Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во кој дел од Мајорка ти би препорачал да се бара смештај?
Зависи што бараш како препорака, луда забава или мирен одмор на прекрасни плажи? Си има места и за тоа и за тоа.
 
ИвањушкА

some-thing
Член од
17 јули 2009
Мислења
342
Поени од реакции
526
Ако некој сака мирен одмор, ви го препорачувам Бол на Брач во Хрватска. :)
Мал рај на земјава, мирно и слатко мало градче, има преубави плажи а водата е ооооооодлична!
Ноќниот живот е мирен, сите се фино испоседнати во кафичи или ресторани а ги има многу, единствено место во кое буквално лудуваа туристи беше еден коктел бар во средина на градот, а на 15 метри од кај што бевме сместени со дечко ми, и така понекад ни сметаше галамата за спиење али то е.
Ние начекавме фестивал на анимација, со одлична програма и се изнагледавме анимирани цртани, и филмови, исто начекавме и настан каде што неколку уметници цртаа графити на еден голем ѕид покрај море... одлично музиче и атмосвера! :свиркам:
И плажата по која е познато местово, Златни Рат е преубава, опкружена со борова шума и нормално со најмногу гужва, долга е околу 550 метри, да стигнете до неа има преубав (и долг) пат или ако ве мрзи можете да си фатите вовче кое ве носи до самата плажа. :D
А да, и скапо е.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767

Бев таму минатото лето, убав остров поскапо од копно, поефтино од Хвар. Иако Златни Рат делува песочна, плажата е од ситни па и покрупни каменчиња и различна од двете страни. Едната е помирна и потопла, додека на другата има ветер. Ги обожавав плажите пред Златни Рат, беа доста помирни и почисти, немаше гужва, секако треба малку да се помачите за да фатите убаво местенце. Посебно е убава ветровитата страна, поживописно море, ама и многу нудисти. На другата страна од Бол имате уште една плажа под самиот манастир, а потоа во продолжение и уште една нудистичка. Местенцето е мирно, убаво за одмор и за прошетка до околните места. Задолжително е да се оди до Хвар, ама баш до главниот град и после да се искористи патот за фрлање од брод на некој од "паклените острови".

Ако ви треба повеќе информации обратете се што можам ќе ви помогнам. Луѓето се многу фини, а цените за смештај се ОК доколку ги најдете директно.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Зависи што бараш како препорака, луда забава или мирен одмор на прекрасни плажи? Си има места и за тоа и за тоа.
Во принцип сакам да има мешавина од двете, но приоритет ми се плажите. Нормално сеа да има каде да се прошета, да се седне на кафенце, продавнички, да не биде ептен пензионерски.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во принцип сакам да има мешавина од двете, но приоритет ми се плажите. Нормално сеа да има каде да се прошета, да се седне на кафенце, продавнички, да не биде ептен пензионерски.
Види овде и овде.
Плус @Dreamer.; ако не се лажам објаснуваше за прошло лето како било со агенции и плус од неа некој совет можеш да побараш.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Збор-два за Халкидики може некој да каже. Немам никогаш одено таму, сега гледам нешто за летово понуди, со време поефтини да се фатат. За почетокот на Јуни на Халкидики во апартман 115 евра со се превоз од Скопје. Добро е ова време таму да се оди(09-19 Јуни на пример)? Има нешто забави или како е?

линк: http://www.iguana.com.mk/ponuda/73-2012-02-10-17-14-14/595-2013-02-12-11-04-26
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Во принцип сакам да има мешавина од двете, но приоритет ми се плажите. Нормално сеа да има каде да се прошета, да се седне на кафенце, продавнички, да не биде ептен пензионерски.
Нема пензионерски на Мајорка. Има лудница од деца што не знаат што прават и има пристојно место за одмор.
Магалуф во никој случај не ти го препорачувам, бев лани и никогаш повеќе, дојдовме до степен да се плашиме за сопствениот живот од што не знаеја како да се однесуваат, од фрлање стаклени чаши и флаши од тераса, лежење комирани од пијанство по улици до кондоми по плажа итн. Претходниот пат бев во Палма Нова и тотално е друг свет, иако се блиску едно до друго местата. Лично најмногу ми се допадна главниот град, ама па таму плажите не се ништо посебно :) Исто го препорачуваат источниот дел од Мајорка, јас само на еден ден сум поминала од таму и и мене ми се свиѓаше, така да можеби таму би ти бил идеалниот избор.
 
M

macgowan

Гостин
За сите заинтересирани за летово за Скиатос by car...
Пред некој ден разбрав дека конечно поефтинуваат траектите(за 30%) од Волос кон

(Скиатос/Скопелос/Алонисос). Падна монополот на компанијата која досега правеше што сака и беше причина за изгор цените(автомобил+4лица повратна до Скиатос беше 250 евра мме...а станува збор за двосатно возење). Спорадите се ФАНТАСТИЧНИ, а Волос ни е само на неколку часа возење.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.198
Поени од реакции
2.246
Planiram letovo Zrce da odam. Nekoj sto bil da mi kaze kolku pari od prilika ke mi trebaat dzeparac za tamu?

Isto ako ima nekoj da sugerira mesto za zurkanje, zabavi.. itn.. neka pishe.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Португалија бил некој? Било што да раскаже?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Planiram letovo Zrce da odam. Nekoj sto bil da mi kaze kolku pari od prilika ke mi trebaat dzeparac za tamu?

Isto ako ima nekoj da sugerira mesto za zurkanje, zabavi.. itn.. neka pishe.
Каде е ова Зрце? :confused:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Португалија бил некој? Било што да раскаже?
Немам појдено, ама еден мој пријател поживеа малку во Лисабон. Од тоа што го знам Португалија е многу добра туристичка дестинација и дефинитибно најефтина во тој дел од Европа.
Проблем може да бидат само цената на авионските билети и јазикот. Последно разбрав дека многу англиски пензионери почнале да се селат перманентно на португалското приморје, па тоа можеби е изменето.
Инаку за најдобри плажи во Португалија е регионот Algarve.
--- надополнето: 8 март 2013 во 13:43 ---
Ако некој сака мирен одмор, ви го препорачувам Бол на Брач во Хрватска. :)
Кога ќе се вратиш од патување ако си со невеста таму, можеш да кажеш дека си бил на Болно и Брачно летување. :D
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.041
Поени од реакции
24.782
Planiram letovo Zrce da odam. Nekoj sto bil da mi kaze kolku pari od prilika ke mi trebaat dzeparac za tamu?

Isto ako ima nekoj da sugerira mesto za zurkanje, zabavi.. itn.. neka pishe.
Синко, не е тоа што мислиш. Далеку од тоа дека си поминав лошо, супер беше ама не е тоа што ги прикажуваат дека е.

Цените се соленки грубо удри х2 од Скопје. Ќе се сместиш во Новаља, убаво гратче на околу 10-15 километри од Зрче. Рачунај дека Зрче ти е како Градиште само без кампингот, значи заливска плажа од камења и 3 клуба Калипсо, Папаја и Калипсо. Има добра и дневна шема и ноќна но само тие три клуба се. Ќе ти кажам една стара хрватска поговорка одамнина што ми ја кажаа мештаните-На Зрчу нитко до сад није јебо. Пиво во клуб (Бекс, Туборг, Хајнекен) околу 3.5-4 јурци.
Дневна шема почнува некаде околу 2-3 и трае до некаде 6-7. После тоа сите си одат од Зрче одат во Новаља, јадење пиење и некаде 10 се пак на Зрче. Ако идеш ради клабинг ќе треба секој ден да го тепаш тој пат. Ако не си со кола ќе се надаваш пари за такси, има и автобуси ама ќе мора да темпираш време а ако си со кола ќе треба да си искешираш 150 јурци и 5 дена возачка оти сите сакате да пиете а еден да вози плус 2 пати паркинг оти на Зрче паркинг се плаќа еднаш дневна шема друг пат вечерна.
За смештај ќе си плукнеш минимум 2о јурци од ден по човек, Новаља не е ефтина.

Ако се решиш да идеш треба да ги знаеш следниве работи
-Во ек на сезона на нерезервирано не се коцкај, не биди партизан да не спиеш надвор
-Избегавај да одиш во август оти тогаш на италијаните им е аугусто феро и сите италјани се таму а поголеми ѓупци од нив нема. Ги манијчат жените како идиоти и кварат цела атмосфера. После 300 такви џабе ти и идеш нормално кога и е веќе преку кур. Италијаните ти се класична циганштаана.
-Во Новаља да јадеш пица во Моби Дик. Ја печат на дрва и тоа е втората најубава пица што сум ја јадел во животот. (Број еден е пицерија Ностос во Платамона).
-Еднаш да отидете до градот Паг, односно грубо кажано главниот град на островот. Има што да се види, старо место е, проширете видици не е само пиво да љокате и цицки да гледате.
-Ако ти се бркаат жени ударај на Словенки и северно од тоа. Хрватиците се углавно уфилмани, северот е полабав.
-Ако ти држи гзот рипај банџи од кранот на Зрче. АМА да знаеш, прво потпишуваш дека они не одговараат за ништо. Второ имаш пад од висина 40 метра. Ама чувството не се споредува со ништо, нити со секс а не па со цигара. Ќе го памтиш тоа искуство цел живот. Задоволството е некаде 60 јурци.
-За 10 дена сосе превоз, мевоз, смештај планирај си едно минимум 7 банки иако јас без 8 и пол не би тргнал.
-Спремај се за разочарување. Многу е понапумпано, не дека не е јако ама не баш така како што изгледа. На сите тие кадри од јутуб се снимани само хајлајтците, па и досадна утакмицата ако е, ако ги гледаш само хајлајтците ќе кажеш којзнае што утакмица си пропуштил.

Тоа лето 2008-ма не знаевме до последен ден каде ќе одиме. Се мислевме или на Паг или на Кавос. Арно ама америте тазе не имаа признаено или така нешто и грците кршеа наши коли, гребеа, правеа тепачки. Станавме сабајлето и баш како на филм седнавме, товарена колата-И сега каде? А другар ми тазе купена дали 2 месеца колата, чичка нова од салон. Го фати страв, ај да не ме ебаваат и буквално во самата кола одлучивме за Зрче. Три години касније во две тисучи и једајста ете ме мене да го исправам историскиот пишманлук на траектот за Крф. Пет букви ќе ти кажам-КАВОС. Плажа катастрофа, најблиску друго место у пичку матер, ама затоа од 10 до 6 сабајле се превртуваш на глава едно 15-16 пати. Ако ти е за екстремен клабинг каде што ќе ебеш и ќе бидеш натепан и пак ќе ебеш и тоа се во една вечер Кавос ис д плејс ту би. Локали милион (едно 40 сигурно), музика трешти, на нозе море на раце се сите, асфалтот лепи од алкохол и повраќано. Ако сакаш да се скренеш квалитетно и за сите пари-Кавос. Тоа енглезите се тотално сјебани у тоа мозокот, скроз на чисто. Ќе се изнагледаш работи што не би ти текнале ни во најлудо пијанство. Сине, марк мај ворд. КАВОС. Или ќе се вратиш со раката во гипс и ќе ме пцуеш, или ќе ме благословуваш. Ама во секој случај ќе имаш лајфтајм експириенс.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom