Дали докторите треба да веруваат во некое божество?

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Локација
Што подалеку од Македонија.
Имам една дилема која ја гледам насекаде околу мене. Дали докторите треба да направат се што можат за да го спасат пациентот од смрт/да му излечат некоја болест/да му го подобрат квалитетот на живот и доколку неможат да признаат и да го препратат на некој кој е подобар од нив или да направат нешто и да очекуваат од некое божество да го спаси пациентот?
Друга работа е зошто некои пациенти му се повеќе благодарни на господ за оздравувањето отколку на лекарот.
 
Е ајде де, сигурно Господ не ги оперира/им дава апчиња на пациентите ама таков си е народов.

Инаку првово не го сфаќам баш, сигурно дека лекарот треба да направи се што може ама ако гледа нема веќе каде нека го прати на постручен, специјалист.
 
Имам една дилема која ја гледам насекаде околу мене. Дали докторите треба да направат се што можат за да го спасат пациентот од смрт/да му излечат некоја болест/да му го подобрат квалитетот на живот
Докторите се обврзани со етичка заклетва (и закон) да го прават тоа. Не им треба замислено пријателче за да ги натера да ги исполнуваат обврските.

и доколку неможат да признаат и да го препратат на некој кој е подобар од нив или да направат нешто и да очекуваат од некое божество да го спаси пациентот?
Колку документирани случаи има каде што поп/оџа има спасено човек а притоа да не се работи за плацебо ефекти/алтернативна медицина туку реално лечење? Зарем не ти е интересно како само слушаме приказни како некој бил излечен со егзорцизми и слични тракатанци, а никаде нема записи од тие случаи? Кога некој другар цело време ти дроби дека дома има Ферари, а ти никако да го видиш, не почнува приказната да ти "смрди" после некое време?

Друга работа е зошто некои пациенти му се повеќе благодарни на господ за оздравувањето отколку на лекарот.
Затоа што се неблагодарни кретени.
 
Кога господ ќе оздрави дете од детска парализа тогаш докторите треба да почнат да веруваат во него.Sadly...
 
Кога господ ќе оздрави дете од детска парализа тогаш докторите треба да почнат да веруваат во него.Sadly...

офтопик
....можеби господ не...но Драган Вучиќ сигурно....на негов концерт дете со детска парализа станало од количка и си заминало

онтопик

никој не им забранува на лекарите да бидат религиозни...но не треба да ги мешаат своите религиозни уверувања со професијата....религијата најчесто ја употребуваат за правдање на своите неуспеси и замолчување на совеста.....

...и за крај....постојат луѓе на кои ни религијата, ниту пак медицината може да им помогне....тоа се луѓето кои ја изгубиле битката со себе...луѓето кои ја изгубиле вољата за живот
 
Глупа ти е логикава (без навреда).
Значи како човек, доктор професионалец он мора да направи се што е во негова моќ да го спаси пациентот вклучувајќи и да го препратат кај друг лекар кога сите опции ќе се исцрпат тогаш барај помош од Бог.
 
Доколку докторите оставаа на Господ да лечи друже, ќе имавме чума, лепра, смрт од грипови, смрт од пукнато дебело црево, повеќе психопати кои убиваат наоколку поради отсуство на медикаменти кои ќе инхибираат некои од нивните пореметени неуронски активности итн итн....Така да, на твоето прашање би одговорил, КАТЕГОРИЧНО НЕ :P
 
Друга работа е зошто некои пациенти му се повеќе благодарни на господ за оздравувањето отколку на лекарот.

А можеме да кажеме и обратно: дека излечениот пацинет му благодари на Бога, оти Бог го излечил (пациентот) преку лекарот...
 
А можеме да кажеме и обратно: дека излечениот пацинет му благодари на Бога, оти Бог го излечил (пациентот) преку лекарот...

Микиии, гутен таг!!:P
Дури и таа хипотеза да е точна што секако е прашање на долга дебата која сме ја правеле честопати, сепак докторите мора со своите акти да ја задоволат волјата божја за пациентите да бидат излечени:)
 
Пациентот може да биде излечем до одредена граница, оноклу колку лекарите знаат и умеат, а над таа граница, пак ќе дојдеме до волјата Божја: дали Бог благоволи пациентот да биде излечен или да биде повикан при својот Творец...

Преголемото и безмеро полагање на надежта само на лекарот и неговите способности, а заборавање на Бога, не е мудар потег.
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 16:21 ---
Da veruvaat vo bozestvoto evro ra

За беља и за жалење, ама кај на Еврото е бог во коруптивните однесувања од лекарската фела.
 
Пациентот може да биде излечем до одредена граница, оноклу колку лекарите знаат и умеат, а над таа граница, пак ќе дојдеме до волјата Божја: дали Бог благоволи пациентот да биде излечен или да биде повикан при својот Творец...

Преголемото и безмеро полагање на надежта само на лекарот и неговите способности, а заборавање на Бога, не е мудар потег.

Тоа е веќе индивидуално. Како и да е, акцијата на докторот при помошта на пациентите е евидентна и како резултат а истата илјадници се спасувани. Акцијата на Бога не е евидентна, така што тоа е веќе лично и секундарно. Прво иди на доктор, па моли се послем.
 
Тоа е веќе индивидуално. Како и да е, акцијата на докторот при помошта на пациентите е евидентна и како резултат а истата илјадници се спасувани.

Се согласувам де: „едно„ е да „спасиш„ пациент од настинка, а „ друго„ е да спасиш пациент, на пример, од СИДА или од малиген карцином на некој внатрешен орган... :confused:
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 16:26 ---
Прво иди на доктор, па моли се послем.

Ја‘ би рекол вака: помоли се, Бог да Ти дари саглам лекар...:D
 
А можеме да кажеме и обратно: дека излечениот пацинет му благодари на Бога, оти Бог го излечил (пациентот) преку лекарот...

Ко ќе фати зорт - сите вербата му ја полагаат во науката. Српскиот патријарх Павле година и појќе живееше на апарати во Воено Медицинска установа во Београд каде беше третиран со најнови научни достигнувања , она наука која вели дека сме потомци на приматите и еволутивно сродни со мајмуните. Не го однесоа Павле во некој манастир па да го легнат на земја опкружен со свеќи и да му појат деноноќно монаси, така и со останати верници, трчај на доктор па аако оздравиш - фала боже хахах
А пациент шо умрел го велича бог оти го зел при себе.
Умрел, оздравел, сиромашен, богат, злосторник, чесен човек, педофил, добротвое, се треба на бог да му заблагодариш. Зато е најлесен начин и пат верата, шо и да се случи, како и да се случи колку и да е нелогично тоа... а бе госо сакаше така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom