Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
1. Ма немој, нели муабетот е да не се мешаат националности и религии?
2. Македонецот и Србинот лично може да не го чувствуваат раздорот, но таков постои и СПЦ и прави голема штета на МПЦ.
3. И да, ако не знаеш, провери колку католицизмот и православието се сакаат. Не се разделија од љубов.
Ама прогуглај, ќе сфатиш.
Душо,муабетот е дека едно е брак со друга националност,а сосема друго со различна религија.
Тоа што го прави СПЦ воопшто не влијаеше на верниците во МК да се поколебаат во својата Црква.Значи игрите на СПЦ не вредат ништо.
Не ми треба да гуглам,кај мене совршено функционира,славиме христијански Велигден и Божиќ и многу други празници кои се исти.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817

Добро, тоа е плиткоста за која зборувам, сам си се потврди.

Мање више, грешиш за последното. Православието и католицизмот не се во добри односи откако постанале различни (да различни) религии.
 
Жал ми е ако не ја согледуваш разликата за која зборувам.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Не мешајте црква и религија.Чичко ми е женет за хрватица,апсолутно нема никаков проблем,си слават два пати Божиќ,два пати Велигден,се кладам дека појма немаат зашто настанал расколот во христијанството а зашто и би им било гајле.Исто тетка моја е мажена за србин,и сеа не треба да бидат заедно ради проблемот со црквата?А христијани(православни,католици,протестанти) со муслимани,евреи,е тука е веќе проблематична работата.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

И упорно тоа го повторувате ... католици и православни. Па како може некој православен христијанин да празнува католички Велигден на пример? Зарем со тоа не ги крши сите правила на велигденските пости, сопственото велигденско празнување и својата вера воопшто. Немојте да говорите за такви луѓе дека се верници. Вистински верник никогаш нема да признае постоење на друга вера освен својата. Со тоа, за луѓето за кои давате примери кажувате дека не се верници, а со тоа и разликата во религијата (во случајов само наследена а не и вистински прифатена) за нив неможе да игра битна улога.
 
А зошто бе еве, да не слават и Бајрам и Велигден? Што ќе се случи?
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
А зошто бе еве, да не слават и Бајрам и Велигден? Што ќе се случи?
Ај те молам,ко да не си свесна каде живееш.А плус има и работи кои ти како атеист неможеш да ги сфатиш.А да,и доста веројатно е дека и во моја чест ќе се одвиваат вакви протести
 
Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Јас сум во брак со една од дпмне т.е Србо-комунистичка националност и конфесија......
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Ај те молам,ко да не си свесна каде живееш.А плус има и работи кои ти како атеист неможеш да ги сфатиш.А да,и доста веројатно е дека и во моја чест ќе се одвиваат вакви протести

И, што демек, по вера си ја бираш ти девојката?
На пример, не сите муслимани во Македонија се Албанци.
Имаш и Македонци муслимани, и Торбеши, итн.

Е сега, на пример, јас како атеист очигледно имам различни убедувања од дечко ми, кој е православен.
Се додека не ми се меша во моите избори, не се мешам ниту јас во неговите. И ич тоа не ни е проблем. Исто би било и со муслиман, будист, итн..

И да, не е едно ,,мешано,, семејство во Македонија. Ништо страшно. Се е до тоа како ги перцепираш работите околу себе.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
И, што демек, по вера си ја бираш ти девојката?
На пример, не сите муслимани во Македонија се Албанци.
Имаш и Македонци муслимани, и Торбеши, итн.

Е сега, на пример, јас како атеист очигледно имам различни убедувања од дечко ми, кој е православен.
Се додека не ми се меша во моите избори, не се мешам ниту јас во неговите. И ич тоа не ни е проблем. Исто би било и со муслиман, будист, итн..

И да, не е едно ,,мешано,, семејство во Македонија. Ништо страшно. Се е до тоа како ги перцепираш работите околу себе.
Не можеш да споредиш врска православен-католик,христијанин-атеист со контрастни религии како христијанство-ислам.Да има мешани али се премногу ретки за да ги земаш за пример,а и колку им е тежок животот самите си знаат.Другар на татко ми се зема со турчинка,стариот негов до ден денес неќе очи да му види,90% од тие мешани бракови завршуваат со проблеми од овој тип,некои и полошо.Сум имал девојка,македонка муслиманка,на моите,а поготово на нејзините ни оддалеку не им беше мило али ај,детска работа длабоко во себе се надеваа дека ќе помине што и се деси.А не пак да беше албанка,у најдобар случај на ургентно ќе завршев.
 
Член од
18 февруари 2013
Мислења
108
Поени од реакции
146
Вистинската љубов не познава граници, кој што сака нека каже. А кој сакал вистински, знае дека ќе помине преку сите препреки. Сите сме луѓе, а љубовта не познава ни нација ни вера, ниту пак раса. Едноставно се случува, а ако навистина љубиме ќе се бориме со сите сили да опстане без разлика што мислат другите
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
И упорно тоа го повторувате ... католици и православни. Па како може некој православен христијанин да празнува католички Велигден на пример? Зарем со тоа не ги крши сите правила на велигденските пости, сопственото велигденско празнување и својата вера воопшто. Немојте да говорите за такви луѓе дека се верници. Вистински верник никогаш нема да признае постоење на друга вера освен својата. Со тоа, за луѓето за кои давате примери кажувате дека не се верници, а со тоа и разликата во религијата (во случајов само наследена а не и вистински прифатена) за нив неможе да игра битна улога.
Црква не е религија......
Исус е Исус и вамо и тамо......
Божиќ,Велигден тоа е тоа......дури ако МПЦ го прифати грегоријанскиот календар нема ни да се гледа разлика меѓу тие 2 празника.
Тој што е Господ е истиот и кај едните и кај другите.......
Ме заболе мене од која црква е....дали православна,католичка,евангелистичка,методистичка,баптистичка итн итн......
--- надополнето: 24 март 2013 во 03:21 ---
Мање више, грешиш за последното. Православието и католицизмот не се во добри односи откако постанале различни (да различни) религии.
Православието и католицизмот се во 20213897239085729857294387594835720394820398208957293847203948209357298357293857 пати подобри меѓусебни односи него што се и двете со простестантите ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Црква не е религија......
Исус е Исус и вамо и тамо......
Божиќ,Велигден тоа е тоа......дури ако МПЦ го прифати грегоријанскиот календар нема ни да се гледа разлика меѓу тие 2 празника.
Тој што е Господ е истиот и кај едните и кај другите.......
Ме заболе мене од која црква е....дали православна,католичка,евангелистичка,методистичка,баптистичка итн итн......
--- надополнето: 24 март 2013 во 03:21 ---

Православието и католицизмот се во 20213897239085729857294387594835720394820398208957293847203948209357298357293857 пати подобри меѓусебни односи него што се и двете со простестантите ;)

Исус и Иса се исто.
Алах и Господ е исто име за Бог.

Точно зошто те заболе, самото име ,,христијанска,, црква, може да значи и дека има мн различни верувања од твоите, иако нели ,,се водите,, по ,,иста,, религија. Да не зборуваме ако е Јеховин сведок, на пример.

Добро, ако ве мрзи да учите историја, не значи дека сте во право. Мислам стварно.
 
Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Исус и Иса се исто ама Иса е пророк...не е бог во Куранот...Бог или Алах нема има.......тоа е голема разлика.....ама тоа не е пречка за брак...јас кога ја трпам оваа мојава србо комунистка....се другото е полесно.............
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.817
Не можеш да споредиш врска православен-католик,христијанин-атеист со контрастни религии како христијанство-ислам.Да има мешани али се премногу ретки за да ги земаш за пример,а и колку им е тежок животот самите си знаат.Другар на татко ми се зема со турчинка,стариот негов до ден денес неќе очи да му види,90% од тие мешани бракови завршуваат со проблеми од овој тип,некои и полошо.Сум имал девојка,македонка муслиманка,на моите,а поготово на нејзините ни оддалеку не им беше мило али ај,детска работа длабоко во себе се надеваа дека ќе помине што и се деси.А не пак да беше албанка,у најдобар случај на ургентно ќе завршев.
Колку што е атеизам - која сакаш религија, таква драстична разлика никаде нема.
Тоа да биде јасно. За мене секоја религија е измишљотина, и православие, и ислам, и што сакаш, сеедно. Исто глупост ми се.

Зошто мислиш дека им е тежок животот? Не знам, последниве што ги запознав мешани, во брак се преку 20 год, добро ми делуваа.

И да.. роднините. Тоа е посебна приказна, која не ни сакам да ја дискутирам.

Мојот партнер го бирам заради мене, заради мојата среќа, а не заради моите родители. Тие, какви такви, си се нашле еден со друг веќе. И ако имаат нормален аргумент (како што наведов предходно) може и ќе разберам, ама ќерко, тој не верува исто како тебе, е нај нај најглуп можен.

И ајде кажи ми како мене ќе ми биде тежок животот со христијан? Тој ќе си верува, ќе си оди по цркви ако треба, обреди, јас нема. Јас никогаш нема да имам ниту куќна слава, ниту Божиќ ќе славам (можам да присуствувам како гостин), ниту во црква ќе се мажам, ниту деца ќе крштевам.
Како јас ќе имам проблем што дечкото/мажот си верува?

И како тој ќе има проблем јас што не верувам?

Да ми беше мене стало до тоа што моите или неговите мислат, одамна ќе раскиневме.
Јас не кријам од никого дека сум атеист, и на никого од нашите фамилии тоа не му е драго, но сепак, тоа не е мој проблем.

Сеуште не видов како јас и тој ќе имаме проблеми..
--- надополнето: 24 март 2013 во 03:35 ---
Исус и Иса се исто ама Иса е пророк...не е бог во Куранот...Бог или Алах нема има.......тоа е голема разлика.....ама тоа не е пречка за брак...јас кога ја трпам оваа мојава србо комунистка....се другото е полесно.............
Добро, а мажот и жената обично дома зборуваат за библии, курани??
Озбилно, родителите по дома за Иса/Исус ви зборат, или што да се зготви, што да се среди, да се купи...?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom