Не можеш да споредиш врска православен-католик,христијанин-атеист со контрастни религии како христијанство-ислам.Да има мешани али се премногу ретки за да ги земаш за пример,а и колку им е тежок животот самите си знаат.Другар на татко ми се зема со турчинка,стариот негов до ден денес неќе очи да му види,90% од тие мешани бракови завршуваат со проблеми од овој тип,некои и полошо.Сум имал девојка,македонка муслиманка,на моите,а поготово на нејзините ни оддалеку не им беше мило али ај,детска работа длабоко во себе се надеваа дека ќе помине што и се деси.А не пак да беше албанка,у најдобар случај на ургентно ќе завршев.
Колку што е атеизам - која сакаш религија, таква драстична разлика никаде нема.
Тоа да биде јасно. За мене секоја религија е измишљотина, и православие, и ислам, и што сакаш, сеедно. Исто глупост ми се.
Зошто мислиш дека им е тежок животот? Не знам, последниве што ги запознав мешани, во брак се преку 20 год, добро ми делуваа.
И да.. роднините. Тоа е посебна приказна, која не ни сакам да ја дискутирам.
Мојот партнер го бирам заради мене, заради мојата среќа, а не заради моите родители. Тие, какви такви, си се нашле еден со друг веќе. И ако имаат нормален аргумент (како што наведов предходно) може и ќе разберам, ама ќерко, тој не верува исто како тебе, е нај нај најглуп можен.
И ајде кажи ми како мене ќе ми биде тежок животот со христијан? Тој ќе си верува, ќе си оди по цркви ако треба, обреди, јас нема. Јас никогаш нема да имам ниту куќна слава, ниту Божиќ ќе славам (можам да присуствувам како гостин), ниту во црква ќе се мажам, ниту деца ќе крштевам.
Како јас ќе имам проблем што дечкото/мажот си верува?
И како тој ќе има проблем јас што не верувам?
Да ми беше мене стало до тоа што моите или неговите мислат, одамна ќе раскиневме.
Јас не кријам од никого дека сум атеист, и на никого од нашите фамилии тоа не му е драго, но сепак, тоа не е мој проблем.
Сеуште не видов како јас и тој ќе имаме проблеми..
--- надополнето: 24 март 2013 во 03:35 ---
Исус и Иса се исто ама Иса е пророк...не е бог во Куранот...Бог или Алах нема има.......тоа е голема разлика.....ама тоа не е пречка за брак...јас кога ја трпам оваа мојава србо комунистка....се другото е полесно.............
Добро, а мажот и жената обично дома зборуваат за библии, курани??
Озбилно, родителите по дома за Иса/Исус ви зборат, или што да се зготви, што да се среди, да се купи...?