ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.959
- Поени од реакции
- 57.695
http://manager.handballenergy.com
Како што имаше фантази игра за ЕП (и покрај малиот интерес, нормално ), да отворам тема и за Фантази играта за Лигата на Шампионите во ракомет. Играта започнува со почетокот на нокаут-фазата во ЛШ, односно од 13. март.
Значи принципот на овие игри е секаде сличен. Бирате тим (тука од 7 играчи) кои ви носат поени од нивните настапи.
Но тука, поените нема да бидат буквално поени, туку ќе се смета „паричната вредност“ на вашите играчи. На почетокот имате на располагање одреден буџет, со кој треба да купите 7 играчи. Понатаму, нивната цена ќе се зголемува по следниве правила:
Победник во играта е оној тим чија цена најмногу ќе се зголеми за вкупно 6. рунди, до самото финале на фајнл-форот.
На располагање имате две формации, стандардната 3-2-1 (3 бека, 2 крила и 1 пивот) и 2-2-2 ( 2 бека, 2 крила и 2 пивота).
Во изборот кај голманите не избирате поединци, туку „тимски“ голман (пр. Goalkeepers of HC Metalurg). Тоа е така, затоа што поените на голманите не им се одредуваат преку индивидуалниот број на одбрани туку по бројот на примени голови. Со други зборови, наместо индивидуален голман ја бирате целокупната одбрана на тимот.
За најдобриот следуваат вредни награди, барем така викаат овие.
Некаде налетав на purchase, каде што бара пари за некои услуги, но мислам дека е free за „нормално“ играње.
Напомена: Моментално во изборот имате 20 тима. Од нив 15 се со обезбеден пласман, а остантите 5 се во борба за трите последни позиции за кои има теоретска неизвесност.
За останатите правила, имате тука.
http://manager.handballenergy.com/en/ehf-champions-league-knockout-2013/gameplay
Е сеа, „дрим тим“ со јаки играчи е ептен скапо да склопиш, барем мене ми беше. Скроив провизорен тим кој сигурно ќе притрпи промени до почетокот.
Направив Кајгана лига:
http://manager.handballenergy.com/en/ehf-champions-league-knockout-2013/leaderboards/kajgana_league
Name: Kajgana League
password: kajgana
Се надевам дека ќе се присобереме барем 7-8 души.