Најчести грешки во секојдневниот говор/пишување?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Како што знаеме, никој не е совршен. Сите правиме грешки при говорење или пишување, па затоа темата е за најчестите грешки кои се прават во секојдневниот говор и пишување.
На пример, според мене, барем од она што го имам забележано низ интернетов, најчести грешки дефинитивно се: сВаќам/сВаќа, незнам, неможам, неможе и така натаму.

Кои се според вас најчестите грешки во секојдневието, без разлика дали станува збор за правопис или граматика?
 
И јас приВатиФ да одгоФорам,но никако да сВатам дали сФаќа се поВаќа,а Фреме си ВрФи и кроВната на сФаќа КаранВила од КадриВакоФо е Феќе ко коВа.
 
Претпоставувам си ја читала "Грешки" од Фројд у брзо време ...


Тоа е сосем друга работа.Тука во овој случај (како што е наведено во темата) грешките не настануваат како резултат на вмешување на некоја мисла која сме мислеле претходно да ја искажеме но сме се предомислиле, туку затоа што самиот тој којшто ги направил грешките бил научен дека така се пишуваат и изговараат......
 
страшно го мразам сумљам
кај е србизам па уште не ни размислуваат кога го кажуваат
сумњам е да му се сневиди, од се сомневам, не од се сомљевам
да ве сомљеват!

а да, и секад
никад ајде, србизам, ама секад?
во вардар директно
 
Грешки кои постојано се прават во пишувањето:
- се наместо сѐ, на пр. сѐ ти кажав;
- не наместо нѐ, на пр. нас нѐ виде;
- и наместо ѝ, на пр. нејзе ѝ реков;
- сеуште/се уште наместо сѐ уште.
 
Превземе наместо преземе. Често се пишува со в која ми боде очи.

Ретко е познато и правилото дека се пишува обѕир, а не обзир.
Дека не можеш да употребиш синтагма „Ќе те имам во предвид“ бидејќи со самото „во“ пред видот веќе се губи смислата. Не може некого да имаш ВО предвид, може само да го имаш предвид. :D

Другите што ги среќавам често веќе сте ги спомнале.
 
Грешки кои постојано се прават во пишувањето:
- се наместо сѐ, на пр. сѐ ти кажав;
- не наместо нѐ, на пр. нас нѐ виде;
- и наместо ѝ, на пр. нејзе ѝ реков;
- сеуште/се уште наместо сѐ уште.
Како се пишува апостроф со тастатуртата?
 
Како се пишува апостроф со тастатуртата?
Тоа е надреден знак не е апостроф, а со тастатурата не се пишува никако.Јас ги копирам буквите од Word> Insert >symbol кога ми се потребни (си ги имам во посебен документ само тие букви), знам дека во пишувањето е можеби нервозно да се прави тоа, ама јас сакам правилно да пишувам па не ми е мачно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom