Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Исус и Иса се исто.
Алах и Господ е исто име за Бог.

Точно зошто те заболе, самото име ,,христијанска,, црква, може да значи и дека има мн различни верувања од твоите, иако нели ,,се водите,, по ,,иста,, религија. Да не зборуваме ако е Јеховин сведок, на пример.

Добро, ако ве мрзи да учите историја, не значи дека сте во право. Мислам стварно.
Иса во куранот не е Исус во бибилијата.......
Ислам и Христијанство се 2 различни религии...........католицизам и православије се двете дел од христијанството.Тоа е огромна разлика,за мене непремостлива......
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Иначе, Палестинец, пошто ти очигледно имаш мешан брак, дај еве раскажи ни, какви се тие страшни проблеми што секој ден ги имаш со жена ти?
 
Оф леле.
Ај вака искрено, си ја прочитал, еднаш, ама само еднаш, Библијата?
 
Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Иначе, Палестинец, пошто ти очигледно имаш мешан брак, дај еве раскажи ни, какви се тие страшни проблеми што секој ден ги имаш со жена ти?
Па она е надвор од секоја вера...
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Добро, а мажот и жената обично дома зборуваат за библии, курани??
Озбилно, родителите по дома за Иса/Исус ви зборат, или што да се зготви, што да се среди, да се купи...?
Како ќе го крстиш детето ? Мухамед или Иван ? Не е тоа разлика од Џон/Иван/Јован.........
Имињата ти се или христијански или муслимански.......ете ти прва пречка во старт.
Јас не би можел ни во најлош кошмар да замислам син да ми се вика на пр. Мухамед или ќерка Фатима.....

Машко ќе го обрежуваш или не ? Ти сакаш крштевка,он сунет и што ќе биде ? Зборам за двајца верници,не атеист да е едниот па да попушти затоа што го боли цеф што ќе биде од двете.

Јадењето и пиењето ?

Кога си со католик/православен/протестант славиш во принцип ист празник....велигден е велигден,божиќ е божиќ........ Бајрам е скроз нешто трето.

Сите празници ако се слават со било кој од фамилијата се прилично незгодна работа.
Па и мене никако не би ми било лично убаво да славам бајрам и тоа во моја фамилија.

итн......
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Колку што е атеизам - која сакаш религија, таква драстична разлика никаде нема.
Тоа да биде јасно. За мене секоја религија е измишљотина, и православие, и ислам, и што сакаш, сеедно. Исто глупост ми се.

Зошто мислиш дека им е тежок животот? Не знам, последниве што ги запознав мешани, во брак се преку 20 год, добро ми делуваа.

И да.. роднините. Тоа е посебна приказна, која не ни сакам да ја дискутирам.

Мојот партнер го бирам заради мене, заради мојата среќа, а не заради моите родители. Тие, какви такви, си се нашле еден со друг веќе. И ако имаат нормален аргумент (како што наведов предходно) може и ќе разберам, ама ќерко, тој не верува исто како тебе, е нај нај најглуп можен.

И ајде кажи ми како мене ќе ми биде тежок животот со христијан? Тој ќе си верува, ќе си оди по цркви ако треба, обреди, јас нема. Јас никогаш нема да имам ниту куќна слава, ниту Божиќ ќе славам (можам да присуствувам како гостин), ниту во црква ќе се мажам, ниту деца ќе крштевам.
Како јас ќе имам проблем што дечкото/мажот си верува?

И како тој ќе има проблем јас што не верувам?

Да ми беше мене стало до тоа што моите или неговите мислат, одамна ќе раскиневме.
Јас не кријам од никого дека сум атеист, и на никого од нашите фамилии тоа не му е драго, но сепак, тоа не е мој проблем.

Сеуште не видов како јас и тој ќе имаме проблеми..
--- надополнето: 24 март 2013 во 03:35 ---

Добро, а мажот и жената обично дома зборуваат за библии, курани??
Озбилно, родителите по дома за Иса/Исус ви зборат, или што да се зготви, што да се среди, да се купи...?
Еве кај лежи уште еден,а може и најголемиот проблем.За дечко ти незнам,ама мене ми е желба да се венчам во црква,ако еден ден имам деца сакам да ги воспитувам како што мене ме воспитале,да ги крстам,да ги носам во црква,да си празнувам празници со нив.Па после кога ќе пораснат,ако самите решат да не веруваат,нивна ствар.Затоа кога ќе решам да се женам ќе си ги расчистам тие работи на време со партнерката,за да не настануваат проблеми кога ќе биде веќе доцна за да се решат на безболен начин.
 
А не мислиш дека е подобро да не ги труеш со религии, и да оставиш да одлучат дали сакаат да веруваат кога ќе бидат доволно возрасни да знаат дека човекот не настанал од кал?
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
А не мислиш дека е подобро да не ги труеш со религии, и да оставиш да одлучат дали сакаат да веруваат кога ќе бидат доволно возрасни да знаат дека човекот не настанал од кал?
Ова е последен пат да ти реплицирам на темава,ако за тебе религијата е труење мене ме исполнува и ме прави среќен.Толку од муабетот.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Како ќе го крстиш детето ? Мухамед или Иван ? Не е тоа разлика од Џон/Иван/Јован.........
Имињата ти се или христијански или муслимански.......ете ти прва пречка во старт.
Јас не би можел ни во најлош кошмар да замислам син да ми се вика на пр. Мухамед или ќерка Фатима.....

Машко ќе го обрежуваш или не ? Ти сакаш крштевка,он сунет и што ќе биде ? Зборам за двајца верници,не атеист да е едниот па да попушти затоа што го боли цеф што ќе биде од двете.

Јадењето и пиењето ?

Кога си со католик/православен/протестант славиш во принцип ист празник....велигден е велигден,божиќ е божиќ........ Бајрам е скроз нешто трето.

Сите празници ако се слават со било кој од фамилијата се прилично незгодна работа.
Па и мене никако не би ми било лично убаво да славам бајрам и тоа во моја фамилија.

итн......
Извини, ама името на детето е најмалце битно... као, слушај ти, дечко, јас те сакам и ќе те сакам цел живот, ама не можам да бидам со тебе заради името на детето.....
Еве бе, Адријан ќе го крстам. Ни Иван, ни Мухамед.

Имињата не мораат да бидат верски. Апсолутно не мораат. Ако сакам ќерката Џесика ќе ја крстам.
А синот Рајан.

Како што кажав, ниту ќе крштевам, ниту ќе обрежувам деца, ниту на причести ќе ги носам. Нема да ги трујам со глупости од мали. Може слободно да си го сецне пенисот на 18, ако смета дека така треба. Или да се крсти. До 18, нема такви егзибиции.

Ако се двајцата верници, детето може да се крсти и да се обреже, иако СЕКОГАШ сум против обрежувањето. Тоа го осакатува за цел живот, додека мојата крштеница има помала намена него ролнана тоалетна. Толку последици имам од крштевката.
Не постои закон дека детето мора да има ексклузивно една религија. Исто ќе биде ако се ожениш со католик, каде ќе го крстиш детето? Во православна или во католичка црква?
Не се толку исти обредите и традициите колку што ти замислуваш.

Шо јадењето и пиењето? Јас не јадам ништо што јаде 90 посто во Македонија. Како вегетеријанец, сигурно партнерот ќе јаде се што и јас - зеленчук и овошје, додека ако јаде воопшто месо, ќе си бира сам.

И пак грешиш, празниците за секој вид на христијанство се различни, има различни обреди, различно е се. Името е исто, но не и ,,адетот,,.
Прво и основно... во каква црква ќе се венчаш? Православна, католичка, адвентистичка...?

И не, лошо е само она што лошо ќе го сфатиш. Јас не сум на никаков начин религиозна, па еве правам чест и одам на Божиќ, и гледаш, жива здрава сум. И тоа замисли страшно, во моја фамилија Божиќ слават :(
Само јас кутра атеист, не знаеш колку сум трауматизирана.
--- надополнето: 24 март 2013 во 03:52 ---
Ова е последен пат да ти реплицирам на темава,ако за тебе религијата е труење мене ме исполнува и ме прави среќен.Толку од муабетот.
Епа не ме цитирај, никој не те тера.
Тебе те исполнува и те прави среќен.
Може детето го унаказува, онака, да верува во погрешни и неточни информации...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Пума,во својата немоќност да ги аргументираш своите тврдења,почна да ги навредуваш верниците.

Ти можеш да бидеш атеист колку сакаш но си воспитувана во христијански дух бидејки родителите ти се верници.Толку од тоа дека религијата е скроз неважна.Истото важи за муслиман кој после 20 год.ќе се сети дека атеист.
Или како не е важно името,па името е нешто што те обележува.
Знаеш ли дека и православни и католици можат да се венчаат или да им се држи опело и во католичка и во православна црква?
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Не постои закон дека детето мора да има ексклузивно една религија. Исто ќе биде ако се ожениш со католик, каде ќе го крстиш детето? Во православна или во католичка црква?
Не се толку исти обредите и традициите колку што ти замислуваш.

Шо јадењето и пиењето? Јас не јадам ништо што јаде 90 посто во Македонија. Како вегетеријанец, сигурно партнерот ќе јаде се што и јас - зеленчук и овошје, додека ако јаде воопшто месо, ќе си бира сам.

И пак грешиш, празниците за секој вид на христијанство се различни, има различни обреди, различно е се. Името е исто, но не и ,,адетот,,.
Прво и основно... во каква црква ќе се венчаш? Православна, католичка, адвентистичка...?
...
Имато е многу битно,тоа е дел од тебе,те прати цел живот,а често кажува за тебе од каде си и кој си.......Иначе и Рајан и Џесика,а поготово Адријан (еве на,ако не си мислела на Гаџа кога ги пиша ова:ROFLMAO: ) ти се христијански имиња.Иди земи се со муслиман,имаш огромен број на арапски имиња на избор.....

Обредите се многу послични него што ти мислиш,посебно го знам тоа затоа што сум од таков брак католик/православна. Сеедно ми е детето каде ќе ми биде крстено.......најбитната ствар ја забораваш ќе биде крстено....тоа е таа сличност што ти ја зборам.Во основа иста работа е, и двете цркви се дел од христијанството.

Немој да мислиш дека има толкава разлика, венчавка во црква е исто срање и вамо и тамо,крштевката го има истото значење и цел и кај едните и кај другите.Велигден е тој,само со календарот често се на различни денови......и тоа е минорна разлика,во основа велигден си е велигден....Исус воскресна.Божиќ е истиот - Исус се роди. И двете се прекрстуваат и голем к ако едните користат цела рака,другите 3 прста, затоа што побогу и двете се христијански цркви. Глобално гледано истото е се,само некои помали разлики во обичаите може да има.
Не е тоа тотално трета религија како што во овој случај би била исламот.

Не го гледај тоа од гледна точка на атеист и вегетаријанец.......повеќето не се ниту едно ниту друго.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Кога сме кај имињата,во брак помеѓу муслиман и христијанка децата секогаш имаат муслиманско име!
Никогаш муслиман нема да стави на своја ќерка име Марија!
Тоа треба да го знаат денешниве деца,кога романтичарски гледаат на мешано религиски бракови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom