Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ушрте да бараше разумна цена... се јавив ми вика: знајш дека е олдтајмер? 1200 евра бара, моторот е 220 дизел (насаден), шасиски е пепел а лимарија ништо не пасува од 115-ка со 4 врати.
Кола со типична македонска (балканска судбина).
Значи, веднаш надвор бензинецот од 2000 кубика (претпоставувам дека тој бил оригинално внатре), и влегува нафтена печка, одржувањето се сведува на прекрпување, колку да вози, некој си играл лимар и лакер како што ми се чини, а сопственикот мисли дека има природна реткост...
 
има некој на форумов со готова реставрација, јас искрено би сакал да почнам, кројам планови да реставрирам VW beetle од 70-тите :D
 
има некој на форумов со готова реставрација, јас искрено би сакал да почнам, кројам планови да реставрирам VW beetle од 70-тите :D

Се што ти треба кажувај...

Докторат можам да напишам на темата :D :D И јас сум во процес (штотуку започнувам) со оваа работа. Само мојата е од 60-тите :)
 
Кола со типична македонска (балканска судбина).
Значи, веднаш надвор бензинецот од 2000 кубика (претпоставувам дека тој бил оригинално внатре), и влегува нафтена печка, одржувањето се сведува на прекрпување, колку да вози, некој си играл лимар и лакер како што ми се чини, а сопственикот мисли дека има природна реткост...
Сепак е реткост па и во ваква лоша состојба и си ги заслужува парите. Кога еден голф 3 се продава за 3000 евра. И вака скапан повеќе вреди од еден зачуван фиат 1300 да бидеме реални.
 
Сепак е реткост па и во ваква лоша состојба и си ги заслужува парите.
Реткост во Македонија... оди наоколу да видиш колку ги има во Србија... така ги пресуваат. Јас можам да се кладам со тебе дека: за 1300-1500 евра, во странство се наоѓа сосема солдина шасија. Со парите шо треба да ги дајш по мајстори, ќе си ја увезиш. Мотор посекако треба да менваш. Мноооогу помала главоболка.

И вака скапан повеќе вреди од еден зачуван фиат 1300 да бидеме реални.
Реалноста ти е многу розова... Вака скапан и искубан, вреди 300 евра на отпад. Ништо повеќе.
 
Сум заинтересиран за да си направам едно количе по мој мерак и за мој ќеиф, парите за сега не се некој проблем и се одлучив да најдам нешто пристојно и поинтересно.
Значи ги поминав сите огласи и на 70-80 % добив одговор знаеш олдтајмер е.
Добро бе, ова до мене е или толку неписмена раја сме?
Како може да биде Олдтајмер кола што нема 35 години или пак ја утепал газдата/газдите со зилион км, е нема од ентериер, ш од школка останала, сменал мотор и богзнае што друго не е во возна состојба или не ја запалил 100000 години па веројатно е запечена и сега свршетак: олдтајмер е.
НЕ не е олдтајмер туку е целосно искористено возило кое го достигнало крајот на својот век и има вредност колку што му е тежината на рециклирачки материјали 200-300 евра.
Ако веќе праиме муабет за олдтајмери нели, прво треба да има историја колата која е позната на сопственикот, второ треба да е во најголем процент во оригинална изведба, трето треба да е целосно технички и естетски исправна.
Е сега ти му велиш сакам да ја земам за ќеиф, да си ја средувам нате-нане и тука има одговор е па супер е де. Кој СУПЕР кој КУ**Ц ?!! Тоа нема под, нема предница цело скапало-исчезнало а цена за смеа 1000+ евра алоооо!!! Ако некој по грешка се реши да ја разгледа ќе го испишмани нереалноста на нашиве олдтајмерџии :)
п.с. Ако имате некој инфо за пристоен олдтајмер што спаѓа во прва или втора категорија кажете.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Ја знам само од втораипол категорија. Онаа без ќеф ко шо го сакаш.

А бе, или ја праиш комплет или ја купуеш праена и само и клаваш јамболија на волан ебате.
 
Ама и за да ја правиш комплет мора да има Основа нели?
Која ти е таа втора ипол категорија?
 
Ама и за да ја праиш комплет мора да има Основа нели?

Па...моторот да е релативно нерокнат со кашикара, каросериски бар малце да се познава шо модел е. То. Друго се се наоѓа.

Појќе не мора. Никој не вели да почнеш од ич, ама се се наоѓа,. ако се има средства и желба.

Е сеа, ако се најде стокмена, и со малку труд, ондак ОК. Ама сеа, па да се бара да се преценува вредност или на труд или на крш? Не.
 
Не е баш лесно за делови посебно за оригинални како што јас сакам да ја направам реставрацијата, значи навистина барам возило постаро од 35 години да е барем комплетно и не сакатено во сообраќајка па едно составувано, за корозија јасно ми е дека ќе ја има и тоа многу ама барем нешто да е пристојно на него.
Значи ако е ретко на патиштава може. :)
 
Имам за реставрација FSO Polonez 1.5.Автомобилот е од 81-ва година.Последен пат е возен во 2002-3 година и од тогаш е оставен така како што бил.Моторот,шасијата и внатрешноста се во одлична состојба но треба големо чистење.Сега за сега знам дека треба да се сменат сите филтри,гуми,акумулатор,да се исчисти карбураторот и да се смени уљето.Бидејќи колата е оставена со старото уље веќе 10 години па сигурен сум дека е веќе „гумирано“ внатре па би требало да се исчистат каналите за уље.Постои ли некоја течност со која тоа може да се стори?Исто така ме интересира дали треба да се мењаат ребрестиот и клинестиот каиш бидејќи за 10+ години би требале да изгубат од својот почетен квалитет.Бидејќи колата ности ист мотор со Polski fiat 125p или 125pz произведен во Југославија дали би можеле истите делови од Застава да одговараат и на него?Доколку имате некои додатни совети слободно можете да ги споделете.
26097w4.jpg

2ptumts.jpg
 
Имам за реставрација FSO Polonez 1.5.Автомобилот е од 81-ва година.Последен пат е возен во 2002-3 година и од тогаш е оставен така како што бил.Моторот,шасијата и внатрешноста се во одлична состојба но треба големо чистење.
Чек сега, сакаш да кажиш дека колата ти е незапалена 10-тина години?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom