Рецепти за домашни сокови

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Не видов баш ваква тема која се однесува на домашни сокови посебно со рецепти па ако има некој проблемчич слободно избришетеја и сл. :)

Постирајте на темава рецепти кои вие дома ги правите и ако имате време напишете некој рецепт за домашен сок тука :icon_mrgr:

Еве јас ќе постирам нешто што најдов на нет бидејќи најискрено дома не правиме домашни сокови и сл. :confused: а и врска немам да правам но во идно време се решив самиот да направам и да пробам :icon_mrgr: па ќе пробам и ќе пишам тука што испаднало :icon_mrgr: Инаку имам цела книга на српски јазик за рецепти за домашен сок кој сака можам да ја пратам нека ми прати e-mail по ПП и нека си прочита и нека си прави :icon_mrgr:

Еве што најдов нешто на нет ... :D

Домашен сок од сливи џанки

P090712_12.05-2379.jpg

Лесно
4 лица
2 часа – 3 часа

Состојки
  • 20кг сливи џанки
  • 1-3 кг шеќер
Количината на сливи џанки зависи од вас. Шеќерот е пишан со толку голем распон бидејки лани на 10 кг сливи само 1 кг шеќер ставивме. Годинава од прилика исто толку испадна. Се додава шеќер по вкус и во зависност од тоа колку се благи самите сливи. Не се секирајте, не можете да згрешите. Кога ќе се раствара со водичка пред пиење, ако не сте ставиле доволно шеќер, ќе ставите повеќе сок, помалку вода.
Ајде краток опис.

Во големо тенџере на оган се варат сливите додека не се пред распаѓање. Се варат само измиени, не се чистат од семките. Побрзо ќе бидат готови ако ги правите на ќумбе како ајвар.
Од како ќе се сварат, се зема еден поголем сад за цедење на сокото од сварените сливи (може и кофа). Над садот се ставаат пресата на сликата (ја има на бит пазар), се сипаат варенита сливи, се гмечат и сокот истекува низ дупчињата, а семките остануваат во пресата.
Кога ќе се заврши со целата доза, процедениот сок се враќа во големото тенџере на огин и повторно се вари. При второто варење се додава прво 1 кг шеќер и убаво се размешува да се растопи. Се зашеќерува по вкус. Зависи од благоста на сливите.
Не се додава ни лимонтус, нику каков било друг конзерванс.
Во вака процеден сок остануваат мали парталчиња, нам не ни сметаат, напротив ги сакаме. Но ако вам ви сметат пред да го сипете сокото во големото тенџере пак да се вари, процедете го.

Е сега, следи СУПЕРСКА ФИНТИЦА.

Нам ни ја кажаа лани, ја пробавме и за мене друга финтица веќе не постои!
СОКОТ МОЖЕ ВРЕЛ ДА СЕ ПАКУВА ВО ПЛАСТИЧИ ШИШИЊА, а шишињата да не се згужваат и убаво да се вакумираат!
ОУ ЈЕС!
Не лажам. НАвистински може =))

Како што кажав, ако немате сткалени, можете слободно во пластични шишиња да го спакувате.

Ќе земете една кофа и ќе ја наполните со ладна вода до горе. Во кофата ќе го ставите празното пластично шише, ќе ставите инка и ќе сипате од сокот. Од како ќе го наполните шишето, го затварате и го ставате на страна завиткано во ќебе или фротирка полека да се лади.
Водата во кофата не дозволува шишето да се згужва од топлината, а постепеното ладење убаво го вакумира и може да стои....ЗАСЕКОГАШ.

Ние го обожаваме сокот. Младунче се дави во него. Не сака вода да пие, ама сокот го ништи за час. Не се мислам дали да му дадам на 8 месечно бебе ваков сок.
Еве слики :icon_mrgr:

P080712_14.44-4165-300x300.jpg

P080712_16.01_02-7278-300x300.jpg
P080712_17.46_01-4878-300x300.jpg
P080712_17.49-6354-300x300.jpg

Сок од Вишни

  • Време на подготовка :
    30 min
  • Време на готвење :
    50 min
  • Вкупно време :
    1 h, 20 min

Состојки

  • 5 кг. вишни
  • 1 кг. шеќер отприлика(зависи колку се благи вишните)
  • 1/2 лимонтус
  • вода
  • Упаство
    Се мијат убаво вишните и се ставаат во подлабоко тенџере.Се гмечат убаво(за да можат полесно да пуштат сок).Се става вода колку да се залие.Се става на оган да вари.Кога ке зоврие,се трга од оган.Се прецадува пулпата во ситна цедалка.Исцедениот сок се става повторно на оган.Се додава шеќерот и се остава на оган додека да зоврие.Кога ќе зоврие се става и лимонтусот.Се остава уште 5мин.и се трга од оган.За тоа време чистите шишиња се стават да се стоплат во релна на 150c.околу 10мин.
    Врелиот сок се сипа во топлите шишиња и се затвара.Шишињата се замотуваат во материјал да отстојат така една ноќ.
  • Вака приготвениот сок трае и до зимата.
--- надополнето: 4 март 2013 во 02:44 ---
Продолжете вие со вашите рецепти :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Забавна тема!!

Баба ми до пред некоја година обавезно ми правеше од вишни, е сега како го правеше не знам.
Исклучиво пијам домашни сокови, од причина што сите до еден купечки ми се благи, а не можам да пијам благ сок.
Затоа, моментално, мојот сок се состои од лимон, без вода, без шеќер, само лимон цела чаша.
Понекогаш, ако немам доволно лимони, знае да се најде по некој портокал или цитрон. :)

Пишувајте, морам да дрпнам некој ваков рецепт :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Сливи ЏАНКИ ? :pos::eek:
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Јас мислев некој мискови за во Power juicer иначе, јас секое сабајле без исклучок пијам сок од портокал и морков, веќе 3години и можам да кажам дека е витаминска бомба, многу освежува и е одличен почеток на денот
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Секоја година мајка ми први домашен сок, во шерпа става секакво овошје вишни, малини, јагоди, џанки, сливи, кајсии, трнинки, капини... процедурата е иста како погоре.
--- надополнето: 4 март 2013 во 14:12 ---
Сливи ЏАНКИ ? :pos::eek:
Џанки се оние ситни сливи што растат по меѓите и не се одгледуваат како модрите. Многу се поситни од модрите и кај нас во источна Македонија служат за варење ракија, сок и компот.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Греота од џанки сок да праиш бе, од џанки шо ракија се прави. :rolleyes:

Сок од дренка пробал некој? :X3:

Ги варите дренките, додавате малку лимонтус, додавате шеќер по желба, ги цедите на преса, после низ медицинска газа и на крај го собирате топол исклучиво во стаклени шишиња кои претходно ќе ги стерилизирате во рерна на 150 степени.
Сок у пластично шише не иде...
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Сок од Трнинки(може имаат и друго име)
Ги има наесен на пазарите,лани беа 50 денари килограм.
Се варат во шерпа,а за помала количина помал сад.
Се собираат како горе наведено со сливите,само јас не ги гмечам,што излезе од нив со варењето тоа.Исто така и дренките не ги гмечам,само варење и ставање течноста сок.
Убав и за изглед бистар сок. Инаку би бил со „партали“ внатре,па децата го одбегнуваат. А често правам и компот од мешано овошје,половина тегла овошје,лажица шеќер и вода.
Мајка ми често знаеше и да прави и други сокови,непознати за нас-вас помладата генерација,на пр. Сок од Бозел.
Се сеќавам пред земјотресот,шишињата ги вриевме во котел,со сок од горе наведените,а тапите беа плутани,ама врвот на шишето т.с. и тапата го потопувавме во растопен катран во некоја конзерва,така беше најдобро херметички затворен, исто беше и со салцето или некој пинџур.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
пробајте го ѓумбировиот напиток (на англиски е ginger аle) а на македонски појма неам - толку освежителен пијалок поготово за во летните горештини
налик на шампанско- а и многумина по филмовите го користат ко негова замена
инаку има светол и темен ваков сок- баш ко и пивото;)
но сега засега пробајте го светлиот
единствена разлика од оваа англиска верзија - е што кај нас ставаат сув квасец,но сосема малку (доколку ве интересира и тоа- можам да ви напишам)

http://www.culinaryadventuresinthekitchen.com/2012/08/21/ginger-ale/
 
Чичко Анчо, за овие збориш? :icon_mrgr:
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ДА тие се. Инаку не се јадат „живи“ - те задавуваат.
Ти ја собираат устата,па и немаат течност.
А ги има за собирање секаде по нашиве места,покрај патиштата,меѓите,доловите,на пр. стариот пат за Велес.
Е сега да се јави некој од Валандово,да каже како се прави сок од КАЛИНКИ.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Секоја година мајка ми први домашен сок, во шерпа става секакво овошје вишни, малини, јагоди, џанки, сливи, кајсии, трнинки, капини... процедурата е иста како погоре.
--- надополнето: 4 март 2013 во 14:12 ---

Џанки се оние ситни сливи што растат по меѓите и не се одгледуваат како модрите. Многу се поситни од модрите и кај нас во источна Македонија служат за варење ракија, сок и компот.
Кајнас се познати како црвени сливи ..а оние појадрите модри или црни сливи ..:D
А џанки се ние наркоманчињана хаха :D
 
C

cige

Гостин
пробајте го ѓумбировиот напиток (на англиски е ginger аle) а на македонски појма неам - толку освежителен пијалок поготово за во летните горештини
налик на шампанско- а и многумина по филмовите го користат ко негова замена
инаку има светол и темен ваков сок- баш ко и пивото;)
но сега засега пробајте го светлиот
единствена разлика од оваа англиска верзија - е што кај нас ставаат сув квасец,но сосема малку (доколку ве интересира и тоа- можам да ви напишам)

http://www.culinaryadventuresinthekitchen.com/2012/08/21/ginger-ale/
Баба ми и дедо ми постојано трубат за некој сок "џинџарела" што го пиеле додека биле во Канада. Па ако знаеш кажи ми дали има негде во Македонскиве продавници да се купи истиот
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Баба ми и дедо ми постојано трубат за некој сок "џинџарела" што го пиеле додека биле во Канада. Па ако знаеш кажи ми дали има негде во Македонскиве продавници да се купи истиот
a,што те кошта да си го направиш:unsure:
ѓумбир, лимон, шеќер и квасец
ѓумбир — 2 каф.лаж​
шеќер— 1 чаша од 250​
сув квасец — 0,5 од каф.лажица​
лимонов сок — 1 лимон​
вода — 2л​
со тоа што ѓумбирот го рендаш, ама претходно исчистен ;)
лимонот го цедиш, сето тоа го ставаш во 2 л вода ладна додаваш квасец и шеќер- мешаш убаво да се растопи шеќерот и оставаш да стои на топло( собна температура 2 дена)​
го цедиш и после разладен го пиеш :)
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
СОК ОД ЛИМОН - ДОМАШНА ЛИМОНАДА

СОСТОЈКИ

  • 1кг лимон
  • 2кг шеќер
  • 2 литра вода
  • 3 кесички лимонтус

ПОДГОТОВКА

Лимонот убаво се мие со четка под млаз вода. Се меле низ машина за мелење месо и се става во поголем сад да одстои 24 часа. Утредента се цеди убаво низ газа и му се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша додека се стопи шеќерот, а потоа се собира во шишиња.
Сокот може да се прави и со лупени лимони доколку не сакате да има погорчлив вкус и ако се плашите од хемијата што ја содржи лушпата.

Kajgana Shop

На врв Bottom