Еве како се прави миризлива свеќа од мандарина за минута

Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Локација
Љутице Богдана 1а
Наместо да ја фрлите кората од мандарината, направете од неа ароматична свеќа која прекрасно свети и убаво изгледа, свеќа која ќе направи пријатна атмосфера во вашиот дом.

mandarina.jpg


За да ја направите оваа убава и целосно природна миризлива свеќа, потребно ви е една мандарина и малку масло.

1. Засечете ја кората на мандарината по средината, во круг околу неа. Потоа нежно гурајќи со прстите излупете ја кората внимавајќи на тоа да остане цела.

2. Половината од кората на која се наоѓа рачката наполнете ја до една четвртина со масло (на видеото, користено е маслиново масло).

3. На другата половина внимателно исечете ѕвезда или круг низ кој ќе циркулира воздухот.

4. Запалете го стеблото (кое го имате во половината која предходно ја наполнивте со масло), задржете пламен се додека не се запали.

5. Поклопете со втората половија од кората на мандарината. Оваа свеќа ќе гори околу половина час. Внимавајте на горниот дел да не изгори, ако не сте направиле доволно голем отвор.


Погледнете како изгледа прекрасната миризлива свеќа од видеото во продолжение...

ИЗВОР
 
Миризлива свеќа лупни во каминот лушпи од мандарини ии..
 
Светиљкава ти е како за ноќ на вештерките, или по англиски халовен.
 
Но што кога ке овене мандаринава и кога ке се исуши ? Ке стане грда миризлива свеќа од мандарина..хаха :D :D
 
интересно и кул за терање романтики (y)

п.с. првиот коментар на видеово на јутуб :pos:
 
Наместо да ја фрлите кората од мандарината, направете од неа ароматична свеќа која прекрасно свети и убаво изгледа, свеќа која ќе направи пријатна атмосфера во вашиот дом.

mandarina.jpg


За да ја направите оваа убава и целосно природна миризлива свеќа, потребно ви е една мандарина и малку масло.

1. Засечете ја кората на мандарината по средината, во круг околу неа. Потоа нежно гурајќи со прстите излупете ја кората внимавајќи на тоа да остане цела.

2. Половината од кората на која се наоѓа рачката наполнете ја до една четвртина со масло (на видеото, користено е маслиново масло).

3. На другата половина внимателно исечете ѕвезда или круг низ кој ќе циркулира воздухот.

4. Запалете го стеблото (кое го имате во половината која предходно ја наполнивте со масло), задржете пламен се додека не се запали.

5. Поклопете со втората половија од кората на мандарината. Оваа свеќа ќе гори околу половина час. Внимавајте на горниот дел да не изгори, ако не сте направиле доволно голем отвор.


Погледнете како изгледа прекрасната миризлива свеќа од видеото во продолжение...

ИЗВОР
Супер,одлична идеја...а за да се каже ОДВРАТНО треба да биде...мислам дека коментарот е ОДВРАТЕН!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom