Ски патеки на Водно

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
По вештачки град нема веќе од нашево Скопје. Ни ставија плажи и ски центар па сега. Тоа е се во ред, и е за радување, ама што мајка бараат на места кои не се погодни за намената. Плажа на Вардар, јас колку што знам плажа е местото каде што ќе се одмориш малце и местото каде што ги оставаш работите за да се БАЊАШ. Тука кај да се бањам, во лабаво да гњурам? Ајде тоа било поминало, ама па сега ова. Одлична е идејава да се изгради една ски патека, ама не на ВОДНО. На што да скијам, на гранки и на трули голуби? Кој снег на Водно ќе го има? Тоа сега на вакво време нема снег на Водно, а на високине планини до колена. Некој спомна вештачки снег. Дали стварно мислите дека еден вештачки снег може да ги задоволи корисниците на таа ски патека? Тој вештачки снег што го има на повисоките планини и на веќе познатите ски центри се само колку да пополнат некоја дупка, не е се 100% вештачки снег. На тие планини по дифолт си има постојан снег, вештачкиот се користи за колку да се рече и колку да се уреди малце. Ама ајде, белким знаат што прават. Можеби си имаат се прерачунато, па им се исплати. Незнам, како и да е, во главно не ми се свиѓа проектов, ама тоа е тоа.
 
Ќе има на водно и патека и снег за скијање.
И не е ЦЕЛ СКИ ЦЕНТАР, како што се обидуваат некои овде
да ја надуваат работата. Убаво си пишува насолов: СКИ ПАТЕКА.
На кого му е исто Ски Центар и Ски Патека нека си напраи лоботомија
и тоа сам. Глупаци.
 
Само мене ми се допаѓа идејава? :)
Не, тука сум некаде и јас. Единствено на Клипче му го признавам аргументот, сите други се само мрчатори. Само се кука дека можело за подобро да ги искористат парите. За што? За лекови, болници, амбуланти? Станавме нација на болни. Гледам низ Скопје насекаде графити "Грујо батали споменици, дај лекови". Преку АлАх више од лекови и болници. И преку АлАх од цмиздрење за вработувања. Работа има за оној што е способен да ја најде. Јас кога барав работници за во сервис, ми доаѓаа недоквакани студенти и ми бараа 450 евра почетна плата а освен форматирање не знаат ни да бекнат. Има во земјава и здрави луѓе, добро ситуирани кои сакаат да уживаат во животот, да видат по некоја знаменитост и убавина, а не само аптеки и фабрики.

И јас сум за патекава бе, ако успеат да изнајдат решение за недостатокот на снегот, што во денешно време не е тешко. Неколку снежни топови ќе завршат работа. Еднаш месечно да отидам со санка горе, мене ми е доста, побитен е фактот што не морам да млатам километри до попова шапка за тој еден ден. Не се сите професионални скијачи, не им треба на сите слалом патека. Некој едноставно сака да се издува, да се спушти 2-3 пати, да се напие топло чајче и да си замине дома. И што има лошо во тоа поѓаволите?

И гледам некни некој ропак пишал коментар поврзан со новиот луна парк, во стил "Премиере каде ќе го сместите Дизниленд".. Па да ти се плукнам во комунистичката депресија, ако на него му е животот толку беден и монотон што не може да си дозволи забава, не значи дека сите сме такви. Јас за rollercoaster морам дури до солун да идам. Прв пат јавав механички бик во Прилеп. Да отидеш во луна парк со фамилија кај нас во Скопје важи за екстремен спорт кога ќе се видат тие реквизити во фаза на распаѓање. Да ти е страв да се качиш на вртелешка, целата расклатена, само чекаш момент да ти се откачи количката и да те џитне накај Вардар.
 
Ќе има на водно и патека и снег за скијање.
Е ко ќе ојш да се скијаш, ќе пишиш овде да те видиме.
И не е ЦЕЛ СКИ ЦЕНТАР, како што се обидуваат некои овде да ја надуваат работата.
Жичара и патека за скијање. Не е цел ски центар, 1/8 е.

Само мене ми се допаѓа идејава? :)
Мислам дека попаменто ќе беше да се напрај патека за точаци (downhil) која на зима (со амин од дедо боже) ќе се користи како делче за трчање со скии и слични такви дисциплини.


Ако има само намена само за скијање, промашена инвестиција е.
 
Јака глупост...
Мислам , Ок, да го прави приватна фирма, па нас другите да не не интересира економска исплатливост е едно, ке отидеш еднаш/двапати во годината и ке речеш убаво.....

Значи....
На Водно не може да функционира ски центар, па ни ски стаза...
Ова се чито перење пари и замачкување очи на прост народ.
Да му кажеш на некој што се разбира од ски стази за правење на вакво нешто на висина под 1000 м, ќе ти се смее.

Прво Водно е многу ниска планина ( ако е планина ?). Мислам дека средно Водно е некаде 500 м?.
Колку време држи снег ? 5 дена?
За да функционира стаза треба минимум 30 см снег , па да помине ратрак и да ја натапка стазата. После таа стаза треба да се одржува, пошто скијачи ја “амортизираат“.
Да не зборам бордери, што маме ебат на снегот....

Вештачки снег ? Треба топови за снег. За топот треба извор на вода. Да работи топот треба температура од мин. -5. Идеално е под -10 .
Не знам колку дена во годината има вакви температури на Водно.

Пример , Маврово има секоја година проблем со снегот на долниот дел на стазата. висината е 1300 м. Е сега, на Белички и Галички нема проблем до април, да. Ама висина 1800 м.
 
Ако веќе морат да ги потрошат парите зошто не направат на Скопска Црна Гора. Таму има снег поголем дел од зимата, во нормални зими. Ако веќе мора, инаку мене ми е многу и овој сабајлево што зароси. Ама СЦГ беше лево од Вардар.
Луцкасти идеи.
 
Луѓево не разбираат дека идат избори :facepalm: Не оти некој ќе скија сироти они незнаат пешки да одат ќе скијаат.
 
И не е ЦЕЛ СКИ ЦЕНТАР, како што се обидуваат некои овде
да ја надуваат работата. Убаво си пишува насолов: СКИ ПАТЕКА.
На кого му е исто Ски Центар и Ски Патека нека си напраи лоботомија
и тоа сам. Глупаци.
прочитај го текстот од првата страна.

"културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар, една од долгорочните визии и цели на Градот Скопје е изградба на современ и модерен скијачки комплекс на планината Водно којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти."

Цел Комплекс е идејата. Ако еден комплекс подразбира комплекс од објекти, пристап, помошни објекти и ред други работи...каде ќе го смести тој комплекс? Или ако не се работи за модерен комплекс, тогаш не се изразил добро градоначалникот. Ако градат само една уздолница....
 
Не оти некој ќе скија сироти они незнаат пешки да одат ќе скијаат.
Speak for yourself.

И не ми е јасно што се дига галама за една ски патека,не е цел ски резорт/центар,една патека е само за ски или борд ентузијасти.
 
Не, тука сум некаде и јас. Единствено на Клипче му го признавам аргументот, сите други се само мрчатори. Само се кука дека можело за подобро да ги искористат парите. За што? За лекови, болници, амбуланти? Станавме нација на болни. Гледам низ Скопје насекаде графити "Грујо батали споменици, дај лекови". Преку АлАх више од лекови и болници. И преку АлАх од цмиздрење за вработувања. Работа има за оној што е способен да ја најде. Јас кога барав работници за во сервис, ми доаѓаа недоквакани студенти и ми бараа 450 евра почетна плата а освен форматирање не знаат ни да бекнат. Има во земјава и здрави луѓе, добро ситуирани кои сакаат да уживаат во животот, да видат по некоја знаменитост и убавина, а не само аптеки и фабрики.

И јас сум за патекава бе, ако успеат да изнајдат решение за недостатокот на снегот, што во денешно време не е тешко. Неколку снежни топови ќе завршат работа. Еднаш месечно да отидам со санка горе, мене ми е доста, побитен е фактот што не морам да млатам километри до попова шапка за тој еден ден. Не се сите професионални скијачи, не им треба на сите слалом патека. Некој едноставно сака да се издува, да се спушти 2-3 пати, да се напие топло чајче и да си замине дома. И што има лошо во тоа поѓаволите?

И гледам некни некој ропак пишал коментар поврзан со новиот луна парк, во стил "Премиере каде ќе го сместите Дизниленд".. Па да ти се плукнам во комунистичката депресија, ако на него му е животот толку беден и монотон што не може да си дозволи забава, не значи дека сите сме такви. Јас за rollercoaster морам дури до солун да идам. Прв пат јавав механички бик во Прилеп. Да отидеш во луна парк со фамилија кај нас во Скопје важи за екстремен спорт кога ќе се видат тие реквизити во фаза на распаѓање. Да ти е страв да се качиш на вртелешка, целата расклатена, само чекаш момент да ти се откачи количката и да те џитне накај Вардар.

Ама ај објасни ми која е логиката на:

Правење ски-центар на ниска планина каде што ќе биде потребен вештачки снег за кој требаат дополнителни пари, кога на 50 километри западно имаш ски-центар со едни од најдобрите ски-патеки во екс-ју државите, а на уште 20 километри плус од тоа имаш уште еден ски-центар со солидни природни капацитети?

Ајде кога веќе решиле парите да ги употребат за туризмот, нека инвестираат таму каде што е логично и потребно да се инвестира. Ски-патека во Скопје е чиста непотребна егзибиција која се коси со нормалноста.

Која е поентата на рекламната кампања „Мојата чудесна земја“ тогаш? Кога не инвестираат ништо? За нив на туристичката мапа постојат само Скопје и Охрид. Али нив политиката им е: Набутај све у Скопје! А тоа делува негативно и за двете страни, и за Скопје и за другите предели од внатрешноста.

Следно да очекуваме: Ексклузивно - Оризови полиња во Скопје!? Гроздобер во Скопје?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom