Блумберг: Наместо европеизација на Балканот, дали сега сме сведоци на балканизација на Европа?

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Блумберг: Наместо европеизација на Балканот, дали сега сме сведоци на балканизација на Европа?

getImageThumbnail.axd

“Капитал“ во целост ја пренесува анализата на Тим Јуда, автор и новинар кој пишува за надворешната политика и известува за Балканот за магазинот „Економист“, објавена во Блумберг


Во неделата Каталонците гласаа за нов регионален парламент и без разлика на поделеноста на гласовите за различни партии, едно нешто е сосема јасно: пoголемиот дел од избирачите сакаат референдум за прашањето дали да прогласат независност од Шпанија или не.
Сега ќе се види дали Каталонија ќе се оддели или не, но повеќе не е научна фантастика идејата за неколку години отсега да се зборува за „опашката на Шпанија“, „поранешна Белгија“ или „поранешното Обединето Кралство“.
Сето тоа најверојатно им е познато на сите кои знаат за распаѓањето на Југославија. Сличностите со падот на повеќенационалната држава на Јосип Броз Тито и сегашните сепаратистички струи во Европа се забележуваат на две нивоа.
Како прво, се јавува поделбата на Европската унија на југ и север и на второ место, постои поделба на југ и север во самите држави, на пример Шкотска наспрема Валонија во Белгија. И на двете нивоа, европско и внатредржавно, на „северњаците“ им е дојдено преку глава од финансирање на, како што тие сметаат, мрзеливите и расипнички настроени „јужњаци“. Таквото расположение јасно се гледа од начинот на којшто Германците зборуваат за Грците, за Шпанците, во тоа како зборуваат Каталонците за остатокот од Шпанија, Фламанците за Валонците и во случајот со Обединетото Кралство, ставот на Шкотите дека Лондон и ја зема нафтата на Шкотска.


Споредба со Балканот

Олаф Темпелман, поранешен известувач на холандскиот весник „Де волкскрант“ (De Volkskrant) за регионот на Источна Европа, неодамна направи споредба на ситуцијата на Балканот во 90-тите години од минатиот век со моменталната поделба на северна и јужна Европа. Тој смета дека Хрватска и Словенија прифатиле да придонесуваат за развојот на посиромашните делови од Југославија, Како Косово и Босна, „с додека има просперитет и населението таму не забележува дека има подлабока меѓусебна поврзаност со останатите региони“.
Кога средствата се потрошиле, високозадолжената Југославија почнала да преминува од една финансиска криза во друга и да се менува. „Јасно е дека слоганот која сега се користи во Северна Европа, ’ниту цент повеќе за нациите на лукот’, многу наликува на словенечкиот слоган од тоа време, ‘нема повеќе пари за зоната на бифтекот’”, напиша Темпелман.
Холанѓанецот отиде и подалеку во своите размислувања, посочувајќи на националистичките и крајно десноориентирани лидери, кои се појавуваат на насловните страници во државите погодени од кризата во Европа, и луѓето кои дојдоа на власт во Југославија во 90-тите години, како Слободан Милошевиќ во Србија и Фрањо Туѓман во Хрватска.
Таквите сличности веќе одамна им се јасни на луѓето од Балканот. Дури во Србија за нив се дискутира со доза „шаденфројд“ (schadenfreude-радост). Уште во времето кога се распадна Југославија многу Срби тврдеа дека ваквиот нагон за поделби, кој се проширил како рак-рана во нивната земја, ќе зафати и други делови од Европа ако не се внимава. Сега некои Срби сметаат дека се во право, дури и ако ова тврдење е погрешно – Милошевиќ сакал да создаде Голема Србија, а Туѓман, Голема Хрватска, но Каталонија и Фландрија немаат такви амбиции.
Пред речиси една година српскиот новинар Момчило Пантелиќ ги опиша тие сличности во „Политика“, водечкиот белградски дневен весник. Зборувајќи за проблемите во Европа, тој забележува дека моменталните дискусии за поделена Европа наликуваат на фаталните предлози од 80-тите и 90-тите години од минатиот век за претворање на Југославија во „асиметрична конфедерација“. Тој вели: „Во таа смисла, и слоганот ‘братство и единство на југословенските народи’ е сличен со денешниот став во Брисел, имено, дека заедничките интереси треба да надвладеат над националистичкиот непријателски однос и над разликите“.


Ротирачко претседателство

Пантелиќ, исто така, направил паралела меѓу неизбраната комунистичка бирократска власт во Југославија и водачите на Европската унија денес и тешко е да не се забележи европскиот систем на ротирачко претседателство со ЕУ меѓу 27-те земји-членки и југословенското ротирачко федерално претседателствување, кое се менувало меѓу шесте републики и двете автономни провинции.
„И во двата случаи стравот дека државите со побројно население ќе имаат преголемо влијание го спречува воведувањето на принципот еден граѓанин-еден глас“, вели Пантелиќ. Европејците гласаат за претставници во Европскиот парламент, но правата на Парламентот се строго ограничени.
Еден аргумент кој често се користи против некоја, ако не и против сите споредби од овој тип е дека модерните европски држави се демократски, а Југославија не била. Но, колку и да сакаат некои луѓе да веруваат во тоа, Србите на слободни избори гласале за Милошевиќ, а Хрватите го избрале Туѓман.
Бидејќи Балканските војни завршија во 1999 година, европеизацијата на поранешна Југославија се сфатила како неизбежен чекор. Идејата е мирот, стабилноста и безбедноста да се осигураат во државите кои настанале по распаѓањето со нивниот влез во ЕУ. Поранешната југословенска република Словенија се приклучи на ЕУ во 2004 година, Хрватска ќе влезе идната година, а другите ги следат во чекор со различна брзина. Од друга страна пак, таквата балканизација на Европа ќе создаде ситуација во која група релативно мали држави се борат да успеат во конкуренција на цел свет, а поделената Европа е бессилна за да ги брани нивните интереси.
Но, сето тоа не значи дека сега Шпанија, Обединетото Кралство и Белгија ќе почнат да применуваат насилство, ниту пак, дека расцепкувањето на Европа, во смисла на тоа да се раѓаат нови држави како што се распаѓа Европската унија, е неизбежно.
Сепак, налудничаво е целосно да се отфрлат таквите опции. Во доцните 80-ти години и во Југославија било незамисливо да се појави таков конфликт во Југославија. Етничкиот и националниот популизам е привлечна тема за политичарите кои се борат за превласт, како поинаку би можел Милошевиќ, комунистички лидер, да го избегне трендот во Источна Европа и да се задржи на власт повеќе од една деценија по падот на берлинскиот ѕид. Ваквиот популизам е еден вид бегство на луѓето од нивните реални финансиски проблеми, како и шанса да видат дека и „поскапите“ имаат проблеми.


Нереален развој на настаните

Ако ја приближиме југословенската ситуација до денешните настани, европските сепаратистички движења нема да доведат до тоа што очекуваа повеќемина.
Своевремено Југославија била силна европска држава, налик на Шпанија и Обединетото Кралство денес, а ЕУ е светска сила (без оглед на тоа што моменталните проблеми го ограничуваат нејзиното внимание во регионот). Седумте држави кои се создадоа со распаѓањето на Југославија сега се уназадени во културна и социјална смисла, со пад на популацијата. Тие речиси немаат право на глас во светски рамки и токму затоа од збор до збор ги почитуваат правилата и нормите поставени од страна на другите, особено од ЕУ.
Европската унија и државите-членки на кои сега им се заканува внатрешна поделба мора да пронајдат нови и функционални модели на соработка. Ако се размислува со ладна глава, тоа не е невозможно. Ако не, алтернативата е балканизација на Европа, што навистина би било трагично.
http://www.kapital.mk/MK/region/903...izacija_na_evropa_.aspx#.ULX-m5cxpYM.facebook
П.С Администраторите на Свет да не ја спојуваат темава со некоја друга зошто оваа дискусија заслужува посебна тема. Зошто многу пати се спојувани теми кој биле доста различни.
 
Нешто ги нема типовите на форумот што плачеа да смениме име идентитет и се по список за да влеземе во Нато и Еу. И после да ни доаѓаат шлепери на плоштад пред божиќ да фрлаат вреќи со евра , а ние после да им писнеме да ги трошиме парите.
Нешто изгледа не одговара темава од влијателен светски медиум па сите ќутат.:) Интересно. Да беше веста од некој Македонски медиум одма ќе залепеја етикети дека не попречува во евроатланските интеграции и како таму рози цветаат, а нас не лажат дека се они пред распаѓање:) Интересно во секој случај
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 18:16 ---
Нешто ги нема типовите на форумот што плачеа да смениме име идентитет и се по список за да влеземе во Нато и Еу. И после да ни доаѓаат шлепери на плоштад пред божиќ да фрлаат вреќи со евра , а ние после да им писнеме да ги трошиме парите.
Нешто изгледа не одговара темава од влијателен светски медиум па сите ќутат.:) Интересно. Да беше веста од некој Македонски медиум одма ќе залепеја етикети дека не попречува во евроатланските интеграции и како таму рози цветаат, а нас не лажат дека се они пред распаѓање:) Интересно во секој случај
 
Па вие бевте тие кои викаа дека Економист немале поим ;)
 
Балканизацијата на Европа ќе следува дури кога ЕУ ќе се најде на врвот на својата моќ, а тоа ќе се случи кога ќе се исполнат следните услови:

- Кога монетарната политика на сите држави членки на ЕУ ќе биде во целост уредувана од страна на банкарите во Европската Централна Банка;

- Кога законите на сите држави членки на ЕУ во целост ќе бидат донесувани во Европскиот Парламент по потреба на членовите на Европската Комисија;

и на крај, шлагот на тортата:

- Кога ЕУ ќе мутира во Европска Федерација, а потоа и во Европска Империја.

Така беше со Советскиот Сојуз, кој се распадна кога се најде на врвот на својата моќ и на своето постоење, така беше и со Југославија, а така ќе биде и со ЕУ, а ЕУ сеуште не е го достигнала својот врв за да и се случи балканизација на Европа.
 
Денот кога Европа ќе биде Балканизирана ќе биде тажен ден за човештвото.

Двете светски војни започнале, се одвивале и завршиле на Европско тло, зошто да ја кршиме традицијата и Третата да не биде по исти пример на другите две? Ова очекувам да се случи во наредните 10 до 20 години максимум. Ако не се случи до тогаш значи сме ја научиле лекцијата...
 
Балканизација како поим не го разбирам.
Она што се нарекуваше, до почетокот на 20 - иот век Источно прашање сега веројатно се нарекува балаканизација, а тоа е секоја нација сака своја држава.
Во Европа е нешто друго. Бидејќи некои држави стануваат економски нестабилни, побогатите провинции сакаат да се осамосталат како не би давале ништо на посиромашните провинции
 
колку што балканот ке се „европизира“ толку и европа ке се „балканизира“ - нормално е едни од други да учат на своите грешки недостатоци предности добивки и слично - само прашањето е кој што ке научи и колку вреди тоа што некој ке го научи.
 
Денот кога Европа ќе биде Балканизирана ќе биде тажен ден за човештвото.
Веќе е балканизирана, само кај нас нема новинар што ни ја соопштил таа вест. Зошто после тешко ќе му кажеш на народот дека местото му е во Еу.:) Двојни стандарди, се рапсраваат како цигани за било која работа не можат да се усогласат по ниедно прашање, членки на еу се закануваат на други дека ќе им воведаат визи. За членки како Бугарија и Романија кој и ден денес ги немаат исполнето стандардите за влез во еу се членки на Еу. А Македонија без разлика што не е членка на Еу и што ги нема почнато преговорите со еу.,за многу стандарди има понапред отидено и од Бугарија и Романија. Во Парис депоритаат Роми и со булдежери им уриваат цели населби а нас ни зборат човекови права и 1000 други примери. Еу се залага за слобода на говор слобода на изразување , демократија, а се однесуваат како фашисти ти викаат смени име и идентитет па ќе влезеш кај нас кај истите тие што на врвот на европски вредности им е право на изразување, идентификување , право на избор итн. Еу се распаѓа од самата нејзина дволичност и двојни стандарди.
 
. . . За членки како Бугарија и Романија кој и ден денес ги немаат исполнето стандардите за влез во еу се членки на Еу. А Македонија без разлика што не е членка на Еу и што ги нема почнато преговорите со еу.,за многу стандарди има понапред отидено и од Бугарија и Романија.. . .

Интересно, кои са тие стандарди?
 
Ти збореше за стандарти па ми стана интересно.
Та кои стандарти?
Па вашите стандарде кои това ви ги дадоа од европеискиот сојуз за да флгнете при нив, а вие флегнате без притоа да ги испоните стандардето од европеискиот сојуз, как последица на тази одлука мамкате им ебавте од злоупотреба на европеиските фондове, при шчо едно време ви ги повлекоа тази средства, и многу пари Германска , Француска си кажааа дек прерано ве примиле во евопеискиот сојуз и дека и тогаш и сега не сте ги исполљавале критериумите за влез во евопеискиот сојуз. Ви и тогај и сега сте најмафијашка држава не само при европеискиот сојуз туку и при Балкано. Так иди во Брисел продавај тази европеиски приказне. Во средина на девесеитите ние ви ебавме жените по софиските улици , сга французите и германците ви ги ебат жените при нив , ама ви сте истото гомно што сте биле и преи. Поздрав и намалите со извозот на жените. Зошчо че станете како грците мало друштво педера.:)
 
Па вашите стандарде кои това ви ги дадоа од европеискиот сојуз за да флгнете при нив, а вие флегнате без притоа да ги испоните стандардето од европеискиот сојуз, как последица на тази одлука мамкате им ебавте од злоупотреба на европеиските фондове, при шчо едно време ви ги повлекоа тази средства, и многу пари Германска , Француска си кажааа дек прерано ве примиле во евопеискиот сојуз и дека и тогаш и сега не сте ги исполљавале критериумите за влез во евопеискиот сојуз. Ви и тогај и сега сте најмафијашка држава не само при европеискиот сојуз туку и при Балкано. Так иди во Брисел продавај тази европеиски приказне. Во средина на девесеитите ние ви ебавме жените по софиските улици , сга французите и германците ви ги ебат жените при нив , ама ви сте истото гомно што сте биле и преи. Поздрав и намалите со извозот на жените. Зошчо че станете како грците мало друштво педера.:)

Не ми одговори на прашането!
Прочетох само бла бла бла . . . . ви ебехме жените . . . бла бла бла. :pos:
Пак ке те прашам - кои стандарти Македониjа ги има покриено а Бугариjа ги нема?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom