Шверцање во автобуси на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Не му одговара превозот затоа нека си се врати дома, а незнам дали е поступидно моето мислење или цела тема во која тој бара и што е најзаебано добива совети како да се шверца.
Абе сите ние глупави што плаќаме, ете тој се нашол паметен.
па и ти бе батка прочитај некои финти и вози се без пари.
како прво тој е дојден од друг град и нормално дека повеќе троши пари, а уште повеќе му требаат.
на секој студент му требаат пари ама на овие од други градови дупло повеќе. затоа прилепчанецов ги прашува овие што имале повеќе искуства со шверцање да му помогнат. пошто ја немам толку големо искуство со шверцањево, 3-4 пати, без да ме фатат, ништо не пишав ама кога видов ти што си пишал ме изнервира малку.
ако си и ти студент појден во друг град и ти читај и за тебе е од корист темава, е сега ако си контрола во ЈСП...друга приказна
 
И јас сум студен и на исти маки сме, ниту мене ми се плаќа. Иначе гледам те советуваат Албански да им збориш или да се праиш Косовар... не си играј со тоа ке го јадеш највеке. Еден од тројцата или колкумина и да се 100% ке ти проговори Албански. Најпаметна варијанта ти е точак, или једино ако си решен веке да се шверцаш, можеш да стоиш на врата и кога ке ги заприметиш да излезеш одма. Да го прашаш шоферот (демек си изгубил парите или слободната па дали може да те пушти, така и контрола да ти дојде ке отидете кај шоферот и ке се разберете) Ама оваа фора ке неможе вечно да успева, нели.

На крај краева кажи дека си од дом, со така малку тужен поглед и имаш некој проблеми не си во состојба да купиш билет. Нема никој да те рчка. :D Малце претерав и јас :D
 
Пошо сум студент во Скопје, и парите многу побрзо ми летаат отколку во родниот ми Прилеп, отворам (се надевам, една интересна) тема на тема шверцување во автобусите на ЈСП во Скопје. 6 пати неделно морам обавезно да патувам со автобус до факс и назад, башка потребите настрана и потребата од превоз за други активности. Па ако може да споделиме некои информации во врска со шверцувањето. Кога е најпогодно (отприлика, според ваши искуства) за шверцање ? Кога има инспекција ? Каква е инспецијата (во смисла, како можеме да ги препознаеме) ? Кои се казните за шверцање ? Каде иде инспекција ? Отприлика кое време ? Искуства и разни случки поврзани со насловот на темата се добредојдени. Знам дека не е етички да отворам ваква тема, знам дека можам да заштедам на пари ако извадам месечна или карта за 10 возења бла бла... али тоа е. Зарем не е неетички да им се даде бесплатен превоз на старците кои ама баш немаат никаква потреба (освен тие што имаат) да одат секој ден на пазар, по весник или до City Mall само за да заштедат 2,5 денари на киселото млеко, а на студентот кој секојдневно патува, на кого текот животот може да му биде сменет заради превоз или некоја друга потреба (а за кого знаеме дека е нон-стоп шворц).
Темата верувам дека е од интерес не само за студентите, туку и за било која категорија на луѓе - така да - пишувајте. Поздрав :)
Инаку за да се намали веројатноста дека ќе те фатат шверцај се со албански автобуси (контрола бега од овие автобуси) или од нашиве 5-та никад неам видено контрола у 5-та.
 
Инаку за да се намали веројатноста дека ќе те фатат шверцај се со албански автобуси (контрола бега од овие автобуси) или од нашиве 5-та никад неам видено контрола у 5-та.
У петка немало контрола? Секој втор ден има у таа 10 -15 за 7 што е. Ловат циганчиња најчесто од Ѓорче 2

Werther da da
 
Еден другар кога го фатило контрола се праел ретардиран,урлал како ненормален во автобус.Јес да не е смешно да се зејбава со такви работи,ама битно се снашол.:D
 
Го пишувам ова затоа што мислам дека е огромна перверзија една држава да плаќа бесплатно возење за пензионери кои не можат да допринесат ништо за општеството, а во исто време ги занемарува и запоставува средношколците и студентите кои се силата, иднината и мозокот на државата. Не оправдувам шверцање. Ако си некој што е вработен и зима плата, тогаш шверцањето е шамар за твоето достоинство. Со ова кажано, ако си студент што неможе да сврзе крај со крај или личност што постојано нема доволно кинта за у град, тогаш ова е еден од начините на кој можеш да заштедиш доста парички. Ако си некој што си се нашол без пари а не се возиш често во автобус, прашај го возачот дали може да те превезе две-три станици. Ако си културен најчесто се согласуваат.

Најчесто се шверцам во зимо кога има снег или е ладно и кога врне. Пошто обожавам да пешачам често шетам до факултет или одам со точак се додека дозволува климата. Овака правам уште откако почнав со факултет. Досега ме имаат фатено само двапати. Финтата е постојано да ги познаваш сите кривини и станици во рутата. Контролорите не носат веќе елеци туку носат кежуал облека. Лесно се препознаваат затоа што се двајца или тројца мажи што заедно чекаат автобус без кеси од пазар, и во работничко-кежуал облека (доста невообичаено, затоа што повеќето возрасни мажи имаат коли, а и да немаат нема ваљда у друштво да одат со автобус).

200 метра пред постројката ќе гледаш низ прозор да ги измеркаш сите што чекаат на станицата. Ако приметиш некои такви што не се вклопуваат со останатите младичи. баби и дедовци, полека и смирено, без паника си стануваш и излегуваш од автобусот. Се разбира, ова не е 100% издржлив систем затоа што контролорите понекогаш (иако ретко) знаат да се качат на сред улица. Како генерално правило, седнувај на првото седиште од десно после втората врата затоа што во исто време седиш повисоко и гледаш подобро кој чека на станица, на добро место си што значи можеш најсмирено за две секунди да излезеш од автобусот. А и плус седиш, иако ова не го препорачувам.

Е сега секој автобус си е приказна сама за себе.

Југословенските се прилично поволни затоа што имаат 3+ врати. Можеш да влезеш од каде сакаш, ако има место и ти се седи седнуваш на првото седиште после втората врата а пред третата врата. Ако тоа е зафатено, застануваш пред втората врата. Не оди позади, и не седнувај на никое друго. Затоа што е двоседно седиште, ако некој сака да седи до тебе, стани за да седне до прозор, затоа што инаку ќе бидеш затворен. Кај овие автобуси прозорите знаат да бидат проблем затоа што се често немиени и помали во споредба со модерниот или украинскиот автобус.
Овие автобуси ги ставаат најчесто на селски линии каде што се ствара огромна гужва. А бидејќи контролорите се прилично мрзливи луѓе, најчесто избегнуваат да влегуваат во автобуси каде што не се дише. Имајте го и ова на ум.

Модерните се исто така доста поволни затоа што имаат три врати. Тие се исто така поволни затоа што второто седиште после средната врата (ова нашето) е значително издигнато заради каросеријата на тркалото што значи дека можеш да добиеш супер поглед кој чека на станица. Исто така уште еднаш, бидејќи се двоседни, ако не можеш да седнеш на тоа за брзо бегање, воопшто не седнувај. Исто така добро седиште е последното од самите пред втора врата од лева страна. Ако и ова е зафатено стој на средна. Прозорите се големи, така не би требало да имаш проблем да гледаш све што се дешава надвор на постројка. Штета што се се поретки и поретки.

Украинските се не толку поволни затоа што нема добро место за седење. Второто седиште од средната врата кај овие е спуштено, така да не препорачувам да седите на него. Кај овие најдобро место е кај потпората за стоење што се наоѓа кај местото за стоење кај средна врата. Стоење и седење на ниедно друго место. Колку и да има гужва никако не се тргајте од средна врата. И кај овие автобуси стаклата се супер. И овие полека ги снемува.

Кинеските(двокатните) се вистински кошмар. Имаат две врати, неквалитетни стакла на кои после еден дожд не се гледа ништо надвор. Немаат место за стоење и се ризични затоа што вратата од каде што ќе влезат контролорите е истата од каде што ќе треба да излезеш ти. Како генерално правило овие ги избегавам како инкасација. Ако веќе морате да се возите во овие, седнете на првото двоседно седиште од страната за бегање. Стоењето кај средната е малце непријатно затоа што ако си повисок физикус ќе треба да се веднеш на секоја станица и многу е чудно. Горе никако.

Како финален совет, ако си испод 16 години, кога ќе се шверцаш не носи ништо во тебе, пари никако затоа што претресуваат и ќе ти ги земат парите. Ако си над 16 години и те фатат. и имаш лична карта, најдобро е да си платиш 200 денари. Мене ми се има случено да ме фатат и да им киднам низ задна затоа што возачот заборави да не отвара врата.

Со среќа, и не заборавајте: ако имате пари, платете, не бидете цинцари.
Пензионерите допринеле во минатото и тоа не треба да се заборави така да покрај јадните пензии мислам дека заслужуваат бесплатен превоз од неколку километри. Студентите и средношколците можат и пешки да се превезуваат. Инаку баш последниве две групи се најголеми паразити во нашава држава.
 
Пензионерите допринеле во минатото и тоа не треба да се заборави така да покрај јадните пензии мислам дека заслужуваат бесплатен превоз од неколку километри.
Но не и злоупотреба на тој бесплатен превоз како што е бесцелно мерење на градов и правење непотребна гужва.
 
Пензионерите допринеле во минатото и тоа не треба да се заборави така да покрај јадните пензии мислам дека заслужуваат бесплатен превоз од неколку километри.
И студентите во иднина ќе придонесат,па никому ништо.
 
Кога сме за снаоѓање вака да споделам и јас од creepy начините. Другар така видел дека доаѓа контрола накај него и има долга коса и наочари ама и бели влакна малце.... Ја пуштил косава, го покрил пола лице , наочарите, се поднавалил и се правел дека е стара баба некоја, се тресел таму демек паркинс има. No comment.
 
И после другиот дел од државава немале леб да јадат. Па нормално, се шверцаат луѓето по автобуси. Иди во Италија, Германија шверцај се.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 01:58 ---
Пошо сум студент во Скопје, и парите многу побрзо ми летаат отколку во родниот ми Прилеп, отворам (се надевам, една интересна) тема на тема шверцување во автобусите на ЈСП во Скопје. 6 пати неделно морам обавезно да патувам со автобус до факс и назад, башка потребите настрана и потребата од превоз за други активности. Па ако може да споделиме некои информации во врска со шверцувањето. Кога е најпогодно (отприлика, според ваши искуства) за шверцање ? Кога има инспекција ? Каква е инспецијата (во смисла, како можеме да ги препознаеме) ? Кои се казните за шверцање ? Каде иде инспекција ? Отприлика кое време ? Искуства и разни случки поврзани со насловот на темата се добредојдени. Знам дека не е етички да отворам ваква тема, знам дека можам да заштедам на пари ако извадам месечна или карта за 10 возења бла бла... али тоа е. Зарем не е неетички да им се даде бесплатен превоз на старците кои ама баш немаат никаква потреба (освен тие што имаат) да одат секој ден на пазар, по весник или до City Mall само за да заштедат 2,5 денари на киселото млеко, а на студентот кој секојдневно патува, на кого текот животот може да му биде сменет заради превоз или некоја друга потреба (а за кого знаеме дека е нон-стоп шворц).
Темата верувам дека е од интерес не само за студентите, туку и за било која категорија на луѓе - така да - пишувајте. Поздрав :)

Штом имаш пари да ги плаќаш студиите и сместувањето и шетањето во градов, сигурно имаш пари и за автобус. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom