Создаден материјал кој би ги направил војниците невидливи

  • Креатор на темата Креатор на темата Son Of Sparta
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате овој изум?

  • Да

    Гласови: 32 47,8%
  • Не

    Гласови: 35 52,2%

  • Вкупно гласачи
    67
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
Американската војска сака по секоја цена да ги направи своите војници невидливи на терен, а една канадска компанија може да ги надмине сите американски конкуренти, кои многу добро живеат од државните пари, а не даваат никаков резултат.

Канадската компанија „Hyperstealth Biotechnology Corp.“ направила и тестирала таканаречен Hyperstealth материјал, кој го нарекуваат и „quantum stealth“, а може да го направи корисникот сосема невидлив во било кој видлив спектар, вклучувајќи го и инфра-црвениот и топлинскиот.

Тие се толку уверени во успешноста на својот материјал, што истакнуваат дека личноста која ќе се сокрие под нивната покривка може да биде откриена само ако некој се сопне од неа.

Технологијата на материјалот е пасивна, што значи дека не бара додатен извор на енергија за да ја создаде оваа илузија, туку само го искрива светлото околу личноста која го има на себе материјалот. На тој начин, личноста која го носи материјалот станува невидлива.

Фотографиите од покривката која ги објавила споменатата канадска компанија изгледаат зачудувачки, а материјалот успеале да го покажат и на американските воени лица. Резултат од презентацијата е понатамошниот напредок на проектот.

Сепак, засега јавноста нема да може да види ништо повеќе од фотографиите, а повеќето податоци за начинот на изработката на материјалот и други интересни факти се во строга тајност, се’ додека војската не процени дали овој изум е доволно сигурен за пуштање на комерцијалниот пазар.

2qmlws2.jpg

9jdiea.jpg
 
само што овој изум,веднаш ќе дојде и до арамиите,
кои и ќе го почесто употребуваат,и секој ден на вести ќе има,
невидливи арамии од банка однесоа 2 мил. долари.
Или невидливи арамии ја ограбија палатата на ХХХХ.
А што пак и полицијата стане невидлива,што прајме тогаш.
 
Да но проектов колку што има негативни толку има и позитивни страни,пример швалерите и швалерките не ќе мораат повеќе да се кријат во регали или да скокаат од тераса:pos:
 
Да но проектов колку што има негативни толку има и позитивни страни,пример швалерите и швалерките не ќе мораат повеќе да се кријат во регали или да скокаат од тераса:pos:
не си разбрал убаво,мора да носат,покривка-заштита,
за невидливост,а при швалерај може да се деси и ова:
замисли влегуваш дома а покривката му го открила газо на дупачот кој ја работи господичната мераклика,што следува понатаму да не си во негова кожа.
 
Како што видов, овие слики се само за демонстрација, и компанијава сеуште нема никакви докази понудено за веродостојноста на овој изум.. Искрено ја чекав ДАРПА да излезат со вакво нешто :D

само што овој изум,веднаш ќе дојде и до арамиите,
кои и ќе го почесто употребуваат,и секој ден на вести ќе има,
невидливи арамии од банка однесоа 2 мил. долари.
Или невидливи арамии ја ограбија палатата на ХХХХ.
А што пак и полицијата стане невидлива,што прајме тогаш.

Па види, ако оваа технологија излезе на пазарот, сигурно ќе излезе и некој контра стелт изум, за секој отров има и противотров. А и сигурно нема да биде толку лесно достапна за секој арамија да ја има, нели :)
 
Ќе се најде за во ЈСП, или кога треба да претепате некој, кој ќе се мрдне кога ќе види како самосвесна и осамостоена метална шипка му го менува не само физичкиот опис туку и ментално го реконструира во будала на кој никој не му верува.
Добро за војаери, платени убијци, армии, шпиони и фанови на Хари Потер.
А некој поголем напредок во лечењето на ракот и сидата да постигнеа?
 
Уште ова да го измислат и можам да си го исполнам сонот од детството а тоа е да бидам Хари Потер XD
 
Море остајте то, туку шо ако педерите станат невидливи :cautious:
Плус инспирација од прееска од она темата...Секое машко имал барем еднаш односи со друго машко :) :D
Иначе на овој материјал ке се создаде нешто контра односно некој наочари како да се препознае овој материјал така да ... џаба све :D :D
 
Ќе се најде за во ЈСП, или кога треба да претепате некој, кој ќе се мрдне кога ќе види како самосвесна и осамостоена метална шипка му го менува не само физичкиот опис туку и ментално го реконструира во будала на кој никој не му верува.
Добро за војаери, платени убијци, армии, шпиони и фанови на Хари Потер.
А некој поголем напредок во лечењето на ракот и сидата да постигнеа?

Да, сигурен сум дека ова ќе се продава на Бит Пазар, и ќе го купуваат деца кои сакаат да се шверцаат во ЈСП..

Брат, коментаров ти е тапа, науката е широка сфера со многу полиња, тоа ти е исто као да кажеш ниедна професија не треба да постои, сите лек за рак и сида да бараат. Мислам, нема смисла.
 
Затоа што луѓево низ светов не се испоубија доволно, па онака уште повеќе да го олеснат истото.
Затоа што војните низ светов не направија доволно штета, па онака да се осигураат дека традицијата ќе продолжи.
 
А што ќе кажеш на тоа дека оваа технологија би помогнала во борбата против тероризмот? Што ако прочиташ вест - "Стелт воините со помош на футуристичката технологија успешно разбиле гнездо на Ал-Каеда, и спречиле масовен терористички напад. Притоа терористите немале никакви шанси и билансот на загинати војници изнесува 0". Што ќе кажеш на тоа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom