Е па да ми извиниш ама јас се сметам себе за поцивилизиран него некој амер или енглез, француз, италијанец, што 20 века наназад континуирано окупираат територии и убиваат невини луѓе.
И затоа сметам дека не треба да поминат неказнето, и би бил презадоволен да доживеат барем 1% од мизеријата која тие им ја нанесувале и сеуште им ја нанесуваат на другите народи во светот, можеби така ке разберат дека и не е се во парите и моќта т.е надмоќта над другите.
Ние Македонците, никогаш не сме одлучувале за ништо, а и да сакаме нема да одлучуваме, затоа што сме мал и мирољубив народ.
Немаме ние комплекс на супериорност и доминација како што имаат светските сили, конкретно САД, В.Британија како најискомплексирани, и Франција, Шпанија, на 3-4 место по искомплексираност.
А надоле следува остала такозвана "елита" (за мене шабанарија) за да стигнеме на дното на таа листа каде се наоѓа Србија, Бугарија, Албанија и Грција. Не дека последниве не се искомплексирани, него овие и не можат да одлучуваат и нивните намери да ги направат реалност. И тие се ко нас мали, разликата е во тоа што тие сакаат да крадат и окупираат, а ние не.
Косово не го спомињам во листата пошто Косово е дел од Србија ако реално правиме муабет, американците им го поклонија тој дел на “брача Косовари“, ништо правно тука нема, се е криминал, исто ко што Македонија ја поделија светските сили, што значи осамостојувањето е неважечко, и никогаш нема да биде важечко, барем за мојот ментален склоп. Да се одовеја како ние што се одвоивме од Југославија, со легален и исправен референдум, ќе признаев нова држава, но вака, не доаѓа во предвид.
Ние, тоа што е наше сакаме да си остане наше, туѓо не сакаме, свое не даваме. Сега појасно ти е?