорочен план, успева да создаде иднина со некој кој има блиски верувања, мислења со неговите. Врска меѓу дијаметрално различни вери не успева, се додека секој си држи на своето или еден не се откаже од своето, не може да успее. Значи зборам за двојката, за возрасните партнери. Создавање на семејство е осудено на пропаст и големи противоречности
1. Не посетува на муслиманско, ама ако дознаам дека некој ме гледа ,,православно,, ќе го оставам од одма. Зошто? Затоа што јас вредам повеќе од крштеница.
2. А правецот е либералност и слобода на избор. Исклучиво таков партнер прифаќам. Ние си даваме право на избор еден на друг - истото го правиме и за нашето дете. Не можам да имам маж кој на ќерка му ќе и изиграва џандар. Мора, мора и мора да биде либерален.
3. Нема ниту едно, објаснуваме во што веруваме или не веруваме. Религијата нема важно учество во воспитувањето на децата и онака (кај нас). Децата гледаат празници, не им се чита Библија, не им се раскажуваат приказни од Библијата, туку им се раскажува Црвенкапа и Ивица и Марица.
4. Иста фрекфенција не значи иста религија.
5.
6. Поголема разлика од атеист - што било, нема. Значи не постои. Христијанството и исламот имаат многу повеќе допирни точки, него атеизмот и било која религија.
7. Едно, и заедничко мислење е - ПРАВО НА ИЗБОР. Секој го има тоа, и нашето дете, исто така.
8. Има, иначе како опстојуваат?
9. Врска меѓу не-така-посветени верници, на различни религии успева.
Врска меѓу многу верник, и малце верник, тешко успева, макар и од иста религија да се.
Поентата е дека, колку е човек полиберален, толку подобра врска ќе има, со кој сака нека е.
Сакаш свои права и избори? - Сакаат и другите.
--- надополнето: 26 март 2013 во 01:30 ---
Јаооо па дај малце компромис мајкуму стара.
На сопругот ќе му забраниш да го труе детето со религија? Пошто ете ти проблем.
Ти рече не верував во Божиќ ама го славиш. (Ја би рекла сакам да се е**м ама нејќам да ми влезе)
Да речеме дека ти си толкав атеист што не сакаш да имаш куќна слава, а за дечко ти тоа е must? Ќе ми го кажеш решението? Ти сакаш детето кога ќе порасне само да одбере религија, ако воопшто одбере. Сопругот ти вика "нема шанси, мора да е одгледано во духот на христијанството". Решение?
И многу се негативни зборовиве што ги користиш. Ти кажаа порано, ќе ти кажам и јас. За тебе можеби тоа е труење, но за верниците не е. Ако мене ме труе религијата, не сум будала, ќе станам атеист, нели?
Па живеењето заедно нема да ви помогне со децата. Може да ви помогне во смисла вашиот заеднички живот, али ништо повеќе.
Епа цело време велиш дека ќе функционира бракот, а сега нема?
Ахаххахахахаха кој фииииииииииилм.
Тие ќе ти превртат тебе очи и треба да умрат. Како смееле тебе да ти превртат очи, светицава, семоќнава? Па те гледале минимум 18 години, којзнае колку жртви за тебе имаат направено, не ти е срам ова што го збориш?? За превртување со очи заслужувале да умрат?
1. Не можам да бидам со човек кој така радикално сфаќа религија. Нема да бидам со него, просто.
И да, мене ми смета што сте толку ранливи. Ако не ви одговараат моите зборови имаш опција да ме игнорираш. Мене ми е тоа најсоодветен збор.
2. Ај молимте, прочитај уште еднаш што сум напишала, пред да ме цитираш за глупости. Не ти е прв пат, и ако имаш намера само да пишуваш, а не и да читаш, ќе немам друг избор освен да не дискутирам со тебе. Не гледам поента 20 милиони пати исто нешто да пишувам.
--- надополнето: 26 март 2013 во 01:35 ---
Ова што си го пишал постои во приказните само. За да се случи љубов треба малку и сам да придонесеш, да се интересираш за некого, да знаеш нешто за него, да има нешто во што ќе се заљубиш. Како бе може да почувствувам љубов за некого кого воопшто не го погледнувам, не го перцепирам на тој начин?
Поентата е дека ти не го перцепираш на таков начин, и тоа е сосема ОК.
Меѓутоа, не можеш да кажеш дека на никого тоа не може да му се случи.
Ќе ти објаснам, од мој аспект, и зошто.
Според твоите зборови, ти си традиционален, а не вистински верник. Вистинскиот верник прави многу повеќе од чисто славење на празници и имање икона дома.
Вистинскиот верник малце полесно ќе прифати нешто друго.
Според исламот, мажот муслиман смее да се ожени со жена која практикува монотеистичка религија и мора да и обезбеди услови за да си ја практикува.
Дали знаеш што вели христијанството за истото?
--- надополнето: 26 март 2013 во 01:42 ---
Пума,во својата немоќност да ги аргументираш своите тврдења,почна да ги навредуваш верниците.
Ти можеш да бидеш атеист колку сакаш но си воспитувана во христијански дух бидејки родителите ти се верници.Толку од тоа дека религијата е скроз неважна.Истото важи за муслиман кој после 20 год.ќе се сети дека атеист.
Или како не е важно името,па името е нешто што те обележува.
Знаеш ли дека и православни и католици можат да се венчаат или да им се држи опело и во католичка и во православна црква?
Јас не ги навредувам верниците, ниту еднаш никој не нареков идиот, дебил, неписмен... Баш сум трпелива всушност.
А сега, без трошка култура, ти кажувам дека верниците се последни што имаат право да зборуваат за ,,аргументи,,. Мислам дај.... човекот од кал настанал.. така беше?
Јас не сум воспитувана во ,,религиозен дух,, никаков. Моите декларативно се верници, мајка ми е атеист, татко ми не се замара. Знае дека на 7 јануари е Божиќ. Куќна слава немаме, размисли зошто.
Името е нешто што те одбележува точно, и јас тоа обележје го модифицирав на 18 години. И шо? Јака муда.
Православни и католици може денес да изиграваат шо сакаат, и јас можам со мојата крштеница да бидам венчана со муслиман од страна на оџа. И нема да ме замараат ама баш ич. Оџата баш ќе го боли дали сум православна. Пак ќе ме венча. И што ти кажува тоа?
--- надополнето: 26 март 2013 во 01:44 ---
Кога сме кај имињата,во брак помеѓу муслиман и христијанка децата секогаш имаат муслиманско име!
Никогаш муслиман нема да стави на своја ќерка име Марија!
Тоа треба да го знаат денешниве деца,кога романтичарски гледаат на мешано религиски бракови.
Всушност, познавам Албанки (муслиманки) кои се викаат: Сузана, Мимоза, Ивана, Дафина. Овие имиња ги сретнувам и кај кришчаниве. Што е работава?