Чудни обичаи што треба да донесат среќа

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Германија

0,,16426653_303,00.jpg

Во цел свет има различни обичаи со кои луѓето ја испраќаат старата и ја пречекуваат новата година. Обичаите за среќа играат важна улога. Во Германија луѓето си подаруваат фигури на оџачари и на прасиња, или пак - топат олово. Загреаното олово го фрлаат во ладна вода. Притоа се создаваат форми кои, според верувањето, ја претскажуваат иднината.


Шпанија

0,,15924343_303,00.jpg

Во Шпанија на 31 декември насекаде се продава грозје. Дванаесет зрна грозје треба да се изедат точно на полноќ, по едно на секое од 12-те отчукувања на камбаните. Зрната треба да бидат изедени додека запре отчукувањето, или во спротивно се заканува несреќа. Освен тоа, жените таа ноќ носат црвена долна облека за во новата година да цути љубовта.


Гејлада

0,,16365666_303,00.jpg

Гејците во ноќта спроти Нова година играат карти за пари. Оној што ќе победи не мора да се грижи за финансиите во новата година. Кој ќе загуби, немал среќа. Но има втора шанса. Оној што ќе ја најде паричката во новогодишната пита, ќе има среќа цела година. Гејците фрлаат и калинки на земја - тоа според верувањето носи богатство и среќа.


Бразил

Бразилците негуваат многу традиции поврзани со среќата и доаѓањето на новата година. На Нова година луѓето се собираат на плажа и скокаат над седум бранови. Тие носат бела облека, затоа што таа носи среќа, а бојата на долната облека е израз на тоа што си посакуваат во новата година. Црвена значи љубов, бела - мир, а жолта - пари.


Чиле

0,,4753762_303,00.jpg

Во Чиле шампањското на полноќ на Нова година не смее да се истура невнимателно, зашто на дното од шишето има прстен кој наводно носи среќа и благосостојба. Многу Чилеанци палат кукла од стари алишта, во чиј џеб има список на сите неуспеси од годината што минува. На полноќ куклата се гори, а со нејзе се горат и неуспесите.

Мексико

0,,16466248_303,00.jpg


Во Мексико, луѓето на полноќ, додека часовникот отчукува 12 пати, се шетаат со куфери по улиците, или вртат околу куќата, што наводно ветува патување во новата година. Среќа носи и метењето на тротоарот и приодот до куќата, по што метлата се гори, за да се изгори сета нечистотија од старата година.
--- надополнето: 29 декември 2012 во 20:56 ---
Аргентина

Многу фирми во Аргентина на крајот на годината се ослободуваат од товарот на изминатите 12 месеци. На први јануари старите документи и акти се уништуваат и се фрлаат од прозорците, така што целиот ден изгледа како да врне снег. Жените носат долна облека со розева боја, за во новата година да имаат среќа во љубовта.

Јапонија

Во Јапонија Нова година е ден на кој се плаќаат долговите и се враќаат позајмиците, за во новата година да се влезе без долгови. Среќа носи и јапонската мачка што мавта, Манеки Неко. Ако мавта надесно, тоа значи благосостојба, ако мавта со левата шепа, тоа значи среќа.

Русија

Русите ја слават Нова година како што Германците го слават Божик - со подароци под елката. Како амајлии за среќа си ги подаруваат животните кои се симболи во кинескиот календар. 2013-та година е година на змијата. Оној што посакува среќа подарува змија од плиш и се облекува во облека која „сјае“ особено многу, за змијата да биде задоволна.

Колумбија

Во Колумбија луѓето на Нова година легнуваат во када, но не за да се бањаат, туку да „наполнат“ среќа. Кадата е полна со ливчиња од рози. Розата значи и богатство и задоволство. Освен тоа, се јадат и 12 зрна леќа, за во новата година да се живее во изобилство.
 
most-ljubavi-i-katanci-u-vrnjackoj-banji.jpg
Мост на љубовта , ги има низ многу градови , заљубените парови си ја заклучуваат својата љубов така што ставаат катанец на мостот:)
 
Во Македонија според верувањата кај некои луѓе, за бериќетна и среќна Нова Година носат нов буџет.


most-ljubavi-i-katanci-u-vrnjackoj-banji.jpg
Мост на љубовта , ги има низ многу градови , заљубените парови си ја заклучуваат својата љубов така што ставаат катанец на мостот:)
Овде е заебано шо еден катинар е закачен на друг, компликации :icon_lol:
 
а во Бугарија што прават?!
--- надополнето: 29 декември 2012 во 21:11 ---
во Кина фрлаат мандарини во морето
 
Во Македонија според верувањата кај некои луѓе, за бериќетна и среќна Нова Година носат нов буџет.



Овде е заебано шо еден катинар е закачен на друг, компликации :icon_lol:
И на мене тоа ми текна :D тие се прељубници :LOL:
Не е лошо и ние да имаме еден ваков , ќе се зголеми продажбата одма на катинари :P
 
Кај баба ми и дедо ми на село за среќна и бероиќетна година колат јагне околу Божиќ.
Ќе одам на мевце :D
 
Во Италија долго време се сметало за задолжително во навечерието на Нова година да се исфрла стариот мебел преку прозорците и да се замени со нов . Тоа денес е доста ризично и веќе си измислиле по-безопасни начини за веселби. Традиционалниот Capodanno наложува на секој член на семејството да постави на прозорите запалена свеќа и монети за среќа. За да привлечат среќа, жените и мажите:eek: (!) облекуваат
црвена долна облека
 
МАКЕДОНИЈА (Вардар,Егеј,Пирин)
Во сите делови на Македонија таа вековна земја маченица,
на полноќ луѓето пијат маките да ги заборават,што овој свет
ним им ги создава и наутро не разбират каде ли се наоѓаат,
во која ли држава се разбудиле на овој безвреден свет.
А сонот заеднички им е, и во аманет оставен од предците.

Македонија по една Н.Г. - цела да е
 
Ова во Германија су го правел, интересна работа и стварно испаѓаат некојпат фигури али интерпретацијата е исто ко на кафе да гледаш ;)
 
Бразил

Бразилците негуваат многу традиции поврзани со среќата и доаѓањето на новата година. На Нова година луѓето се собираат на плажа и скокаат над седум бранови. Тие носат бела облека, затоа што таа носи среќа, а бојата на долната облека е израз на тоа што си посакуваат во новата година. Црвена значи љубов, бела - мир, а жолта - пари..

Откако ќе се соберат на плажа, замислуваат желба, па скокаат над 7 бранови и фрлаат цвеќе во морето. Така веруваат дека божицата на морето ќе им ја исполни желбата.
Исто така своите новчаници ги полнат со метални кованици со верба дека во годината што доаѓа ќе имаат повеќе пари :pipi:
 
Исто така своите новчаници ги полнат со метални кованици со верба дека во годината што доаѓа ќе имаат повеќе пари :pipi:
ова со монетите нешто слично ко кај гејците- каде е обичај на децатата да им дадеш што повеќе монети, но и чистење на каминот- и ставање ново дрво во 12 за успешна година :icon_lol:
 
Бразилците не позајмуваат пари на 31 декември и 1 јануари, затоа што веруваат дека цела година ќе имаат финансиски проблеми.
Јадат свинско месо затоа што веруваат дека свињата е динамично животно, па таква динамична година ќе имаат, не јадат пилешко месо, затоа што веруваат дека се што има пердуви (кокошка, мисирка) симболизираат сиромаштија и лоша материјална состојба.
 
002pgw6x


движечки елки накитени со ѕвонци - во селските региони на Швајцарија-
Им посакуваат се’ најубаво на секој на кој ќе наидат - пејат и танцуваат , а жителите им даваат храна , пијалок или пари Се смета дека посетата од ваквиот Клаус им помага да се избават од злите духови во домот
--- надополнето: 29 декември 2012 во 22:31 ---
.
.
а еве што пишува за Данците
U Danskoj, ljudi se penju na stolice i zajedno skaču tačno u ponoć kako bi odagnali lošu sudbinu. Danci imaju, takođe, običaj da razbijaju tanjire o vrata svojih prijatelja - što je više srče, više će biti prijatelja u novoj godini.

http://www.b92.net/zivot/vesti.php?yyyy=2012&mm=12&dd=29&nav_id=673327
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom