Европската Централна банка навести дека ќе печати пари за да ги спаси Шпанија и Италија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
FRANKFURT — The European Central Bank on Thursday took its most ambitious step yet toward easing the euro zone crisis, throwing its unlimited financial clout behind an effort to protect Spain and Italy from financial collapse.

Mario Draghi, the president of the central bank, won nearly unanimous support from the bank’s board to buy vast amounts of government bonds, a move that would relieve investor pressure on troubled countries but also effectively spread responsibility for repaying national debts to the euro zone countries as a group.

http://www.nytimes.com/2012/09/07/b...unchanged-at-0-75-percent.html?pagewanted=all

Скандалот со ЛИБОР сега е ставен во втор план за да не се сети рајата (за оние што не слушнале за овој МЕГА cкандал, треба да прочитаат како банките ги местеле каматните стапки преку кои повлијаеле на $500 ТРИЛИОНИ). Кога сега шефот на Европската Централна Банка изјави дека таа институција неограничено ќе купува хартии од вредност од земјите во криза за да ги намали каматите на дрзавните обврзници и така да ги спаси од пропаст Шпанија и Италија (тоа сега, но впрочем да ја спаси целата ЕУ понатаму, како што ќе тонат).

Меѓутоа, со неограничено купување на обврзници, каматите не само што нема да се намалат туку долгорочно ќе растат. Значи очекувајте првобитен бран на инфлација во ЕУ, а понатаму стагфлациски удар.

Ако ЕЦБ печати пари до бесвест како што најавува, надоаѓачката инфлација ќе се обидат да ја смират со намалување на реалните примања -- кај нискиот и средниот слој од населението -- како на пример намалување на пензиите и сл., со што ќе се намалува реалната куповната моќ.

Јапонија во 2001 година започна вакво масовно печатење пари зачинето со мека монетарна политика и ниски камати. Резултат: стагфлација (стагнација + инфлација) која ја удри државата и покрај жилавоста на јапонската индустрија и технологија.

Во 2007 во САД, Федералните Резерви (ФЕД) откупија различни хартии од вредност и така со печатење пари и убризгување во системот со обидоа да поттикнат економски раст. Резултат: немаше економски раст, незапосленоста порасна, а политичката цена на социјалниот мир доста скапо ја чини Америка: се зајакнаа репресивните државни мерки (насекаде имате видео клипови како се однесуваат Америчките цајкани и разноразни државни сигурносни и даночни агенции, небаре го гледате СССР).

Сега ЕЦБ се обидува да се наметне како единствена централна емисиона банка под контрола на приватниот капитал, т.е. го повторува тоа што го направи ФЕД во Америка на почетокот на 20. век.

Во таква ситуација, ќе ги почитуваат обврските за плаќање се додека банките имаат прилив на сретства. Но кога обврските ќе го премашат приливот на пари од социјално или од системот на пензиско-здравствено осигурување, е тогаш ќе се бараат решенија преку контрола на должниците и преку прераспределба на парите (од рајата) при што нужно се намалуваат реалните примања и се зголемува степенот на сиромаштија.

Бриселската бирократија и сега има огромна потреба за вонредни извори на сретства, а таа ќе биде се поголема, за да може тој новокомпониран висок општествен слој да си го финансира сопственото луксузирање. Но со тоа притисокот во општството расте, а разликите неповратно се зглолемуваат се до избивање социјални тензии (некогаш и до влошување на меѓудржавните односи и до војни).

Така наместо да биде фактор на мир и стабилност, Еврото се повеќе станува сретство на принуда. Значи почнуваат да се оцртуваат контурите на една ЕУропска банкарска диктатура без реална контрола и ограничување на изигрување на разните интересни групи -- или на самите земји членки -- во монетарниот систем.

Ако САД може со репресивни мерки да го држи под контрола населението затоа што е унитарна држава, ЕУ/еврозоната тоа не е, туку е разгризана од внатрешни политички проблеми, без централни механизми за управување и централно законодавство и контрола.
 
У што ќе штедиме....долари, франци...?...бидејќи според ова што се навестува еврото ќе се изедначи со бугарскиот лев.
 
1. Купување државни обврзници не значи штампање на пари (може да ги собере со фискална политика, царинска постапка, камати за земјите во развој и неповолни кредити, итн).
2. Купувањето на државни обврзници ќе се направи со цел да се сопрат шпекулативните напади кои можат сериозно да го загрозат еврото
3. Со купувањето на државни обврзници од Шпанија и Италија се појавува простор во надгледувањето на спроведувањето на планот и можност за создавање едно министерство за финансии на ЕУ
4. Автоматски потоа издавање на една еврообврзница
Сума сумарум незнам од кај ти текна инфлацијата, Германскиот е најјакиот монетарен систем на планетава. Или Американците очекуваат инфлација?
 
Сума сумарум незнам од кај ти текна инфлацијата, Германскиот е најјакиот монетарен систем на планетава. Или Американците очекуваат инфлација?

Затоа и
При гласањето имало еден глас против, а претседателот на германската Бундесбанка Јенс Вајдман веќе претходно најави дека се противи на плановите на ЕЦБ.
 
1. Купување државни обврзници не значи штампање на пари (може да ги собере со фискална политика, царинска постапка, камати за земјите во развој и неповолни кредити, итн).
2. Купувањето на државни обврзници ќе се направи со цел да се сопрат шпекулативните напади кои можат сериозно да го загрозат еврото
3. Со купувањето на државни обврзници од Шпанија и Италија се појавува простор во надгледувањето на спроведувањето на планот и можност за создавање едно министерство за финансии на ЕУ
4. Автоматски потоа издавање на една еврообврзница
Сума сумарум незнам од кај ти текна инфлацијата,
Германскиот е најјакиот монетарен систем на планетава. Или Американците очекуваат инфлација?
И јас имам спротивно мислење
Кога било која централна банка или народна банка или друга емисиона банка одкупува државни обврзници тоа значи дека ја зголемува масата на пари во оптек и тука никаква врска немаат порезите, , надгледување, план и слично
 
Не ја знаеш целосната приказна имаше одлука на т.н. стерилизација на парите со помош на контра емисија на еднаква количина на краткорочни обврзници (мислам од ЕЦБ) со што брзината на циркулација на зголемениот нов монетарен пул би била 0 со тоа нема никакво влијание на инфлација се разбира сето ова по барање на швабите кој се плашат од инфлација како вампир од лук. Ова е колку добро толку и лошо значи дека само се помага во финансирање на долгот на „прасињата“ ама малку се помага во реалната економија т.е. не е класичен монетарен стимулус.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 21:26 ---
1. Купување државни обврзници не значи штампање на пари (може да ги собере со фискална политика, царинска постапка, камати за земјите во развој и неповолни кредити, итн).
-Ова е класично штампање пари од ЕЦБ нема никаков монетарен трансвер од остатокот на ЕУ кон прасињата.

2. Купувањето на државни обврзници ќе се направи со цел да се сопрат шпекулативните напади кои можат сериозно да го загрозат еврото

-Во основа Да ама секога кога има гомце мора да има муви :)

3. Со купувањето на државни обврзници од Шпанија и Италија се појавува простор во надгледувањето на спроведувањето на планот и можност за создавање едно министерство за финансии на ЕУ

4. Автоматски потоа издавање на една еврообврзница
Живи били па видели...Инаку Хер Швабо е многу против ова
Сума сумарум незнам од кај ти текна инфлацијата, Германскиот е најјакиот монетарен систем на планетава. Или Американците очекуваат инфлација?
--- надополнето: 7 септември 2012 во 21:28 ---
У што ќе штедиме....долари,франци,канадски?...бидејќи според ова што се навестува еврото ќе се изедначи со бугарскиот лев.
НЕ ова е добро за еврото! А лошо за доларот барем сега за сега...
 
1. Купување државни обврзници не значи штампање на пари (може да ги собере со фискална политика, царинска постапка, камати за земјите во развој и неповолни кредити, итн).

2. Купувањето на државни обврзници ќе се направи со цел да се сопрат шпекулативните напади кои можат сериозно да го загрозат еврото

3. Со купувањето на државни обврзници од Шпанија и Италија се појавува простор во надгледувањето на спроведувањето на планот и можност за создавање едно министерство за финансии на ЕУ

4. Автоматски потоа издавање на една еврообврзница
Сума сумарум незнам од кај ти текна инфлацијата, Германскиот е најјакиот монетарен систем на планетава. Или Американците очекуваат инфлација?

1. Повеке разчунат на намалуване на дефицитите, поразумен контрол при трошене на парите во новиот програмен период 2014-2020, проекти които да подобрат конкурентноста .На сите е jaсно,дека кризата нема да одмине скоро.
2. Абсолутно,тоа е целта, но ЕЦБ не е семокна. Каматата веке е многу ниска, нема много можности за интервенциja. Парите на ЕЦБ са ограничени,а долговите големи.
3. Абсолутно е потребно финанско министерство, кое да верифицира државните буджети на државите членки. Тоа може да се воведе и само за еврозоната, но предпоставувам дека ке го воведат за целата униja.Ке воведат и реjтингова скала,а е можно создаване на еврозпска реjтингова агенциja. Виде се,дека Европа е ранлива на американските агенции.
4. За едината еврообврзница е уште рано, тоа ке се деси,кога сите држави приведат дефицитите си до нормални граници и се прими нов договор за ЕУ. Не е можно државите со строга фискална дисциплина да плакjaт за тиja,кои уживат и трошат.
У што ќе штедиме....долари,франци,канадски?...бидејќи според ова што се навестува еврото ќе се изедначи со бугарскиот лев.
Тоа може само дилетант да си го помисли. Има фиксен курс + валутен борд.:)
 
1. Повеке разчунат на намалуване на дефицитите, поразумен контрол при трошене на парите во новиот програмен период 2014-2020, проекти които да подобрат конкурентноста .На сите е jaсно,дека кризата нема да одмине скоро.
2. Абсолутно,тоа е целта, но ЕЦБ не е семокна. Каматата веке е многу ниска, нема много можности за интервенциja. Парите на ЕЦБ са ограничени,а долговите големи.
3. Абсолутно е потребно финанско министерство, кое да верифицира државните буджети на државите членки. Тоа може да се воведе и само за еврозоната, но предпоставувам дека ке го воведат за целата униja.Ке воведат и реjтингова скала,а е можно создаване на еврозпска реjтингова агенциja. Виде се,дека Европа е ранлива на американските агенции.
4. За едината еврообврзница е уште рано, тоа ке се деси,кога сите држави приведат дефицитите си до нормални граници и се прими нов договор за ЕУ. Не е можно државите со строга фискална дисциплина да плакjaт за тиja,кои уживат и трошат.

Ако се формира министерство за финансии зарем по логика на нештата следно не би било уште едно заедничко министерство, па уште едно и една влада?
 
Ако се формира министерство за финансии зарем по логика на нештата следно не би било уште едно заедничко министерство, па уште едно и една влада?
Ако има потреба от уште и уште... предпоставувам дека ке ги има, но сега излегува потребата от финансово министерство. Прашането е колко повеке Европа може и колко повеке Европа е потребна.
 
Leandra: Дури и да формираат централни тела (така да ги наречеме), условот да закинуваат од стандардот на населението за да ги пополнат банкарските минуси е социјалниот набој да не излезе од контрола.

Но да речеме дека репресивниот систем на ЕУ ќе го држи социјалниот мир под контрола и со различни други механизми ќе манипулира со јавното мислење. Сепак останува суштинскиот, системски проблем при кој реалниот пад на куповната моќ на нискиот и средниот слој на населението среднорочно и долгорочно ќе се одрази на слабеењето на системот во целина.

Од една страна ќе опаѓа куповната моќ, а со тоа ќе се стеснува просторот за нови вкупни инвестиции и ќе води до губење на нови работни места.

Печатењето пари ќе може да се прави во се пократки временски интервали за истото да обезбеди економски замав, но тој процес реално ќе се финансира со прераспределба на добрата и стварање на нови балони т.е. пирамидални конструкции.

Значи, со печатење пари без покриие и гаранција во догледен период тај хартиен бран да се израмни со реалната вредност, доаѓа до реален пад на куповната моќ и пад на реално остварениот БДП.

Да не го заборавиме и ефектот на прерасподелување на богатството преку коцкање на берзите и навиката загубите да се пополнуваат со оданочени пари.

Сево ова е искалкулирано како наводна помош на економиите во криза (не само на прасињата, туку и на крмачите, бидејќи сите тие се должнички економии) односно со покривање на лошиот и договорниот бизнис на банките кои не можат и не смеат да пропаднат.

3а нив не важат пазарните правила бидејќи се повразани и излетување на само една банка ги руши другите преку домино ефектот. Така системот е врзан во меѓусобна зависност при што било чија грешка има ефект на гушење на сите други од една страна, и од друга, тој присилно активира активности кои после циклусот доведуваат до покачување на затегнатоста во тнр. солидарен систем на прераспределба на загубите -- меѓу другото и заради немање контра тежа на веќе остварените долгови на централните банки.
 
Плусинфо јави дека:
1. ММФ ја поздравува одлуката на ЕБЦ за купување државни обврзници
http://www.plusinfo.mk/vest/55666/MMFKupuvanjeto-obvrznici-e-dobar-poteg-vo-EU
2. Дека оваа одлука предизвика скок на цените на акциите на сите берзи
http://www.plusinfo.mk/vest/55640/Skoknaa-akciite-na-svetskite-berzi
Според мене ова е потврда дека не се подготвува ништо добро, само казино-капитализмот доби можност да се одложи неговиот крај
 
Инаку има добри шанси и ФЕД да почне да печати пари. Во Четврток имаат состанок а вчера излезе извештајот за вработени и беше доста лош. Фед може ќе одлучи дека тоа е доволен повод за купување на долгорочни обврзници по 3 пат. Инаку и сега има програма за купување на долгорочни а продавање на краткорочни т.н. Операција Твист. Новата програма би требало само да е купување на долгорочни со што би се зголемил Билансот на Фед а со тоа и вкупната количина пари во циркулација за разлика од сегашната програма Операција Твист. Ќе биде забавно на берзите ако Фед се одлучи за овој потег.
Инаку јас лично не очекувам Квантитативно Попуштање 3 дел бидејќи операција Твист е сеуште на сила а берзите се држат уште добро. Единствено лошо е што многу инвеститори очекуваат 3 дел од овој филм па ако решат да не се дава може берзата да падне.
 
НЕ ова е добро за еврото! А лошо за доларот барем сега за сега...

Не знам дали имаше прилика да ги видиш коментарите во германскиот печат. "Црн ден за еврото", "Црвената линија е премината", "Пандорината кутија отворена засекогаш" и сл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom