Национализација на шпанските електрани во Боливија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Браво паметен потег прво плинот/нафтата и дел од рудниците сега и електраните. Сепак за да направиш ваков чекор мора да имаш подршка од некој голем играч како што е Кина, Русија, Америка итн, во секој случај паметен потег кој ќе биде од корист на Боливискиот народ.
 
Овој Индијанецов е прав пример дека може и „без школо“ да се среди државата, ако се сака. Нашиве „магистри“ и „доктори на науки“ се целосна спротивност од Ево. Не дека ситуацијата кај нив е најсјајна, ама е далеку подобро од кај нас. Кај нас нема ниту патриотизам, ниту знаење.

Според мене, ова е паметен чекор, кој сака нека се буни. Идниината на народот и државата се најважни! Spain seeks 'legal security' from Bolivia.

„Morales said he was acting because Iberdrola charged more for electricity in rural areas than it did in cities, and service was also uneven.“
 
Вака се прекинува енергетската зависност на една земја. Многу храбар потег на Боливија во време кога на Шпанија очајно им требаат пари, Боливјците им го кратат на Шпанците бизнисот со енергенсите и електраните во Јужна Америка.
 
Тоа е земја кон која Македонија се стреми изгледа, каде што не владеат закони туку Лидерот. Може на повеќето луѓе оваа мерка им изледа убаво а и таква е таа популистичка но тоа не значи дека е добра. После ваков потег ни 1 милион долари странски инвестиции нема да влезат во Боливија бидејќи никој не ви го гарантира правото на сопственост.
 
Јас лично иако ја подржувам и поздравувам оваа одлука на Боливија, сепак мислам дека ќе има мал негативен ефект врз земјата. Допрва ќе видиме каква ќе биде реакцијата и одговорот на Ибердиола. Но, она што е позначајно пораката што ја праќа Ево Моралес до сите потенцијални инвеститори : Вие можете да инвестирате, но вашата инвестиција нема да биде сигурна бидејќи никој не ви го гарантира правото на сопственост, владата утре комотно може со државен акт да ви земе се што сте вложиле. Јас да сум сопственик на компанија токму така го разбрал овој потег на национализација на боливиската електрана, што дефакто ги брка потенцијалните инвеститори од нивната земја.
 
Нема врска ова дека праќа негативна порака за идните потенцијални инвеститори, барем не за сите ..

Зошто овие одлуки за национализирање на Ево Моралес се однесуваат само на природните богатства и важните енергетски капацитети, сигурно нема да им земат на компанија на фирми како кока кола, некоја за делови итн да ја национализираат бидејки ете така сакаат. Плус и на тие што им одземаат им плаќаат за истото а проценката ја врши независен суд за вакви работи, значи ќе си платат ама понатаму нема да бидат зависни.
 
Тоа е земја кон која Македонија се стреми изгледа, каде што не владеат закони туку Лидерот. Може на повеќето луѓе оваа мерка им изледа убаво а и таква е таа популистичка но тоа не значи дека е добра. После ваков потег ни 1 милион долари странски инвестиции нема да влезат во Боливија бидејќи никој не ви го гарантира правото на сопственост.

Не, тамам работа... Ние сме држава со најуспешна приватизација и либирализација на пазарот, далеку сме ние од Боливија. Башка, нашите влади, со исклучок на првата, се составени од врвни експерти, од учени луѓе. Ние не дозволуваме некои к`о Ево да си играат држава.
 
Нема врска ова дека праќа негативна порака за идните потенцијални инвеститори, барем не за сите ..
Хипотетичка ситуација: Ти како сопственик на компанија дали би ризикувал во време на светска економска криза да инвестираш во земја како Боливија во која не се почитува правото на приватна сопственост ?
Зошто овие одлуки за национализирање на Ево Моралес се однесуваат само на природните богатства и важните енергетски капацитети, сигурно нема да им земат на компанија на фирми како кока кола, некоја за делови итн да ја национализираат бидејки ете така сакаат. Плус и на тие што им одземаат им плаќаат за истото а проценката ја врши независен суд за вакви работи, значи ќе си платат ама понатаму нема да бидат зависни.
А кој гарантира дека тие одлуки за национализирање нема да се прошират и кон останатите сектори? Овој Моралес е тежок социјалист и левичар , утре може и такво нешто да му текне да направи, целото производство во земјата да се потпира врз државната сопственост.
 
Тоа е земја кон која Македонија се стреми изгледа, каде што не владеат закони туку Лидерот. Може на повеќето луѓе оваа мерка им изледа убаво а и таква е таа популистичка но тоа не значи дека е добра. После ваков потег ни 1 милион долари странски инвестиции нема да влезат во Боливија бидејќи никој не ви го гарантира правото на сопственост.

Ти изгледа не си разбрал дека народот е тој што се става на прво место, бидејки народот ја прави државата.
Терминот популизам значи да се прави нешто во полза на народот, термин кој соросоидите го спомнуваа во негативна конотација.
Чија треба да биде државата, на народот или на странските корпорации?
Еби ги странските инвестиции, кога сметката за струја ми е 10000.
 
Нивото на глупост евидентирано во овој пост ги надминува дури и балканските стандарди.

.
 
Глупост е кога ке осудиш нешто за глупост, а нема да дадеш контрааргументи за тоа.
И?
 
Какви аргументи,какви контрааргументи,какви дискусии и такви глупости.Не ни планирам да се замарам затоа што ќе значи само неколку десетици постови и ништо друго.

Има моменти кога треба да му се каже на човек "глуп си" па сам нека си размисли зошто со своите дела го заслужил тоа.Прочитај си што напиша размисли малку па ако не си глуп ќе сфатиш зошто тоа што го напиша е комплетна глупост.

Во тој случај, што бараш овде?
Целта на форумот е дискусии аргументи итн.
Извини вака, ама глуп си што воопшто си го направил accountot.:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom