Белгија - Македонија [26.03.2013 - 20:45] - ЌЕ ИМА НА МТВ!!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин^
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го добие натпреварот ?


  • Вкупно гласачи
    108
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе немаат притисок сега толку мислам ќе влезат послободно во дуелот ќе ги поправат грешките и вадиме едно нерешено на Белгија иако ќе биде тешка утакмица, ние немаме веќе шанси ама барем на Хрватите да им помогнеме да стигнат на 1 место.
 
Заради ова со теренов што не им го дадоја за тренинг, за инает ќе ги тепаме 1-3!
 
Јас ќе ставам едно патриотско ливче на Македонија, па што сака нека биде.
Некако премногу изнервирани ми изгледаа нашите, а рака на срце - се трудеа ама не им идеше. Верувам дека ќе победат на гости.
 
Не ми е јасно како можете кога игра Македонија да типувате на репрезентацијата која игра против нас, па и со Бразил да играме ќе ја бодрам Македонија бре.

ManUtdChampions Кажи ми оти погрешка си кликнал на Белгија :icon_mrgr:
 
Квалитетот е предност на домашната екипа , публиката исто така ќе биде голема предност со оглед на тоа што не престануваат да ги бодрат нивните миленици така беше и кај нас тие 100-200 навивачи на белгија пееја цел натпревар , со нашиот среден ред неможе да им парираме на Белгија кои имаат според мене после шпанија најдобар среден ред : Витсел-Дембеле-Фелаини , се виде во Скопје каква дупка имавме на средина и на левата бековска позиција каде играше Лазевски кој многу ме разочара , тактиката ни беше погрешна скрос место со полувисоки топки да се бараат удари нашите фудбалери со високи топки сакаа да ги надскокаат на белгијците што е незамисливо барем за мене ако имаме иста тактика нема шанса гол да дадеме , контрите во скопје можеше да ги искористиме подобро доколку играше пандев како најистурен со оглед на неговата брзина во однос на Јахович кој делува тромаво во таквите брзи контра напади . Се на се пораз со 2 гола разлика е добар резултат во Белгија . Во првото полувреме во Скопје не се ни трудеа Белгијците а сепак дадоа еден гол од една шанса што ја имаа , во Белгија ќе е друга приказна а и мора да одат на победа бидејќи се борат за првото место :)
 
Не е толку страшна Белгија резултатот не е одраз на играта на двете репрезентации. Сега некој ќе напише дека Белгија не играла со полна “пареа“, не тоа е максимумот на белгијците. Можеби имаат позвучни имиња од нашите но на репрезентативно ниво не се нешто посебни од нас. Со иста игра ги играат сите натпревари (со Романија кога играа не знаеа на која страна тераат исто беше и против Србија но пуста среќа 3 пати шутнаа и 3 пати влезе). Едниствено што ги двои од нас е нивната присебност и додека се немоќни тие не покажуваат некоја нервоза и нивниот копач Дембеле.
 
Не ми е јасно како можете кога игра Македонија да типувате на репрезентацијата која игра против нас, па и со Бразил да играме ќе ја бодрам Македонија бре.

ManUtdChampions Кажи ми оти погрешка си кликнал на Белгија :icon_mrgr:
Aнкета е ова си бираш победник а за бодрење и јас ќе ја бодрам ама реалноста е едно а оптимизамот е друго . ;)
 
Многу реални мислења сте напишале :D

Ако толку победваме, сакам да тепаме 0:1 со гол во 94та минута постигнат од страна на Мирко Ивановски !
 
kakva ke bide ovaa za livce 2 u 1 babauuu
 
Не ми е јасно како можете кога игра Македонија да типувате на репрезентацијата која игра против нас, па и со Бразил да играме ќе ја бодрам Македонија бре.

ManUtdChampions Кажи ми оти погрешка си кликнал на Белгија :icon_mrgr:
Праам магии. :icon_mrgr:

Иначе, сигурно ќе навивум за Македонија, ама реално повеќе од нерешено да искариме не ми са веруе. За Х иам добра доза на оптимизам. :D

И оше нешто. Белгија не изиграја ништо посебно некни. Ако са стегнат наште сигурно можат да искарат нерешено. Ама за таа работа требе и гол да дајме. :D
 
Тешка утакмица,се молам само да проработат напаѓачиве и да реализираат ситуации од кои не смееме да промашиме,доколку се случи во први 20-30 минути да промашиме пак такви зицери,пораз не ни бега.Против која и да е јака репрезентација мора да се користат максимално шансите,ни се удри од глава тоа тука во Скопје,за утре се надевам на некој позитивен резултат,1-1 мој тип,можеби 2-2:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom