Работата е далеку полоша од изборот дали ќе бидат црни или розеви вестите. Имаш неколку телевизии кои пласираат понекогаш груби манипулации и невистини (како на пр МРТ со момчето од што наводно било убено во грција) до тоа што одредени факти како пад на економија штрајкови на аман (макар биле и од сдсм) не им посветуваат ниту една минута по мене канал5 (со примерот на демек нема тон во емисијата со љубчо) сител (комплет) и мтв се провладини ама исто така и непрофесионални, додека телма, алфа и 24 вести се опозициски во рамкиоте на професионалноста(а1 последната година беше исто така непрофесионална) така да неможеш да правиш поделба со проста математика. Пример ти е со Љубчо Георгиевски кога направија манипулација дека му пропаднала партијата или дека се расформирала и не го даваа на ниту една пресконференција, а реално само 10 тина луге од таа партија преминаа во ДПМНЕ! и да не редам натака
Па значи добро заклучив, ако се вестите ајде да речам провладини тогаш се непрофесионални, додека ако цело време ја напаѓаат владата и се опозиционо настроени тогаш по автоматизам се професионални. А од кај беше ти беќар рече ??
Ако еден ден некогаш случајно дојде опозицијата на власт дали и тогаш сегашните професионални телевизии се уште ке бидат такви или автоматски телма алфа и 24 вести ке бидат непрофесионални, а сител да речиме која тогаш би била опозициска би станала попрофесионална ?
Ако се сменат улогите тогаш едноставно може да се заклучи дека уживаш во гледање и слушање на вести кои ти го рушат моралот и ти го ебаваат денот. додека ако пак останат професиоанлни и провладини тогаш на сите ни е јасно дека си ја тераш водата на кај твојата воденица( која случајно се наоѓа на бихачка).
За А1 не една година туку баѓи време беше далеку од професионална, дури и за Македонски стандарди.
Само ете ги помина некој црвени линии и замина во историјата. А ако зборуваме за последната година од нејзиното постоење тогаш таа го стигна дното на новинарството.
За партијата на Љупчо не вреди ни да се зборува, но веке кога сме кај тоа од каде си ти пак толку сигурен дека само 10 души преминаа. Од каде имаш ти пак таква информација, ете јас имам сосем поинаква. А и да се 10 да преминале, па во таа партија се двајца без тројца, знаш што значи 10 да преминат. Нема да можат состанок да направат , кворум ке нема.
Но батали политика, друго нешто испливува на површина.
Некако се наметнува мислењето дека според тебе вестите служат само да пренесуваат негативни информации, критика и во глобала се што не чини во едно општество. Тогаш за тебе тоа се прави вести и права телевизија?
Ете јас на пример сосем поинаку гледам на работите.
На пример на сосем солиден ден една лоша вест може да ти го еби цел ден, и обратно, на лош ден една добра вест може да ти го поправи денот.
Каква вест попрво би сакал да слушнеш?
Значи одвреме на време е пожелно да се слушни добра вест па макар била и напунпана, во секој случај многу подобро отколку да слушниш лоша вест исто така напунпана.
Дали тебе реално би те интересирало дека на другиот крај од државата некој згазнал некој со точак на мост на пример. Каква корист имаш ти од таква информација.
Или пак мене дека се степале во Скопје во автобус на пригратски превоз во некое село таму. Што корист имам јас од таква информација, кога ке одам Скопје да не се возам со автобус или пак ти да внимаваш на велосипедисти на мост?!?
Значи има вести и вести, и според мене не се сите вести вести, посебно не за на телевизија. Ако народот го труеш цело време со лоши и насилни вести тој ке стани параноичен и насилен. Колку за споредба имаше една емисија од Мајкл мур за насилството во америка и канада и зошто е тоа така. На крај заклучок беше дека се било до вестите кои се пласирани на народот. Ако ја немаш гледано досега погледнија, добра емисија беше.