Тахикардија - забрзана работа на срцето

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Дијазепам е најлошиот можен седатив.
 
понекогаш дури ќе ме стегне у гради
Мене ми се случува нешто слично. Само не да ме стега, туку како да ме боцка некој со игла. Само многу ретко се случува, да кажеме 2-3 пати највеќе во година. Сеуште немам идено на доктор, ама секогаш сум имал нормални резултати.
 
И мене ми се случувало, кога бев млад, а и сега ми се случува
Од претходните 17 поста требаше да се увериш дека тоа е вообичаено и дека не треба да се грижиш за тоа.
И немој да земаш било какви лекови
 
Мене ми се случува нешто слично. Само не да ме стега, туку како да ме боцка некој со игла. Само многу ретко се случува, да кажеме 2-3 пати највеќе во година. Сеуште немам идено на доктор, ама секогаш сум имал нормални резултати.
Е така и кај мене така беше на почеток, неколку пати годишно, сега ме фаќа неколку пати месечно. :icon_lol: Докториве велат, сфати, тоа не е болест и продолжи со животот. :свиркам:
 
Кажете дали дијазапам од најслабите двапати на ден можно е да помогне? :)

Зошто да пиеш апчиња... таа негативна возбуда ми се случува и мене и неможам мирен да седам, али ќе си фатиш некоја занимација и ќе тргнеш памет од тоа. Апчиња за смирување не би препорачал
 
Прво одиш на доктор.
Второ ако не си задоволен од првиот пат или јанѕа те јади ќе одиш пак на доктор.
И така натаму.
Јас завршив со 2 пати одење.
Не знам на која возраст сте луѓе, ама јас на мој пола животен век според Алигиери, веќе 10 години си ја носам тахикардијата. Ама решив да се прегледам тек лани.

И јас цел живот сум активен(теретано туго моја + цел живот баскети и фудбали и редовно `орање` на нашата најуба планина...) ама истовремено сум и голем хедонист(лајци, виљушки, чаши и флаши...). Во кохабитацијата на горните елементи некако здраво се држам, со мала доза на `шубе` од време на време.
Плус најголемиот можеби фактор - минатиот труд, секирациите и е.ањето што го имам кркано од арбајтот, секојдневието во саканава земја, стресот и сите останати дрндрн јариња сајдефекти(а вие кои шо не сте женети и/или немате деца - назад ви е зимата).

Не навлегувам во детална дискусија што и како правам по случајот оти не сум цвеќе за мирисање-ќе спомнам само дека единствено одвреме навреме пијам по некој `конкор` ко ќе добијам посериозен `напад` при заспивање(лоша работа).

На советите на лекарот да намалам со `хедонизмот` не се придржувам баш стриктно и оттаму ќе да е тоа шо ми се јавува.
 
И мене ми се случува истото. 5-6 секунди ми трае вообичаено, некогаш не му обрнувам внимание ама некогаш се вадам од памет. Мислам дека стресот има голем удел во тоа.
 
Дијазепам е најлошиот можен седатив.
Не е седатив туку анксиолитик/антиепилептик. И е еден од најдобрите (најупотребуван).

Он топик: ак ти е толку страв напрај си стрес тест зошто кажа дека то ти се десило дур си трчал...
 
Ми се има случувано и порано, во мирни периоди, кога не вежбав ништо...

Еве денеска имам некаде пулс околу 85-90 и некако ми е нелагодно уште, дали од вчера сум преплашен да не се повтори
 
Не лечи симптоми, лечи ја причината.
Треба да ја најдам првин причината :)
До тогаш сум фокусиран на симптомите.
Зошто да пиеш апчиња... таа негативна возбуда ми се случува и мене и неможам мирен да седам, али ќе си фатиш некоја занимација и ќе тргнеш памет од тоа. Апчиња за смирување не би препорачал

Знам убаво за лошите side effects на лековите мегутоа дијазапам од најслабите нема никакво влијание патем многу се слаби и не верувам дека двапати дневно еден период може нешто да ти пореметат.
Прашањето ми беше дали може да помогнат малце но ете и јас чисто сумњам.
А со појаки дијазапами или хелекси,мелекси си знам и никат не би се труел и никој друг не треба.
 
Друже, мене ми се деси пред 3 години прв пат и ми дадоа диезапам на кардиолог и ми помина, демек возбуда.
Сеа пред 3 месеци ме стресе пак и тоа за 2 недели, 2 пати и си бев вториот пат на ургентна, зашто имав 150 пулс и се губев на моменти. И од тогаш се влечкам по доктори, пиев и апчиња од тие бета-блокатори еден месец и пак не знаат што ми е. Демек секирации ми се собирале долго време и си пукнало тоа наеднаш али сепак не верувам. Како и да е, дур си 90, добар си. Не би сакал да ко мене 150ка да те мавне и да мислиш дека ќе ти излезе срцето низ гради. Битно прекини со цигари, кафиња и алкохол некој период и глеј да спиеш повеќе и редовно, ќе ти го среди срцето за краток период.
 
Тоа е, и јас не верував прво и зедов цела кардиологија книга од медицински што завршиле моите ја прочитав и за тахикардија ова се наведува како една од главните причини, нормално како што реков ако нема некои видливи аномалии.

Исто така може и од неправилно седење да ви е на тие што рековте ептен ретко дека ви се јавува.
 
Јас нонстоп имам тахикардии па и висок крвен притисок пиев бета блокатор бипресо и Енап се надевам дека ми е до фистулата што ја имам на левата рака поради одењето на дијализа секогаш сум имал кондиција да одам па дури и да спортувам ако сум одел на дијализа сега направив трансплантација на бубрег и пополека како да губам од силата и јас незнам што ми се случува се надевам дека и притисокот и тахикардииве се од тоа инаку пред неколку недели имав 168 откуцаи и 170 со 120 притисок па и плус и испаничив мислев че ми пукне срцето а само по голема нужда отидов па и кога се смејам може да ми се крене притисокот и откуцаите незнам што да речам :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom