Заеби ти пари без свињетина и без ракија. Тоа не е живот, тоа е мачење.
Факеру и Дарк лејди, а што храна јадат тие, што зачини користат?
Во Кувајт може да се најдат сите светски кујни, значи ако си странец лесно ќе се најадеш, освен секако свинското месо. Не постојат нити колбаси, чајни, свински паштети,буквално нема ништо свинско,ни за лек

Кувајќаните главно јадат говедско и овчо месо, овча пастрма што страшно лошо мириса, користат разно разни зачини, традиционалните кувајтски јадења се слични како во сите арапски земји, зачини и само зачини,оризот му е задолжителен, посебно пилавот, ориз со зеленчук, во се и сешто ставаат многу магдонос, и многу бибер. Зеленчукот им е многу скап, веројатно затоа што немаат сопствено производство,
Ноќниот живот им е слаб, логично, нема алкохол, нема журки, нема ништо.

Водата чини 4 пати поскапо од нафтата, што значи во Кувајт е ретко да видиш Кувајќанец да оди пешки, освен во трговски центри,, (за 1 леб да купиш палиш кола

)
Уште нешто за нас несвојствено и незамисливо, а кај нив сосема нормално.
Во 21 век, девојките таму не ги бираат своите мажи, туку фамилијата го бира младоженецот, дури не така ретко може да стапат во брак, први братучеди, , што кај нас претставува веќе инцест.
Се некако ми се чини дека од Кувајт ги претставуваме само негативните страни, секако дека Кувајт како земја, има што да понуди како туристичка дестинација. Модерниот запад си го прави своето, таму ќе ги најдете најскапите, најлуксузни автомобили, брендирана гардероба, не постои светски бренд,а да го нема, злато, злато и само злато на сите страни
