Градот е пренац’цкан, посебно стариот дел каде овој вози. Тесни двонасочни улици, мал тротоар и одма згради. Поинаков начин на возење тука не е ни можен.
Она што мене ме фасцинирало кога сум имал можности да се прошетам низ Париз, е што сообраќајот функционира феноменално. За десетина евра добивате неделна карта која може да ја користите неограничено во метрото и автобусите. Метро станица имате на секои 500-600 метри, а снаоѓањето е повеќе од лесно, буквално нема шанси да згрешите или да се изгубите. Автобусите пак, се брзи, удобни и нечујни, мислиш се движат на електричен погон. Возачите се во униформа од класичен костум, бела кошула и вратоврска и при покажување на билетот,
на секој патник му враќаат со Merci! На секој пешачки има семафор на кој пешакот притиска копче за да се вклучи црвено за возилата, а на автобуските постојки патниците што чекаат притискаат копче со бројот на автобус кој треба да им застане. Ако не притиснеш копче, шоферот нема да застане да те качи
Иначе, добро возење. За малце ќе помислев дека сум вклучил NFS, па и на тастатурата рефлексно ќе притиснев