Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Цената на нафтата паѓа неколку дена по ред на светските берзи, ајде нека се угоде:

Brent North Sea crude for delivery in November, the market benchmark price for oil, tumbled $3.60 to $108.43 a barrel in late London trading.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Цената на нафтата паѓа неколку дена по ред на светските берзи, ајде нека се угоде:

Brent North Sea crude for delivery in November, the market benchmark price for oil, tumbled $3.60 to $108.43 a barrel in late London trading.
Тоа е лош знак, во Македонија ќе ја подигнат цената. Всушност, ќе ја подигнат во двата случаеви...

:confused:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Со овие цени на суровата нафта и доларот, кај нас горивава треба да одат надолу од 4 до 7 денари по литар. Ама ко ќе му удрат средна вредност на двонеделен период, ќе ги спуштат на не повеќе од 3 денари!
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Со овие цени на суровата нафта и доларот, кај нас горивава треба да одат надолу од 4 до 7 денари по литар. Ама ко ќе му удрат средна вредност на двонеделен период, ќе ги спуштат на не повеќе од 3 денари!


да ама пред тие три дена шо паша нафтата стигна до 119 кога ке земиш средна вредност не веруам толку да падне


http://www.oil-price.net/


4 денари максимум
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Четири четири, нека падне проклетава нафта.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Јас тоа не го измислив прочитај ги коментарите! А за тоа што се испорасипале едно чудо дизели , не е само до горивото и други фактори се во прашање, македонците ги третираат колите како магаре го возат додека не се расипе, ни прават навреме поправки ни контроли, вози мишко, и јас имам пријатели другари и гледам како се однесуваат со колите па така да моите претпоставки кој брзо ќе иде на сервис се остварија, така да мислам дека односот кон колата има поголемо влијание отколку квалитетот на горивата. Тие што си ги одржуваат колите мног поретко одат на сервиси, тие што ги третираат како да е државна кола а не нивна обично киснат на сервиси откако ќе ја испозаебат колата.
за квалитетот на горивата во Македонија.
МАKЕДОНИЈА БЕЗ НЕЗАВИСНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ПРОВЕРKА НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ
Kвалитетот на горивата с` уште енигма
Акредитирани лаборатории се само оние на „Окта“ и на „Макпетрол“, но со оглед дека повеќето бензински пумпи користат нивни деривати, возачите не веруваат дека нивните наоди би биле реални Доколку купите нов автомобил и имате таква среќа набргу да ви откаже бош-пумпата поради неквалитетно гориво, не очекувајте увозниците да ви ја признаат гаранцијата. Ако, пак, ви се запали светилката која покажува дека има некој дефект во моторот и ја однесете на сервис, ќе ви речат дека бензинот не чини. Ако ви откаже катализаторот, повторно причина е горивото. Токму затоа во Македонија масовно се вози без катализатори, кои треба да ја штитат околината од штетните материи што ги има во дизел-горивата бидејќи тие се меѓу најпогодените од „квалитетот“ на нашите горива. Граѓаните се ставени во недоумица каде да купат гориво, односно кое е посигурно. А тоа не може да го проверат од причина што земјава с` уште нема независна државна лабораторија, која ќе го испитува квалитет на горивата, што е проблем за кој се зборува со години. Акредитирани лаборатории се само оние на „Окта“ и на „Макпетрол“, но со оглед дека повеќето од бензинските пумпи во Македонија користат деривати произведени во „Окта“ или дистрибуирани од страна на „Макпетрол“, возачите не веруваат дека нивните наоди би биле реални.
Тие што си ги одржуваат колите мног поретко одат на сервиси, тие што ги третираат како да е државна кола а не нивна обично киснат на сервиси откако ќе ја испозаебат колата.
- Пред две години купив ново дизел-возило. Увозникот ми напомна да внимавам од која бензинска пумпа точам гориво. По поминати 5.000 километри компјутерот на автомобилот покажа дека има дефект во моторот. Kога отидов на сервис, ми рекоа дека проблемот е во горивото, кое е нечисто и неквалитетно.

Калинка држава без никаква контрола
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
ne presmetav ama mislam deka ke bide okolu 3 nadole.....ako gresam neka izgoram hahaahha.........tesko e da se prsmeta srednata vrednost oti imase usponi i padovi dodeka dolarot padna okolu 2 denara,,,,,,,
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ајде се угоде

Од полноќ бензините поевтини до 3,5 денари, а дизелот за 1,5

Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари, односно за 3,5 денари, а дизелот за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари за литар.
Еуродизелот ќе се продава по 72 денари за литар, а цената на екстра лесното масло, која се намалува за еден денар, ќе изнесува 61 денар за литар.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
Согласно калкулациите од страна на активните собеседници на оваа тема се исполнија и моите лични очекувања дека цената на горивото ќе падне неделава, верувам дека сите ние засегнати од овие ценовни придвижувања ќе се радуваме краток период на 3,5-те денари, не повеќе од 7 до 10 дена, после пак ќе тураме за 450 место за 400 денари. :sneaky:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дечки ама феноменални сте во проценка :)
Ќе ја научите цела Кајгана да смета и нема да им треба регулаторна.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ќе ја научите цела Кајгана да смета и нема да им треба регулаторна.
Па да ја укинеме регулаторна и нејзиниот буџет да го насочиме на форумов, милион евра годишно добро ќе не освежат :).
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
може овој вторник масовни присуство пред регулаторна?
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 16:18 ---
може овој вторник масовно присуство пред регулаторна?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom