Za puni rezervoar moramo raditi dva dana i 19 sati, Slovenci dan i pol!
http://www.jutarnji.hr/za-puni-rezervoar-moramo-raditi-2-dana-i-19-sati--slovenci-dan-i-pol-/1052383/
а македонецот колку?
--- надополнето: 7 септември 2012 во 10:48 ---
За просек од 20.650, за 50 литри од 88.5 денари, 4 денови и 17 часа. Најдобри сме
Напис од март, ги нема последните покачувања
среда, 28 март 2012
Македонија во Топ 10 по зголемени цени на бензините
Најголеми промени на цените има во Италија - повисоки за 18,4 отсто, потоа Унгарија, Полска и Литванија. Македонија е во топ 10 со цени повисоки за 9,1 отсто
Угледниот Економист направи анализа на растот на горивата во последната година во 28 земји. Таа анализа покажува дека оправданието дека причина за енормниот раст на цените е растот на нафтата на глобалниот пазар не е баш вистинско оправдување. Тоа важи и за Македонија.
Економист како референтна точка ја зема цената на безоловниот бензин од 95 октани, односно Еуросупер 95. Ги споредува цените во февруари минатата година со цените од февруари годинава.
Анализата покажува дека ценета на горивата
најмногу скокнала во Италија, за 18,4 отсто. Потоа следува Унгарија со 17,5, па Полска со 14,1 и Литванија со 13 отсто. Двоцифрен пораст на цените имаат уште Ирска, САД, Словенија и Канада. Во останатите земји е забележан раст на цената на Еуросупер 95 до 9 отсто.
Во поголем дел на земјите разликата во цените од минатата година и годинава е благодарение на интервенциите на тамошните влади. Така британската влада го замрзна планираното зголемување на акцизите, па на тој начин го ублажи шокот за граѓаните.
во Велика Британија во една година цената на нафтата е зголемена за само 4,8 отсто. Слично е и со Германија, Јапонија и Швајцарија. А што да се каже за
Франција? Во периодот од една година бензинот поевтинува за 0,8 отсто.
Да видиме каде е Македонија
Македонија ја нема на оваа листа, но ние направивме пресметка на промените на цените на бензинот за да видиме каде ќе се рангира нашата земја. На списокот од 28 земји
Македонија е на 10 место, со приближен процент како оној на Шведска која е девета. Од февруари минатата година до февруари годинава цената на бензинот е
скокната за 9,1 процент. Ја земавме цената на бензинот од крајот на февруари 2011, кога литар Еуросупер 95 се продаваше по цена од 77 денари, и цената од крајот на февруари годинава – 84 денари за еден литар. Зад нас останува Грција со помалку од 9 отсто покачување на цените на бензините.