С
Сибињанин Јанко
Гостин
Истото го прават и американците со глорифицирање на каубојците, Албанците со личности кои не се дури ни Албанци, Русите со Петар Велики (а за време на неговото владеење популацијата на Русија се намалила за 40 %, додека пак за време на историски негативната личност Иван Грозни популацијата се зголемила), потоа со современите личности од Српската и Хрватската историја и т.н. и т.н.
Не викам дека не. За Балканците тоа се подразбира. Тука секоја држава си бара оправдување за своите експанзионистички политики. Исклучок се пар историчари, бар според мене. И по Запад има субјективизам, особено во постарата литертаура. Иако, морам да признаам дека поновите изданија им се прилично неутрални и објективни. Баш лани читав една книга за историјата на исламот од еден англиски писател, и бев искрено изненаден од работите што таму ги изнесува. Човекот дури ги критикува христијанските цркви дека тие биле главните виновници за ширењето на исламот на Балканот. Во делот за исламизација на Босна во целост и изнесува една наредба на папата за „чистење“ на богомилите. Нешто што да речеме, пред 50-60 години беше незамисливо да се напише.