Драги будучи колега.
Прво да ти се извинам бидејки ова ми е прв пост (си потчитнувам форуми и на моменти ми доаѓа да внесам некоја реплика али се некако ми се губеше желбата коа ке требаше да се регистрирам, иако е 5 мин. работа) и може да одстапувам од некој не/пишани форматски правила, но сепак нели, почнав со извини.
Јас лично имам искуство на двата факултета УКИМ и УАКС и познавање за тоа што се случува на ФОН или МИТ од блиски колеги. Прво да расчистам нешто пред дополнително да навлезам во разглобување на тоа што те интересира, некој впушти коментар, дека сите што имаат завршено на Скопскиот( WTF??) т.е УКИМ гледаат на ФОН (најверојатно се мисли и на другите приватни факултети кој бај д веј се лоцирани во Скопје а.к.а. Скопски) со смеа, врло арогантно мора да напоменам. Драга колешке јас само што завршив на УАКС. Али да ви кажам мала лична историја која исто така може да служи за потврда како релевантен извор на дадената тема, наменета за будучи колега. Веднаш по средно се запишав на МФС Индустриски Дизајн, иако не се појавив на факултет освен кога ми беше досадно, имав нешто да предадам или испит, исчистив прв семестар освен математика за која сепак земав потпис, али веќе видов дека овде немаат ништо посебно да ми покажат, а и дипломата нема да ми вреди за интересите кој вистински ги имав и го стопирав. Пролетта заврши(ми помина во мерење улици, гејмање и некоја хонорарна работа) и дојде време да се запишувам на факултет, и така завршив да полагам приемен на УКИМ за архитектура. Патем да напоменам, високо сум интелигентен, а и талентиран во цртање/сликање, така да можеш да замислиш како сум бодувал на тестовите, али сепак бидејќи имаме толку високо квалитетно школство ја влагам во приватна квота веднаш по оние кој имаат кафени носиња,се татини и мамини мази и оние кој доаѓаат од помалите населени места, каде комуните толку се грижат нивните сонародници да успеат, што фрштат петки на сите страни. ( Поздрав за матурите, новиве екстерни тестирања и враќање на приемни и зголемување на нивниот севкупен коефициент на сите факултети (
Мора да има реална природна селекција!!!!!)). Ваму идејки од машински, ова секој ден идење ми се виде ептен, па си најдов кривини пак, некој од асистентите го видоа мојот потенцијал и не ме замараа толку, дури и професорката Цветанка а.к.а Цица беше лабава со мене. Значи истерувам прв семестар поминувам се, стига втор ја добивам иселеничка виза за Канада, и решавам да идам натака. Собирам бодови онолку колку што ми требаат за потписи (бидејќи ми се може) ги зиам и летам Кај Нада со план да видам како е па се враќам. Поминав таму 9 месеци, Март некаде ( Случувања нерелевантни во ситуавијава, али како на филм си поминав) и со мисла ја имам потписи идам да си ги положам предметите.
АРНО АМА иако ме благословиле со мнг. работи родителите трпение не е едно од нив. Па тоа што мислев ја сум земал потпис и имам фора 2 пати да полагам и професорите ми овозможија да полагам и положив
АЛИ ПУ ПУ НЕВАЖИ (бирократија), морало да го ставам на стоп студирањето, и ми поминале во јуни и август сесиите. И што да праиш ајде пак од почеток (
кој нема у глаата ТОА Е). Втор, уствари четврти семестар , во меѓувреме ептен се спријателувам или се ставам на зуб со некои асистенти и професори по некои дадени инциденти, еден од позитивните примери е Добре тогаш асистент по нацртна и CAD, човекот мислеше дека сум прецртувал вежби али испадна сум нашол нов принцип на решавање сенки, математички бидејќи го загинав шестарот, на испитите имав 0 бодови па 10мах бидејќи ми се можеше и човекот ептен ме поштуваше и веруваше во мене што ќе го покаже и подоцна кога ќе влезам во конфликт со Косто МАНГАТА со тоа што дава збор дека сум освоил максимум бодови на негов испит и ветува дека ќе застане позади мене во густо. И ја така силен му пишувам еден текст на Мангата и ме вика во канцеларија почна да ми се заканува, па ја него со тоа што знам дека намерно ме паднал и со комисија за накрај човекот да си признае, даде потпис и во очи да не ме погледне. Али во периодот ме фаќа нервоза и си викам и онака овде нема нешто посебно да добијам што неможам да најдам во оваа доба на информации па да идам на друго место да си ја земам дипломата. И нормално заминав колку и да ми беше фино ваму, да си ја пробам среќата на друго место (башка незнам како би изреагирал ако се срчкав пак со Мангата па си викам да не ризикувам). И оп завршив на Американ и искрено
СЕ ЗАЕБАВ! Али не во смисол кадар и знаење, тоа ке ти кажам подоцна. Се заебав бидејќи прво ми беше подалеку, второ ОБАВЕЗИТЕЛНО присуство на 75% од часовите, за мене СМРТ(На државниот ептен ми беше наредена работата ЕПТЕН!!). Али ај викам доста беше ке го изгурам до крај. И ете така Завршив таму. И во моите патешествиеа низ факултетиве на секој од нив сретнав РЕТАРДИ, а и доста компетентни Поединци и само го докажа моето суште ненаведено мислење:
СЕ Е ДО ЧОВЕКОТ, ТЕ БИВА ИЛИ НЕ, САКАШ ИЛИ НЕ. И ФАКУЛТЕТОТ НЕ ВРЕДИ НИШТО, и ваму и таму РЕТАРДИ завршуваат. Јас лично имам соработувано со НЕПИСМЕЊАЦИ што се генерација на Чалето мое. И за крај колешке морам да ти го спомнам ова што му го спомнав на МАНГАТА.
Да можеше јас и ти некако да се ставиме на мегдан ке ти покажев колку си компетентен за твојата катедра (во случајов колку сте вие компетентна да се смеете на мене).
Драг будучи колега извини малце хејтав но бев револтиран, али сега сум целосно твој.
Тоа ти колку добар архитект ке бидеш, се зависи од тебе. Прво мора да имаш потенцијал зошто секој неможе да биде архитект и благо те советувам без разлика на кој факултет решиш да отидеш да ги земеш приемните на Државниот лично за себе да си го видиш потенцијалот, или оди до Менса или Војска таму имаш исто такви((
цитат од колешка која паѓа предмет: Леле бе, па како можеше ја колку го сакам предметов, колку имам вложено ова не е можно) е можно едноставно не си за ТОА(само љубов и работа неможе, мора доза талент, али и само талент неможе, зошто без влог и барем малце љубов си само пропаднат/неостварен потенцијал ).
Сега стигнуваме до знаење, кадар н шјеат. Каде да започнам за кадар (за ова прашање можам да зборам само за УКИМ и УАКС). Јас во моите патешествиа сретнав и на двата факултета Зверови и Неписмењаци. Така да тоа да не ти биде некој фактор посебно кога знаеш дека ако ти толку сакаш да слушнеш некој како предава можеш комотно да посетиш предавање и ваму и таму (али веке го имаш моето мислење за шиткање информации во ова време каде можам да слушам и предавања од Massachusetts institute of technology). За асистентите важи истото Зверови и Неписмењаци. За излагање во пресрет и комуникација студент - асистент, професор, не сум баш баш компетентен бидејќи освен што и кога се предава и некоја шала, не сум комуницирал ептен за тие работи, али од други колеги што слушам и ваму и таму има измешани чуства, така да најверојатно и тоа зависи индивидуално. И ваму и таму имаш за цртање едноставно нема бегање од тоа. Единствената добра работа што ја има и ваму и таму е и како една позитивна работа од одењето на факултет осим дипломата што ке ја добиеш тоа што си во таква професионална околина( тоа си носи со себе свои бенефиции да не навлагам ептен во тоа). Така да од интелектуалната придобивка во смислот теорија и регуларни вежби ке ги добиеш на двата факултета во слична мера (али вистинското знаење сам ке си го бараш што од факс, што од нет, што од твои лични набљудувања и декукции и т.н. и треба да гледаш други работи според мене, работи како вонфакултетски залагања, работилници, капацитети, кеш, Да почнам од капацитети. Мора да признаам објектот на УКИМ е по мера за студии по архитектура додека зградичено на УАКС е ФЕЈЛ, а има и КАТАЉАРДА ПАТИ подобра локација (пример ваму имаш милјон кафичи и други опции да утепаш време ако имаш дупка меѓу предавања или вежби, а оваму имаш само едно кафе кое држи монопол и ти шитка нескафе во голема хартиена шолја со пола лажиче кафе за 60 денари. Работилници гледам нешто се уходаа заедно некој да ги тераат али со оглед на тоа што УАКС е нов и е веке на ниво ако не и понапред од УКИМ кој е више него 50тина години на сцена, +че добива УАКС. Организирање настани, изложби, предавања, почесни гости (ФАКИНГ СИН МУ НА ТАНГА го донесе едно наше албанче преку УАКС). Во овој смисол УАКС далеку ги јаде(пак со оглед на тоа колку се млади према УКИМ)!!! Па имаа и некое побратимување со факултетот во Анкара, Истанбул па трансфери интернационални работилници. Нешто што исто така благо што ме изненади на УАКС 3та година Македонија кај МОФО Кокан Грчев практична настава снимање проекти за заштита во завод за споменици ЛАЈК ептен! За шибање надвор малце давам предност на УАКС, али ја имам добро индиректно искуство преку 2 другарчиња што сега сеа во БАухаус и доста им помогна еден асистент од Државниот кој ги виде компетентни момчиња и што да не. Цената
Е КАДЕ КАДЕ подобра на државен посебно бидејќи си петкаш ако си бодуваш високо си влагаш со 300 евриња те боли цев, во најлош случај се гагаат се генијалци (малце парадоксално) и ке дадеш 800ки + 100че за други додатни трошкови. Приватниве се 2000ки + 100че во додатни трошкови така да од овој аспект НОУ БРЕЈНЕР!. 1200 или 1700евриња за тебе + не е мала работа. Така да од прилика ова е тоа, ако сакаш детали оди убаво распрашај се по студентски и тн. Јас лично сега ке барам магистерски студии таму каде што нема да мислат дека они се нешто
А У и ке дозволат менторски студии, прво ке прашам на државен нешто, треба со Пуљо муабет да напраам, па ваму кај што сум и накрај ваму каде знам дека може менторски на ФОН. Искрено да имаше ФОН коа јас правев трансфери ќе отидев таму токму поради тоа што не ми е мене МОРАЛНО да дремам 8 саати на факултет за на крај пак во 1на недела да смачкам се. Искрено јас можеби не отапев на факултетиве али дефинитивно се чуствувам како да стагнирав во професионалниот развој, посебно кога работи како техничка и интелектуална поткованост 90% ми е од страни извори т.е. НЕФАКУЛТЕТ. Така да толку од мене те оставам со реченицава.
Се од тебе зависи, твојот потенцијал и желба да бидеш архитект. Башка голем си ти си знаеш 
. Овер енд аут