- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Голем.проблем?
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 21:24 ---
Не го рачунаме. Клучниот збор е ддв. Огромен дел од парите (можеби и најголемиот дел) државата ги добива од ддв и акцизи. Сега размисли дали не плаќаат. Многу студенти работат и со свои пари купуваат работи. А и да не работат 20% од џепарацот им го зема државата.
Од друга страна имаш студенти кои во своите 20 и неколку години направиле за државата многу (спортисти, научници итн.).
Без разлика на се бесплатниот превоз на студентите им е потребен и го заслужуваат.
Абе ајде.
Колку од нив легално работат?
Само вонреден студент може да работи пријавен. Останатото што не работи легално, по кафичи, не плаќа данок никаков.
И да, пензионерите се тие со чии пари се направило многу, тоа што тие самите злоупотребуваат, не значи дека они ништо не направиле и дека ништо не треба да добијат.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 21:26 ---
PurplePuma
За првпат не се согласувам со тебе, многу нефер коментар. Како може да мислиш дека сме трошок на државата кога немаме никакви придобивки од неа? Намалиле партиципациjа но затоа бараат оригинал книги 1000/2500 ден., државата ми дава пари за нив? Можда на ФИНКИ и ФЕИТ учат од скрипти и не ги тормозат финансиски но на Економски ни jа вадат душата. 200 денари за обичен лист хартиjа, 1500 денари непотребни давачки, административни такси а бесплатен превоз JОК. Студентите немаат никаква придобивка од статусот „студент“ или „академски граѓанин“. Ние што треба да бидеме движечката сила за развоjот на Македониjа, сме наjзапоставени и без никакви олеснувања.
Иначе ќе продолжам да плаќам карта од 35 ден., нема да ризикувам да ме фати контрола затоа што во Чаир контролата е и повеќе од контрола. А совет до Прилепчанецо, нека си се шверца колку што му душа сака, кога ќе го репнат 300 ден. сам ќе трча да извади картичка.
Само заради тоа што немам многу пари не значи дека треба да му го кратам лебот на некоj друг (шофер што вози 12 саати во денот и што трпи секакви ретардирани у автобусот). 35 ден. ќе се наjдат, нема да идеш да акаш по кафичи и дискотеки, ќе намалиш цигари, наместо 5 кутивчиња дурекс ќе земеш едно и така..
Полека другар, зборувам за средношколци. Не за самите студенти.
Факултетот не е задолжителен, со тоа не е бесплатен, и не гледам зошто би бил бесплатен.
Како што знам средношколците бесплатно се возат и добиваат книги, нели?
А што мислиш, кој ги обезбедил тие средства? Самиот средношколец, или неговите родители баби и дедовци?
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 21:29 ---
Забораваш дека постојат студенти и средношколци со летна или викенд работа во местата на студирање и така финансирале студии.Еве во Охрид во секој угостителски објект барем по еден студент од страна во персоналот, надвор од летна сезона.Се поголем е бројот на такви луѓе.
За тие средства платени со пари од родители, нека добијат родителите бесплатен превоз, ако се негде 55-60 години блиску се со пензионерите по давачки...
Eee во нешто се согласуваме, барем во основатаГолемината на системот е да добиваш поддршка, а не само обврски и цедење.Ако едни добијат нешто бесплатно, а други не, ќе си најдат начин ‘да се снајдат‘ веројатно поради некоја дискриминација.А постојат и ‘полоши‘ категории од пензионерите во користењето ‘бесплатен‘ превоз.
Родителите се најдискриминирани, ако веќе така зборуваме.
Плаќаат давачки, и за себе и за своите деца, а ништо не им е бесплатно, плус имаат реална потреба секојдневна да користат превоз.
Дефинитивно студентите кои живеат во 90% на нивен грб, не се подискриминирани.
И пак ќе кажам, студентот кој работи ,,привремено,, најчесто не е осигуран, од причина што редовен студент не може да биде осигуран, па сепак, данокот кој се плаќа за него - го плаќаат родителите.