Подкровје - совети

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Гледам сите сељани и ѓупци направија подкровја - уше јас останав.
Се мислам можеби годинава да подигнам подкровје на куќата, се нашло нешто кеш па може таму да го затворам.
Би ми било добредојдено совети не за внатрешно уредување туку за изолација, покривање (лим, шиндра, ќерамида... зидање... на шо да се внимава .... дали на 4 води или со калкани и 2 води шо е плус шо минус при некои избори.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
278
Поени од реакции
221
Јас минатава година го средував подкровјето па би можел да ти помогнам околу тоа. Најпрво да обрниш внимание на изолација затоашто подкровјето е изложено најмногу на топло и ладно. За кровот би ти препорачал да биде на 4води со ќерамида таа е најдобар изолатор од понудените покривки. Потоа колку што ти дозволува просторот и финансиите изолирање со стиропор, тервол и хидроизолација(не пропушта вода од надвор внатре, а пареата од внатре ја вади надвор, се мести помеѓу ќерамидите и летвите). Следно плафонот строго со кнауф и обична кнауфна изолација од 5см. Би ти препорачал кнауфот да ти биде со абрип а никако глетовано затоашто за 1месец ќе ти испука цел таван.
Пример мене ми препорачуваа 5см изолација а јас наместив 15см и не се каам за тоа, кај мене е 5см тервол 5см стиропор и 5см изолација на кнауфот и тоа е некако тервол. Во лето нормално е потопло но не е пеколно(клима и решен проблем), а зимава за прва година на подкровје поради изолацијата од сите можни страни поминав феноменално.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
со ова СЕ' ти е кажано, нема поарно!!! нормално скапичко е, ама ти си праша ;)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мислам дека е подобро решение сендвич лим од ќерамида и шиндра. Помина саемот за градежништво пред две седмици инаку можеше да си видиш различни решенија и начекаш попуст.
Еден мој пријател токму од Битола зеде сендвич лим по убава цена лани за време на саемот.
Јас не се согласувам да биде кровот на четири води, туку на две води од причина што имаш поголем простор во висина од две страни и ти е поефтино решение. (помалку граѓа, работна рака, разлика во цена помеѓу калкан и јолук, окапници).
Недостаток е што ќе биде помалку изолиран, но тоа можеш да го решиш со тоа што ќе му ставиш поголема изолација на тие sидови. (Би ти препорачал Исоспан цигли, демит фасада или пак внатрешна кнауф конструкција со тервол)

Би ти советувал да постелиш, парапропусна хартија и екстра изолација на конструкцијата пред мајсторите да ги стават гипс таблите (претпоставувам дека го планираш така).
Не е некоја голема инвестиција, а ќе биде во голема корист за сметките понатаму.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Јас минатава година го средував подкровјето па би можел да ти помогнам околу тоа. Најпрво да обрниш внимание на изолација затоашто подкровјето е изложено најмногу на топло и ладно. За кровот би ти препорачал да биде на 4води со ќерамида таа е најдобар изолатор од понудените покривки. Потоа колку што ти дозволува просторот и финансиите изолирање со стиропор, тервол и хидроизолација(не пропушта вода од надвор внатре, а пареата од внатре ја вади надвор, се мести помеѓу ќерамидите и летвите). Следно плафонот строго со кнауф и обична кнауфна изолација од 5см. Би ти препорачал кнауфот да ти биде со абрип а никако глетовано затоашто за 1месец ќе ти испука цел таван.
Пример мене ми препорачуваа 5см изолација а јас наместив 15см и не се каам за тоа, кај мене е 5см тервол 5см стиропор и 5см изолација на кнауфот и тоа е некако тервол. Во лето нормално е потопло но не е пеколно(клима и решен проблем), а зимава за прва година на подкровје поради изолацијата од сите можни страни поминав феноменално.
Отприлика како ти дојде цена за карабина ? и дали ставаше и плоча или веќе имаше?
 
S

StormRage

Гостин
да го надополнам KiLian, ако сакаш и звучна изолација моеш дупли кнауф табли да преклопиш на таванот :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Татко ми и братми работат со кнауф едно 15 години... поглупа работа од да напрајш поткројве на 4 води, е да го покриеш со ќерамиди.

Со правење на покрив на 4 води (пирамида) не се добива ништо поконкретно, 50% од просторот ќе ти остани во триаголници и ќошиња. Затоа во последно сите поркиви ги прават на 2 води, така се добива на простор значително.

1. Ќерамидите се многу потешки од лим
2. Кога ќе се нажежат на лето, многу потешко се ладат
3. на дожд тежината им се зголемува и до 3 пати
4. и најмал удар е доволен за да се скрши

да го надополнам KiLian, ако сакаш и звучна изолација моеш дупли кнауф табли да преклопиш на таванот :)
Можиш, исто како шо можиш и 5 реда кнауф да наредиш. Прашање е шо ќе добиеш со то, и дали при наредниот земјотрес појак од 4 степени целиот таван ќе ти се урни над глава.

Сума сумарум, Лет3, мене ако ме прашаш, јас би ти рекол да најдиш некој архитект. Ќе ти скоцка проектче, ќе ги го реши просторот многу подобро отколку да го прајш сам на своја рака, а пример за то ќе платиш некој 200-300 евра. Еднаш се прај, напрај го како шо треба. Ако ти треба некаков совет ќе кажиш, ќе ти дам контакт од старио (можда сте тука некаде, генерација) па ќе ти објасни некој работи.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.725
Поени од реакции
9.837
Јас минатава година го средував подкровјето па би можел да ти помогнам околу тоа. Најпрво да обрниш внимание на изолација затоашто подкровјето е изложено најмногу на топло и ладно. За кровот би ти препорачал да биде на 4води со ќерамида таа е најдобар изолатор од понудените покривки. Потоа колку што ти дозволува просторот и финансиите изолирање со стиропор, тервол и хидроизолација(не пропушта вода од надвор внатре, а пареата од внатре ја вади надвор, се мести помеѓу ќерамидите и летвите). Следно плафонот строго со кнауф и обична кнауфна изолација од 5см. Би ти препорачал кнауфот да ти биде со абрип а никако глетовано затоашто за 1месец ќе ти испука цел таван.
Пример мене ми препорачуваа 5см изолација а јас наместив 15см и не се каам за тоа, кај мене е 5см тервол 5см стиропор и 5см изолација на кнауфот и тоа е некако тервол. Во лето нормално е потопло но не е пеколно(клима и решен проблем), а зимава за прва година на подкровје поради изолацијата од сите можни страни поминав феноменално.
Koлку те кошташе ако не е тајна,со се мајсторска рака,тото комплет?
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Чисто информативно ме интересира само-што е тоа “води“? 4 или 2 води?
-Се мисли на тоа од колку страни да е кренато подкровјето или нешто друго е?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.725
Поени од реакции
9.837
Чисто информативно ме интересира само-што е тоа “води“? 4 или 2 води?
-Се мисли на тоа од колку страни да е кренато подкровјето или нешто друго е?
На 4 води кровот ти е како порамида...на 2 води ти е како ластовица :icon_mrgr: Свати ваљда,ме мрзи слики да барам.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Чисто информативно ме интересира само-што е тоа “води“? 4 или 2 води?
-Се мисли на тоа од колку страни да е кренато подкровјето или нешто друго е?

4 води

2 води
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
од мене совет изолација минимум 15 цм дебелина, по можност камена волна.ова ти кажувам од мое скромно искуство.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Една варијанта што би ти ја препорачал е оваа http://img14.imageshack.us/img14/3016/krovistec.jpg . Пред 3-4 години правев поткровје ама во зграда каде кровот веќе беше направен и неможев да ја изведам таа варијанта (воздух да циркулира помеѓу ќерамидите (лим и сл) и изолацијата (тервол, стиропор и сл)). Кај мене редоследот беше следен:
- Лим
- Паропропусна брана (хидроизолација)
- Даски
- Тврдо пресуван тервол
- Тврдо пресуван стиропор
- Тврдо пресуван тервол
- Паропропусна брана
- Гипс картон.
Во понискиот дел изолацијата е сендвич од 15цм а во повисоките делови 20-25 цм (препорака мин 20 цм изолација и обавезно паропропусна брана)
 
Што туку прочитав опсежен опис на еден градежен инжењер (изгледа се разбира во изолации на поткровја) и вели - стиропор да не се става, вели иако е стиропорот изолациски материјал сепак некои услови на кои е изложен ако се става во поткровје (споменува топлотна инерција и топлотен флукс) го прават неповолен за изолација на кровови и подкровја.... препорачува стаклена или камена волна.... од барем 20 см како и други совети описи и образложувања. Јас онака грубо колку разбрав битно е да има проветрување на изолацијата и покривот, паропропусна фолија, изолација (камен минерална волна, негде читав и дека изолацијата не е добро да се настега туку да има и простор од 1-2 сантими некој вид воздушна изолација) па одат ЦД носачи и ЦД профили, уште еден слој изолација (која ги покрива сега и роговите) , па непропусна брана и гипс картон.
Јас мислам да ставам керамида, лимот ми е малц сумњив, додуша ма овде во една фирма лим покривен кој има од една страна пур пена , велат добро изолира, од друга страна, некој велат дека лим е склон кон кондензации, башка ако не е добро поставен (преклопен) може да протекува па да не знаеш од каде. керамидата била поприроден материјал. Имам фора до кај јуни - јули убаво да се информирам и соберам искуства и мислења, секое е скапоцено сега за мене.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom