Вахабизмот е настанат во време кога Арапскиот полуостров бил во склоп на Отоманската империја,во тоа време имало големо незадоволоство кај локалните Арапи.За подетално да ги спознаеш социјалните услови во кои се јавил вахабизмот и политичко-општествените услови во тоа време,имаш доста материјали на интернет.Тој не е креиран од Запад,но мислам дека Западот суптилно го подржува бидејќи му одговара ваква ситуација,кога цело време има тензии,на сите делови од планетата,посебно на делот каде има огромни нафтени полиња.Знаеш,стравот е секогаш најпогоден за манипулација на луѓето.Ти вчера ми се смееше,ме правеше малоумен,сам знаев дека ќе има такви членови кои ќе ме исмеваат,но само запрашај се една работа-мислиш дека Европа не може да се справи со ширењето на радикалниот Ислам на нејзино тло?Ако може,а сум прилично сигурен дека може,бидејќи само една Британија претставува веле-сила која сеуште има колонии низ светот,тогаш зошто го дозволува тоа?Не навлегувам во заговори,не ме сфаќај погрешно,само се обидувам здраворазумски да размислувам,бидејќи ако не размислуваш тогаш ја голташ секоја работа која ти ја сервираат медиумите,а знаеме колкава е нивната моќ.Зошто се оставаат вахабиите така ноншалалантно да хараат и котат низ Европа,а нејзе демек тоа многу и пречело?Надоврзи ги тука и економските услови,кои факт е дека ќе се влошуваат во иднина и не треба да си многу паметен,ако си учел историја барем малку,да предвидиш што ќе се случи во некое одредено време,дали за 10 или 20 години.