А оти да не постои принципот на Бадентер ?
Тоа прашај ги во Чаир и Гостивар. Тие таму нејќат да постои и го силуваат уште од кога беше донесен.
Не е во ред смената на 4 имиња да предизвика хистерија , а промената на 70 имиња ејакулација.
Врска нема одговоров со мојот пост. Ти, како човек кој се кити со прецизноста и концизноста, со аргументи и факти, самиот се деградираш со вакви тралалајки.
Убаво те прашав. Каква е поврзаноста на Битола со Чаир и Гостивар во контекст на бадентеровото мнозинство? Дали има прекршување на законот во Битола? Ако да, тогаш на која основа е тоа прекршување?
Ако не е, каде наоѓаш нерегуларности? Што не е запазено? Морал, етика, принцип на консултирање со граѓаните? Затоа што Бадентер не е, оти во Битола Бадентер нема!
Ако е прашање на морал и етика, тогаш зошто истиот аргумент не го даде и кога ги напаѓаа Џемо и амнестираните? Зошто не се согласи дека и покрај тоа што противуставна е одлуката за промена на имињата, исто е и неморална и некоректна и ги повредува чувствата на македонците?
Исто како што вие сакате во вашите урбани средини да ги величите македонските окупатори на блиски и далечни земји (до Индија) , терористи од Солун (солунските атентатори) или бранители од 2001ва (АРМ, МВР) ... така и албанците сакаат да ги негуваат своите личности од војните , културата ....
Дарди, оти бладаш?
Не е прашање на тоа дали ти, Африм или Љуљзим сакате да го величате Џемо. Прашање е дали малцинството во совет ќе ви изгласа двојно мнозинство и ќе ви дозволи легално да го величате. Ако не ви дозволува, слободно величајте го Џемо дома или во двор. Или пак силете се вака и делувајте против Уставот кој сами го наметнавте.