B
Black Guard
Гостин
Се решив да отворам една тема која не би сакал најискрено да промени насока кон пародија или пак сарказам,се надевам на разбирање од колегите форумџии и секако се очекува дискусија со Аргументи и факти, и секако во оваа мала анализа ќе се потрудам да го прошириме хоризонтот буквално а ќе биде вклучена и Р.Македонија(како држава која доби покана додека Претседател на САД беше Џорџ Буш) и секако како петти партиципиент во НАТО мисиите процентуално,исто така ќе биде разгледан и економскиот аспект асега верувам дека доста важен е и енергетскиот фактор како и Низа држави кои поддржуваат тероризам,развиваат оружје за масовно уништување додека Русија и НАТО го уништува, исто така ќе ги разгледаме и можните ризици и закани за безбедноста што се однесува за оперативните техники и тактики не би навлегувал бидејќи треба да започнам од наполеон и неговиот концепт на оперативно дејствување па се до прва светска војна и втора каде еволуираше а денес здружените операции се навистина фасцинанти но како што кажав во таа сфера не би навлегувал,доколку некој е заинтересиран сепак ако имам време ќе напишам нешто но лично темава ја креирам ПРВЕНСТВЕНО СО ЕДУКАТИВНА ЦЕЛ бидејќи има потреба да се разјаснат многу работи во врска со Алијансата(посебно да биде јасно дека НАТО и Варшавскиот пакт не се единствени туку ги имаповеќе).
За старт почнеме од самата причина за создавање на НАТО,имено по завршувањето на втората светска војна и капитулацијата на Германија и Јапонската Империја веќе САД почна да ги повлекува своите трупи од западна Германија,пример што го следеа и останатите сојузници освен довчерашниот сојузник СССР кој во источна Германија имаше стационирано минимум 3 милиони војници(има извори кои тврдат дека цифрата е 5) сепак останува фактот дека Сталин сакаше да ја експандира својата идеологија по било која цена така да во услови на огромна Советска Армија Западна Германија и Франција беа посебно загрижени околу својата безбедност додека САД скоро и да завршија со повлекувањето во Велика Британијаа од таму кон САД, во такви услови за време од 1945 до 1949 западноевропските држави често попуштаа пред СССР плашејќи се од инвазија меѓу другото и потпишаа дури и договори за соработка,разбирање(како Бриселскиот) и но приоритетно им беше договор за МИР со СССР(важно е дека тука САД отсуствувале и Британија,Шпанија за конкретниве договори) нешто во што немаа успех или поточно СССР потпиша мировен договир со Х европски држави меѓу кои е Бугарија понатаму Финска,Романија и Италија но т веќе формираната ЗЕУ во т.е западно европска унија беше исклучена односно немаше Мировен договор и договор за ненапаѓање со Германија и Франција и Велика британија,меѓу загрижените држави беа и Бенелукс земјите(холандија,Белгија и Луксембург).
Во 1947 година СССР насилно анектира територија(како Литванија,Монголија и други помали банана држави а ова резуктираше со прекин на соработката помеѓу Франција,З.Германија и низа држави со СССР,паралелно Чехословачка и Бигарија па и албанија на Идеолошка базакомунистичка(пардон сталинистичка) добиваа поддршка од СССР кој ги вооружуваше но и беше воено присутен пред се за обука околу орудијата но и поврзување на разузнавање.
Последната опција за ЗЕУ беше ООН за да се обезбеди договор за ненапаѓање со СССР која беше неуспешна но тогаш најверојатно по идеја на Британија и Франција во согласност со останатите држави беше побарана ПОМОШ ОД САД ВО СЕКОЕ ПОЛЕ односно како политичка,така економска и воена помош,САД првен понудија економска помош познатиот Маршалов План кој не би грешел ако констатирам дека ја даде базата за обнова и развој на разорената Европа,важно е да се знае дека помош му се нудела од САД и на СССР(на почеток истапувале неутрално или барем балансирано) но помошта била одбиена со образложение дека благодарение на совршеноста на нивниот систем они веќе се опоравиле па дури и СССР продаваше жито три пати поевтино од западните држави за да докаже дека системот е супериорен но вистината е дека имало масовен глад токму поради ова но Сталин не обрнувал внимание многу(очигледно).
Во услови на немање опции останува уште единствената легалнаопција за формирање на дефанзивен сојуз што е во согласност со повелбата на ООН поточно Член 51 од повелбата, откако опцијата за колективен систем беше анализирана детално од потенцијалните членки па на 4 април 1949 од претставници на членките на највисоко ниво(Одбрана,Претседатели,Канцелари,Секретари за одбрана) беше потпишана вандерберговата резолуција со која практично е оформен НАТО бидејќи во вандерберг резолуцијата се истакнува спремноста и подготвеноста на ЗЕУ државите и САД за заедничка одбрана иако ова е само дел од резолуцијата.
(треба да напоменам дека ЗЕУ имаа и свој безбедносен систем пред да се оформи НАТО,но беа слаби па мораа да го вметнат САД,имаа и совет за надворешна Безбедносна политика ЗЕУ сепак воскресна 1984 година и на свое се вмеша во Ирачко-Иранскиот конфликт чистејќи мини поморски а и реагираа офанзивно против Ирак во неколку наврати).
--- надополнето: 12 септември 2012 во 21:56 ---
Факт е дека НАТО е оформен да функционира како воено-политичка организација со цел да го зачува суверенитетот и интегритетот на своите членки покрај ова друга цел е и зајакнување на економската соработка помеѓу членките но птримарна цел е одвраќање од агресија(првен од СССР па потоа варшавски пакт).
Треба да се има предвид дека Членството во НАТО е доброволни но има услови кои треба да се исполнат и овде спаѓаат првенственбо воените реформи(кои ги имаме исполнето) правосудниот систем и економијата(каде очигледно не ни оди најдобро)
НАТО исто така соработува и со Русија а првенствено како најголема воена моќ на русија се смета неконвенционалното вооружување додека за остатокот низа НАТО и независни експерти сметаат дека и “не е некој проблем” или во превод Русија никој не ја чепка поради НХБ арсеналот за масовно уништување.
После распадот на СССР и Варшавскиот пакт нормално се смени безбедносното опкружување додека заканите сепак останаа во видоизменета форма.
Многу важно е да го спомнеме придонесот на НАТО во Босна и Херцеговина, Косово исто така моментално има тимови(и дел од држави партнери) во Киргистан Казахстан кои беа буквално советски полигони и истите вршат деконтаминација.
Покрај неспособноста на ЕУ да се справи со состојбата во БиХ се слулчи и косовската криза која докажа дека НАТО може да реагира било каде во светот, брзо и ефикасно со проекција на огромна воена моќ(покрај останатите мерки) да помага при разрешување на конфликти и често зема учество во Мировни мисии а џокер ситуација беше токму Косово каде беше спречен геноцид налик БиХ и тоа беше добро но сепак заклучокот е дека спречија еден Геноцид а не беа свесни дека после другата страна ќе го стори тоа но ова не е предмет за дискусија.
Така да би требало да обрнеме внимание на улогата на НАТО во денешнава безбедносна архитектура или поточно во новиот милениум, а потоа ќе обрнеме внимание и на договорот на НАТО и ЕУ како и на Енергетската Безбедност која го вклучува и балканот а ќе биде разгледан и пристапот кон безбедноста на една Држава односно модерниот пристап vs традиционалниот.
Ќе започнам со улогата на НАТО денес симплифицирано би изгледало вака:
-Покрај заштита на членките улога и цел на НАТО е спречување на евентуален масовен напад(врз една или повеќе членки) самиот термин спречување може да се смета и како основ за ограничена интервенција ако разузнавачките податоци укажуваат дека нешто такво се спрема-на пример Иран).
-НАТО мора да одржи стратегиски баланс како и подготвеност за соочување со секакви предизвици.
-Неопходна е трансатланската линија односно присуство на Американски трупи кои претставуваат веќе една традиција па и вредност на колективниот систем.
-Безбедносната политика на сојузот да се базира исклучиво на дијалог, соработка и согласност на сите членки(имаше тука мали проблеми со интервенцијата врз Југославија).
-Денес сме сведоци веќе и на новата улога на НАТО односно учество и ангажман во мировни мисии под покровителство на ООН(навистина не може ООН да обезбеди доволно логистика, воени ресурси и финансиски за мировни мисии-каде се тука Русија, Кина Индија и Бразил???).
Организационата структура на НАТО сојузот изгледа вака
-Северноатлански совет(кој вклучува пред се цивилен состав т.е министрите на членките)
-Генерален секретар кој и е претседател на советот
-комитет за одбранбено планирање(цивилен и воен)
-Воен комитет кој вклучува и размена на податоци помеѓу НАТО членките и партнерите(добар пример е Македонија но шематски приказ не можам за ова да приложам т.е за интел системот на НАТО), понатаму подгрупа на воениот комитет е и тимот за нуклеарно,Хемиско и биолошко планирање иако негде се смета како независен. Исто така воениот комитет има и лице задолжено за воените дејства конкретно кој одговара пред генералниот секретар.
-Здружени команди се мисли пред се на “крилата”.
-Меѓународен воен персонал и
-Други пред се станува збор за цивилен состав како и за стандардизација на полето на воената технологија соработка помеѓу академиите и научна соработкка.
Доста интересна е мадридсаката декларација според која се гради нов безбедносен систем што и навести трансформација на НАТО, понатаму заеднички заклучок дека интересите на НАТО и ЕУ се комплементарни и дека паралелно со одржувањето на колективната безбедност НАТО и членките ќе ги прилагодуваат воените и политичките структури.
(Имајте предвид НАТО не е совршен и поминал кризи како Француското Исклучување, па проблемите помеѓу Грција и Турција и низа политички проблеми кои не се предмет на дискусија)
Сега прво ќе напоменам дека постојат два типа на воени алијанси и тоа безбедносни алијанси и мултилатерални алијански истите во многу погледи се слични но разликата е токму во ветувањето за колективна одбрана но имајте предвид ова не значи дека мултилатерална организација нема да изврши напад иако нема Артикл 5 како НАТО на пример,еве жив пример за мултилатерална воено-економска алијанса е Арабската лига и иако нема ветување за колективна одбрана сепак членките од Мароко,Либија па и Ирак,Јордан улчествуваа во нападите врз Израел предводени од Египет-значи разликата е што нема ветување формално дека заедно ќе се бранат или нападнат но тоа и не значи дека нема да го сторат тоа.
Друга мултилатерална организација Југоисточната азиска Организација чија цел беше да се спречи ширењето на Комунизмот.
За разлика од гореспоменатите кај НАТО има ветување формнално за колективна одбрана а тоа е артикл 5 или членот 5 како сакате).
Денес сме сведоци на секакви ширења на теории на заговор од луѓе кои профитираат на лекоумна раја, затуцани левичара па и анархисти кои се подеднакво екстремни како вахабистите и низа анти нато здруженија кои не ни знаат што е НАТО и дека се безбедни благодарение на НАТО, доста интересен податок е и решителниот план на Буш да ја внесе Р.М во НАТО и конечно грижите за ЕУ да се намалат, капацитетот на НАТО да се зголеми и НАТО да се сконцентрира на реалните проблеми бидејќи опасноста локален конфликт во Р.М може лесно да доведе до регионален ако ја додадеме и состојбата во Грција така да има наводно план за уцена на Грција т.е САД вршел притисок константно врз ЕУ да ја уценат грција ако сака да добие средства тогаш истата нема да смее да го употреби правото на вето-се надевам Ромни ќе го доврши тоа што Буш го започна.
Но да ја разгледаме Нато алијансата во новиот милениум, имено има прашања од типот каква ќе биде иднината на НАТО, што со проширувањето и.т.н