- Член од
- 21 декември 2011
- Мислења
- 430
- Поени од реакции
- 79
- Возраст
- 58
"Sunday Times" со антиизраелска карикатура за Денот на Холокаустот
28.01.2013 | 10:07
Денот на холокаустот, британскиот "Sunday Times", го одбележал не баш традиционално, објавувајќи антиизраелска карикатура од премиерот Бенџамин Нетанјаху, како гради ѕид на крвта од тела Палестинци, пренесуваат израелските медиуми.
Покрај карикатурата на авторот Џералд Скарфе стои наслов: "Израелски избори - ќе продолжи ли градењето на ѕидот?".
Оваа карикатура би била навредлива во било кое време од годината, но да се објави на Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот е болно и предизвикува загрижувачки мисли, оценува претседателот на Европскиот еврејски конгрес Моше Кантор, кој додава дека таква навреда бара моментално извинување од карикатуристот и од уредникот на весникот.
Зачудувачки, карикатурата била објавена неколку дена откако во единствената демократска земја на Блискиот исток, Израел, се одржаа демократски избори, и додека во секоја друга земја во тој регион се војува, "Sunday Times", се фокусирал исклучиво на еврејската држава, оценуваат израелските медиуми.
Израелските медиуми потсетуваат дека антисемитски изјави биле пренесени на вестите минатата седмица, откако пратеникот Дејвид Ворд ги обвинил Евреите за секојдневно насилство врз Палестинците, и го поставил прашањето како може да го прават тоа откако веќе еднаш го почувствувале на својот "свој грб".
"Се обидов да дадам до знаење, дека секој треба да ја научи лекцијата од холокаустот", напишал министерот на својата веб страна