Невообичаени романтични филмови надвор од шаблонот

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.816
Поени од реакции
10.957
Ајде да не му ја до-укењаме на џимеј темата, добра е :)

Филмови од овој тип обично најмногу гледам кога сум во љубовно нерасположение, да не речам депресија :D Имаат некогаш исцелително дејство ;)

Да не се повторувам со некои филмови што веќе ги спомнавте погоре како (500) Days of Summer, Chasing Amy итн. тргам со комплетно свежа листа.



Teenage Dirtbag - Хмм овој ми е меѓу омилените вакви, се работи за проблематичен средношколец, кој ќе вознемирува друга средношколка, па двајцата ќе бидат пратени во класот кој што посетува настава за креативно пишување. Преку чудни стихови ќе пренесуваат дел од моменталните нивни чувства. Не се летајте одма да мислите дека е како 99 проценти од ваквите средношколски филмови, туку воопшто не е таков и топло го препорачувам за сите ентузијасти.

Wristcutters - A Love Story - Типче се самоубива откако ќе му раскине девојката, па целиот филм се одвива во другиот живот, кадешто е сместен со други луѓе коишто имаат извршено самоубиство. Дополнителен момент што ми се допаѓа филмов е што во него глуми и Shannyn Sossamon

Barfly - Во филмов се зборува за човек што редовно виси по барови и се опива, пишува поезија што никој не му ја објавува и сретнува жена слична на неговит стил на живот. Филмов има еден тон добри фрази, а според мене е и еден од најдобрите на Мики Рурк. Гледајте го обавезно!

Brothers - Не сум сигурен дека толку се поклопува со овој стил на филмови но има доза на чудна љубов, која не е префорсирана и не е целосна и доволна, која што се јавува меѓу двата главни ликови во филмот.

Blue Valentine - Добра и реална приказна, во голема мера присутна во секојдневниот живот, кога сме сведоци на тоа дека понекогаш колку и да се труди човек некои работи тешко се постигнуваат или воопшто не.

Falling in love - Приказна за маж и жена кои случајно се сретнуваат во една продавница купувајќи за Божиќ, па понатаму се сретнуваат се почесто во истиот воз. Проблемот е што и двајцата имаат семејства. Добра актерска екипа, Де Ниро и Мерил Стрип.

The bridges of Madison County - Многу сличен филм на тој погоре со исто така добра актерска екипа, Мерил Стрип и Клин Иствуд.

Leaving Las Vegas - Една од подобрите улоги на Николас Кејџ, дури и неговите хејтери мислам ќе се согласат :D Сценарист алкохоличар сретнува проститука со која почнуваат да се дружат се повеќе. Стварно е добар филмов и одговара на темата, го препорачувам!

Spread - Обично ретко преферирам филмови со Аштон Качер, но овој ми се допадна. На почеток и овој делува како обичните клише, холивуд филмови но не е таков.

Dandelion - Возрасен човек, ќе изврши ненамерно убиство прегазувајќи човек со колата во едно мало и тивко гратче. Неговиот малолетен син без негово знаење ја превзема вината за неговиот татко да не оди во затвор. Дечкото е штотуку заљубен во една девојка но мора да ја напушти за да одлежи две години во поправен дом, за убиството што не го извршил. Дали се ќе биде исто кога ќе се врати... На моменти навистина меланхоличен филм.

Solaris - Хмм научна фантастика е но сепак мислам дека одговара на темава. Астронаути одат околу орбитата на друга планета, кадешто се случуваат чудни работи меѓу кои и се појавуваат луѓе од минатото, мртви луѓе.

Alfie - Плејбој или женкар како сакате, почнува да станува свесен за неговите постапки кога ќе почне некои работи да ги осети на своја кожа...

Closer - Филм кој верувам дека повеќето го имате гледано, имаше и наша претстава ваква. Два пара кои ќе ги сменат меѓусебните партнери неколкупати. Дефинитивно е во склоп со темава и го препорачувам да се гледа.

Heaven - Офицер се заљубува во жена која е обвинета за терористичко злосторство. Дефинитивно одговара на темава, гледајте го.

Good Dick - Овој филм искрено не ми се допадна, но 100% проценти одговара на темава. Работник во порнотека се заљубува во девојка која доаѓа да изнајмува порно филмови. Многу сувопарен ми беше и дијалогот и филмот, но крајот сепак го вади до некаде, се објаснуваат некои моменти.

50 first dates - Иако делува на романтична комедија, како клише холивудскиве филмови, не би рекол дека е баш таков, во добар дел од филмот сфаќаме уствари колку тажни моменти се дешаваат и дефинитивно не би сакале да сме во позиција на било кој од главните актери :)

Revolutionary Road - Тоа што навидум делува на прибран и совршен живот, уствари е далеку од тоа. Одговара на темава и го препорачувам.

Swept from the sea - Овој не сум сигурен дека е за тука но мислам дека не е како холивудските шаблони. Се работи за русин кој е единствен преживеан од бродолом и завршува на еден остров. Добро филмче е ;)


Малце сум претерал со листава можда но 90 проценти од наведениве филмови вредат да се погледнат, ако ми текне уште некој ќе додадам ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.876
Brothers - Не сум сигурен дека толку се поклопува со овој стил на филмови но има доза на чудна љубов, која не е префорсирана и не е целосна и доволна, која што се јавува меѓу двата главни ликови во филмот.



Alfie - Плејбој или женкар како сакате, почнува да станува свесен за неговите постапки кога ќе почне некои работи да ги осети на своја кожа...

Closer - Филм кој верувам дека повеќето го имате гледано, имаше и наша претстава ваква. Два пара кои ќе ги сменат меѓусебните партнери неколкупати. Дефинитивно е во склоп со темава и го препорачувам да се гледа.
Brothers го ставив во цитатот, чисто затоа што го имам предлагано во неколку теми а имам впечаток дека мал број на луѓе го гледале. Заслужува да се види. Дефинитивно е поинаква приказна а ми се допаѓа тоа што има одлична актерска екипа и се базира на добра глума.

Alfie е римејк на филм со Мајкл Кејн, викаат дека оригиналот е подобар, не ми е гледан.

Closer дефинитивно нетипична романса.

50 first dates мислам дека е во клишеата не би го ставил овде.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.506
Па да ти кажам ради краевите и него и Spread ги ставив тука, можеби и не се за тука ;)
Си го згрешил Spread :)

Патем сигурно ќе погледнам некои од филмчињава коа ќе бидам во љубовно нерасположение :)
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Lovely,Still
Филмов е прекрасен,приказната доста невообичаена.Не е класичен романтичен филм меѓу двајца млади туку напротив главните личности се старци.Зборува за љубовта за која никогаш не е предоцна туку се случува одново и одново....:X3:
http://www.imdb.com/title/tt1150947/
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
TiMER нетипична романса во која е прикажан еден нетипичен начин на пронаоѓања на вистинската љубов или подобро кажано shortcut до вашата сродна душа.
Cashback
Бен е студент и уметник кој на несекојдневне начин се справува со љубовните проблеми и несоницата.
Conversation with other women
Навидум класична приказна, маж и жена се запознаваат на свадба и завршуваат во кревет. Но сепак понатаму во филмот се случуаат неочекувани пресврти во приказната кои го издвојуваат овај филм од останатите и го прават вреден да се гледа.
Секако тука е и прекрасната Helena Bonham Carter.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Chungking Express (1994)
Days of Being Wild (1990)
In the Mood for Love (2000)
2046 (2004)

Не знам зашто Kar Wai Wong се игнорира на форумов :) , само ја и penkaloto си го збориме. :) Кoга за прв пат погледнав негов филм, тоа беше за мене едно сосема ново филмско искуство (како кога го "открив" Годар). Човеков прави уникатни филмови, визуелно убави за што придонесува неверојатната комбинација на јаки бои, имаат некој висок стил што ги одвојува од другите филмови, го вади максимумот од актерите, жените во неговите филмови изгледаат толку убаво, грациозно, знае да создаде атмосфера при која не се потребни дијалози и да избере убава носталгична музика...Уште еден "плус" е тоа што неговиве филмови се непредвидливи (а романтични!), не знаеш како ќе завршат дури и да си изгледал 1000 филмови... Воодушевува и самиот факт што снима без сценарио и им остава слобода на актерите бајги да импровизираат.

Lust, Caution (2007)
aka "Se, jie"
Шпиунски трилер на Ang Lee . Тони Леунг уште еднаш покажува зашто е еден од најдобрите азијски глумци, извонредно одглумувајќи еден комплексен лик...добра хемија помеѓу главните актери...напнати сцени...љубовта и опседноста.

The Graduate (1967)
Со Дастин Хофман. Ќе го пишам пак истото од една друга тема - црвеното Алфа Ромео + Арт & Гарфанкел + Ен Бенкрофт.
"Mrs. Robinson, you're trying to seduce me. Aren't you?"

Breathless (1960)
aka "À bout de souffle"
Овој го имам спомнато неколку пати па ај уште еднаш на кратко. Еден од најзначајните/највлијателните филмови на франц. Нов Бран, деби на Годар, иновативна режија, панорами на Париз, извонредна хемија помеѓу Себерг и Белмондо кој маестрално одигра анти-херој, ситен криминалец...Style over substance. Го глеав кога немав што друго и мислев дека ќе се досадувам ама it blew my mind!, го обожавам и за мене е за 10ка (не можам да му најдам никаква маана) а ретко давам 10ки. :)
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Interstate 60

Прекрасно мало филмче , со јака глумачка постава , без многу пари потрошено на него (според Холивудски стандарди) а сепак беспрекорно снимен . Се работи за млад дечко кој откако ке се заљуби во девојка што ја има видено на рекламен билборд ке тргне на долг пат да ја пронајде нејзе а воедно да се пронајде и себеси во светот околу него , а по спат ке се запознае и со девојка нимфоманка која патува низ светот по потрага по најдобриот секс , лепракон , град полн со рејвери и мн. други . Филм кој секогаш го имам во компјутер и немам намера да го избришам

Ете ти невобичаена романтична комедија
--- надополнето: 24 февруари 2012 во 01:42 ---
Повелете трејлер

http://www.youtube.com/watch?v=fLSBfpI6cig
--- надополнето: 24 февруари 2012 во 01:44 ---
Исто ако можеш , глеј го ако не си го гледал веке , Truly , Madly , Deeply со Алан Рикман
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Еве и трејлер и за Truly , Madly , Deeply , вчера немав време да ставам и да напишам нешто повеќе за него . Еден од раните филмови на Алан Рикман , а воедно и еден од поубавите . Се работи за музичар кој после неговата смрт доага да ја прогонува како дух жена му заедно со други мртви луге . Се надевам ке уживате

http://www.youtube.com/watch?v=BdBl0opvUp0
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Crash
Не безвезниот филм за расизмуз што освои Оскар туку на Дејвид Кроненберг филмот. Брачен пар кај кој што романсата одамна е исчезната, често се изневеруваат со разни луѓе при што после имаат незадоволувачки секс еден со друг. Единствено уживање им е што после сексот си ги раскажуваат еден на друг неверствата што ги имале. После сообраќајка, на сопругот му станува фетиш да води љубов во рекреации на сообраќајки.

Инаку знам дека филмов е повеќе драма ама многу ми се допаѓа коментаров што го имам прочитано за филмов затоа и го ставам тука.

Кроненберг не води кон места кои се тешки за следење, но ова есенцијално е една визија за еден модерен пар, кои бараат пауза од монотонијата на една конвенционална врска. Да се нарече овој филм порнографија е грешка, бидејќи порнографијата е често секс без срце, додека па од друга страна Crash има огромно срце. Се работи за сопруг и сопруга толку многу посветени еден на друг, што тие ја почитуваат и си ја спроведуваат секоја манија што ке им текне, без разлика колку опасна. Тоа, на нас подосадните луѓе ни е многу тешко да го оправдаме.

Не да е надвор, филмов мислам дека вози со 300 на саат надвор од шаблонот за романтични филмови. Инаку не би можел да го препорачам филмов на секој. По мое мислење ''најтешкиот'' филм што Кроненберг го снимил.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Midnight in Paris (2011) - едноставно филмот ми е врв :cuc:, толку убаво е раскажана целата прикажaна па уште и сликовито е објаснета.
И самите карактери како да се создадени за филмот...а пак сценографијата е одлична, замислете Париз - градот на светлината и љубовта кој Вуду Ален не случајно го одбрал. Нема ништо да откривам, едноставно ова е филм што секој треба да го погледне :) MUST SEE

To Rome With Love (2012) - ова е нешто сличен филм како предходниот (не сум сигурен дали продолжение на претходниот) само овде и самиот Вуду Ален е вклучен како еден од главните карактери. Искрено и не ми се допадна толку многу али ипак вреден е да се погледне, полн е со интересни дијалози надвор од шаблонот, така да времето во гледање поминува за момент.

The Ages Of Love (2011) - филм кои е составен од три сосема различни приказни, нормално за ЉУБОВТА :D. Се одвиваат сосема реални и секојдневни случки од животот, доволно интересни за да го направат филм кој е помалку чуден и несекојдневен. Овде може да ги споменам и Моника Белучи и Роберт Де Ниро како ѕвезди во филмов. Може филмов и да го изгледате и да си кажете '' Што сакаше да каже овој филм '' - чуден е ;)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.506
Кој од филмовиве има среќен крај or whatever similar?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom