Па еве ја да искоментирам како по обичај.
Почнавме катастрофално, одма у 2 минута ни дадоа гол и тоа по грешка на одбраната. До сега само Хајдук и Раднички ни немаат дадено гол кога сме играле со нив, другите сите. Очигледно е дека нешто не штима у одбраната.
После голот Сремците не се повлекоа туку си играа како до тогаш, стоеја доста високо и ни правеа проблеми при организација на напад, све до картонот, кој рака на срце според мене е сумлив, мора да видам снимката па да прокоментирам. После картонот, логично ги притиснавме и падна голот. Милијаш му ја остави на Миливојевиќ и овој ја распали од прва и покажа дека има одличен шут. До крај на полувремето имавме уште неколку шанси, углавном шутеви од далечина на Милијаш, Миливојевиќ и Чава и две одлични шанси на Мудри и Мрва, кои не ги искористија.
Второ полувреме почна, логично со наша доминација, aма овие некако одолеваа, пробуваа преку контра да не нападнат, ама ништо посериозно. И у тој период имавме неколку шанси кои исто, како и у прво полувреме беа шутеви од дистанца. Вториот гол падна негде у 71 минута, кога после една убава комбинација на нашите играчи му падна на нога на Миливојевиќ кој шутираше одлично и тоа со лева. После тоа ја смиривме ирата и не им дозволивме многу шанси, а пред крај шанса имаше и Бабаљ кој излезе сам на сам ама голманот го прочита.
Покрај трите бода задоволен сум и од играта на Миливојевиќ, све друго е за заборав.