Скутерчиња: Се за и околу нив

  • Креатор на темата Креатор на темата _FireFox_
  • Време на започнување Време на започнување
опиши го подетално проблемот што не пали?нема струја? не вергла? биди подетален за да можеме да ти сугерираме што да видиш

Значи моторот ми пали на копче, од сабајле скутерот си пали во ред се значи се реагира супер на прво пали, меѓутоа доколку го оставам на сонце скутерот едноставно не сака да запали, а се друго си функционира и светла и сирена. Го ставам под сенка еден час или така нешто и скутеров си оживеа повторно запали, доколку не пали преку копче кај рачките, имам копче директно на акомулатор и го палам преку него е таму нема промаш, топло ладно, значи пали стално, проблемот е кај другово копче што е на рачките, кога е топло не пали од таму...
 
Освен тоа копче кај рачките како и кај сите скутери кое друго копче го имаш ти ? :confused:
 
Освен тоа копче кај рачките како и кај сите скутери кое друго копче го имаш ти ? :confused:

Имам стартер на акумулаторот да пали директно од таму...
 
Горното копче оди преку реле, за тоа долу прв пат слушам дека постои и незнам дал оди преку реле. ако е директно тоа копче онда релето може да те зеза кога ќе загрее
 
имам априлиа ср 50 од постарите и на неа имам сијалици од 12v 15w дали можам да ставам сијалици од 12v 35w или може да прегоре нешто
 
имам априлиа ср 50 од постарите и на неа имам сијалици од 12v 15w дали можам да ставам сијалици од 12v 35w или може да прегоре нешто

Ова никако не ти препорачувам да го правиш затоа што можеш да ја потпалиш цела инсталација. Има начини да се направи тоа со користење на реле, ама ни тогаш не би ти препорачал. Подобро исполирај го фарот убаво и купи си нови сијалици од 15 вати и би требало да осетиш разлика
 
Сакам да прашам нешто, може за некој е глупо прашањево али ме интересираат мислења
Со скутер на удолница над 1 - 2 км дали е подобро да се кочи со моторно кочење и кочници, или со угасен и само со кочници, прашањето ми е дали ако подолго време ја стискаш кочницата може да откаже или нешто слично, а со моторно ако кочиш моторот ќе дигне температура..
 
Абе ако кочиш со кочници, се трошат гуртни/плочки... Ако кочиш со моторно кочење нема да му биди ништо, ама бензин ќе потрошиш...​
Јас претежно со моторно си кочам, освен кога ќе имам прислабо бензин...​
 
Предложете некоја продавница за кинески скутери во Скопје , по можност со веб страна.
 
www.hamachi.com.mk

Имаат огромен салон во злокуќани со многу голем избор.
Ценовник некаде има ли да се види? Сите страници за мотори и скутери никој јавно не ги објавува како да се тајна. :)
 
Имам јас едно кинезче што ми беше супер за пример ако ми се прејаде во 4 сабајле преку лето.. служеше за низ град ок, само што цело лето и зима не го палев, година/година ипол.. дали има шанси за оживување или за фрлање е? Какви мерки се превземаат за вакви ствари, ме мрзи да го туркам до/низ мајстори, а и не ми се фрлаат пари по ремонти, пошо пак нема да го возам, само ми е мака дека го запоставив, дека ееееептен малце трошеше а и не е од енормните пластики, мало и симпатично, за пичиња топ. :icon_lol:
 
Ако сега сакаш да го палиш додади нова количина бензин, исчисти ја свекицата и загреј ја пред да го палиш. Ако се друго е во ред одма ќе ти запали. Нормално и акумулаторот треба да го напуниш.
 
Може ли со Б категорија да се вози 125 ццм скутер
Не. Со Б категорија се вози само велосипед со мотор - тие се трајно регистрирани, со малечка табличка. Ако скутерот се регистрира секоја година, треба А категорија за него. Конкретно 125-ката, се регистрира секоја година и спаѓа во А.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom