Во Македонија ќе се произведува ориентален тутун

L

.Lost Angel.

Гостин
Тутунопроизводителите можат да бидат спокојни и сигурни дека и натаму ќе има производство на ориентален тутун и дека ќе ги добиваат субвенциите, изјави министерот Ставрески и покрај препораките на Светската здравствена организација за забрана на користење на адитивите во производството на цигари.
„Би сакал да им порачам на производителите на тутун да бидат спокојни, нема ризик за тутунопроизводителите ниту пак има опасност од намалување на субвенциите. Се работи за препораки од СЗО и се однесува повеќе на зачувување на здравјето на пушачите. Не треба тие што произведуваат тутун да го спроведат тоа, туку пушачите врз база на тие препораки за да го заштитат своето здравје да го намалат консумирањето на цигари“, изјави Зоран Ставрески- министер за финансии. /www.kanal5.com.mk

Па повелете со коментарите околу ова. :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Се работи за препораки од СЗО и се однесува повеќе на зачувување на здравјето на пушачите. Не треба тие што произведуваат тутун да го спроведат тоа, туку пушачите врз база на тие препораки за да го заштитат своето здравје да го намалат консумирањето на цигари“,
смешки :rolleyes:
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ако не се лажам, баш вештачките ароми и адитиви се додаваат како замена за ориенталните тутуни.

По сеќавање: масата на цигарата ја даваат крупнолисните тутуни од тип вирџинија, на пример (речиси и да не се одгледува кај нас), а аромата - ситнолисните ориентални тутуни од тип прилеп, на пример.

Во последно време, наместо ситнолисен тутун, во цигарите се додаваат адитиви, така што повикот на СЗО против адитивите во цигарите, оди „во прилог“ на одгледувачите на ситнолисен ориентален тутун....

Шо знам, може не сум во право, мене така ми стои...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Што да коментирам болане , ништо не разумем. Нека ни објасни некој тутунопроизводител , што сакаат да кажат тие од СЗО и МФМ-мин.Ставр.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
Што да коментирам болане , ништо не разумем. Нека ни објасни некој тутунопроизводител , што сакаат да кажат тие од СЗО и МФМ-мин.Ставр.
Сакаат да кажат дека покрај препораките да се престани во светот со садење тутун каков што кај нас се сади (ситнолисен) овие демек патриоти ни викаат садете и немате гајле дека во светот тоа се отфрлува и забранува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Тоа нели се само препораки, не и забрана. Секоја држава за себе треба да си го гледа есапот во садење одредени посеви. Овој дел од балканот воглавно има ситнолисен и квалитетен тутун. Ние треба да садиме и афион и да го режеме, режеме, режеме...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.044
Поени од реакции
23.491
Тоа нели се само препораки, не и забрана. Секоја држава за себе треба да си го гледа есапот во садење одредени посеви. Овој дел од балканот воглавно има ситнолисен и квалитетен тутун. Ние треба да садиме и афион и да го режеме, режеме, режеме...
Афион му е мајката па од СЗО на глава нека застанат ако сакаат.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
„ На кантар студен ст туч се мери
а може ли да се измери
жлтава мака - жлтиов тутун
жлтава пот на рацете ни.
Од темни зори на утрини летни
до никоа доба на вечери зимни
тој жаднно смука тагата наша
и крвта и потта и снагата ни.
Жил - жлти празни лицата бедни
и жлта гостинка у градите носи“

„Ги редиме тутуните голчливи
ги редиме наведнати,без глас,
ги редиме - а отрови правливи
не трујат,носат офтика во нас.

И така секој ден ни сиво мине
и тежи над нас како студен жал,
и гради млади подло само кине
и вее в срце болка и печал“
----------------------------------------------------------
Везден го читам Рацин, но не разбрав до сега кој и зошто го уби.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.836
Треба да се укине одгледување на ова срање наречено тутун.....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Од првиот пост и прогнозите, се променија работите на полошо. За 2014 се најавува намален откуп од откупните фирми и склучени договори за тутунот. Со оглед на тоа што годишен прилив на девизи од тутунот не се мали, просечно изнесуваат 80-100 милиони евра, а од него се издржуваат и над 30.000 семејства, изгледите не се баш поволни. Според министерот за земјоделство, што се коси со изјавите за безгрижно производство од 2012, намалувањето најверојатно е поврзано со конвенцијата на СЗО (чии потписници сме од 2006 година) или според други извори со зголеменото производство во регионот. Инаку 2013 година според министерството произведени се околу 30.000 тони тутун што е невообичаено големо производство (кое последните години обично се движи 20-27.000 тони) 10-15 години наназад. Ние први се истопоривме да ја потпишеме конвенцијата иако истата како што читам ја немаат потпишано некои големи извозници на тутун како САД , Аргентина или Индонезија.

Кој е виновен за преполовените склучени договори за откуп на тутун?
На терен тутунските компании најавуваат помалку договори за откуп на тутун за реколтата 2014. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, изјави дека намалувањето на договорите има поврзаност со барањето на СЗО за намалување на потрошувачката на цигари како причина за појава на болести кај луѓето.

Се бара чаре да се амортизира ударот од намалениот откуп на тутунот
Струмичките земјоделци бараат парите предвидени за субвенции на тутунарите да бидат искористени за да им се помогне на овие семејства да ја пребродат кризата и да се префрлат на одгледување друга култура. Во моментов, Владата секој килограм откупн тутун го субвенционира со 60 денари, но за следната реколта веќе е извесно дека намалениот откуп ќе ги намали и буџетските средства за оваа намена.
Засега нема информации дали Владата е подготвена да разгледа една ваква мерка.
Поради намалената побарувачка на тутун од тобако индустријата на глобално ниво на барање на Светската здравствена организација, тутунопроизводството во земјава оваа година ќе се препоплови.

Ќе останат ли 10 илјади тутунари без основна егзистенција?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom