Испитување на вода

  • Креатор на темата Креатор на темата V1kTo.Or
  • Време на започнување Време на започнување

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Локација
West
Каде може да се направи испитување на вода оти некаде околу 100тина граѓани пијат изворска вода која не е проверена и кога дојдов да се напијам од истата треба со филтер да се прочисти за да може да се пие , а и ме интересира цената на инспитувањето .
 
Ако има физички честички немора да значи дека водата не е здрава за пиење, ама за секоја сигурност проверете си ја.
 
Порано имаше во некои списанија едно картонче кое го ставаш под вода и мислам дека боеше плаво или црвено и боите ти кажуваа дали е загадена или не. Незнам дали има уште такво нешто, сепак ти искористи ги линковите на Acid. Ако не успееш ни таму, ѕирни по трафикиве.
 
Плаво или црвено не ти покажува дали е загадена или не... ако си учел хемија барај низ архиви што е лакмус, pH вредност итн.
 
Каде може да се направи испитување на вода оти некаде околу 100тина граѓани пијат изворска вода која не е проверена и кога дојдов да се напијам од истата треба со филтер да се прочисти за да може да се пие , а и ме интересира цената на инспитувањето .
Центар за Јавно здравје во општината во која која се наоѓа изворот. Водата треба да се испита: физичко-хемиски, хемиски, токсиколошки и микробиолошки.

Околу 2000-3000 денари ќе те фати во државниве институции, на крај добиваш лист со добиените вредности и коментар за квалитетот на водата.

Тоа што има честички, можеби е моментална контаминација. Кога ќе отидеш да се распрашаш ќе ти кажат како правилно да земеш вода, за хемиската и токсиколошката анализа треба шишето прво да го промиеш неколку пати со водата од изворот и во рок од неколку часа да се однесе во лабораторијава онака параметрите за вкупна потрошувачка на кислород нема да бидат валидни. За микробиолошка ќе ти дадат они шише и ќе ти објаснат, или пак ќе излезат на терен па ќе земат они мостра.
 
Најарно е сами да излезат, а овие како поголема група да поднесат петиција/барање.
 
Порано имаше во некои списанија едно картонче кое го ставаш под вода и мислам дека боеше плаво или црвено и боите ти кажуваа дали е загадена или не. Незнам дали има уште такво нешто, сепак ти искористи ги линковите на Acid. Ако не успееш ни таму, ѕирни по трафикиве.

Знаеш ли каде на друго место ги продаваат тие картончиња? Кај би ги нашол.
 
Оди во некое хемиско школо и побарај им лакмус хартија, т.е. индикатор, ќе ти дадат, они ги користат при титрации. И не ти треба тебе многу, 1 cm би ти било доста.
 
А тие од школото од кај ги набавуваат ??
Во Зегин нема, а професор по хемија не познавам :)
 
Е тие поима неам од кај набавуваат, ама ако нема во аптека отиди им во школо шо има веза, тебе ти треба само малку а и плус не е некоја штетна хемикалија па да ти направат проблеми. :)
 
Што ќе правите со лакмус?

Ќе определуваат базна, неутрална или кисела средина на водата...:ROFLMAO:
Најарно е да си викнете вие од некое претпријатие да ви ја испита, оти испитувањето не е така лесно колку што мислите. :)
 
Хехе, на нив им треба бактериолошка/токсиколошка анализа а не киселост :D
 
Знам шо им треба, ама они сами тоа неможат да го испитаат, ќе се испоотрујат... :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom