Фан Клуб: Челзи

H

HoT IcE

Гостин
Како ми фали Дрогба :place:
13 гола на 13 или 14 натпревари против Арсенал беа мислам. :cuc:
Ептен фали играч како него во тимот. Се надевам дека тоа ќе биде Лукаку. :)

Ќе си го пуштам Blue Revolution сега да се вратам малце во ерата на Мурињо. :)
Да не напоменеме дека Дрогба беше човекот кој на 26 години дојде како потполен анонимец, и Мурињо го направија најголема будала зошто толку пари се дале за некој анонимец кој се нема докажано, еј кои смешки, уште тогаш Челзи знаеше да најде квалитет и да плати колку треба за да се донесе, не бил будала само Мурињо, пусти овие комлексаши од нафтава, стварно скупа е.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.182
Поени од реакции
8.259

Па Дрогба се покажа во ЛШ и Куп на Уефа со Марсеј со постигнати 11 гола затоа и таа заинтересираност на Мурињо, да ги немаше тие голови 100% немаше да дојде.
--- надополнето: 5 септември 2012 во 11:19 ---
 
G

grande-juve

Гостин
Играчите, екипата и која ја имавме во периодот 2004-2008ма беше :cool::cool:
На голот непобедливиот Петр Чехх со 10 пати подобри рефлекси од сегашните..Во одбраната Тери и Карваљо ,во средината со класа играчи - машини како Макелеле,Балак,Лампард,Есиен и секогаш расположените играчи од нападот..
Кога ке се сетам дека на одредени натпревари имавме играчи како Дрогба,Гудјонсен,Креспо,Дафф,Роббен,Џо КОлл,Рајт Филипс (во најдобрите свои години) на располагање на клупа,се станува јасно..
За каков квалитет се работело покажува и тоа дека солидни играчи за ПЛ (во Челзи би биле ок за на клупа тогаш,а денес најверојанто и во првите 11) како Глен Џонсон,Скот Паркер,Ласана Дијара неможеа да изборат 1 настап во првенство/ЛШ па мораа да си заминат..
Тимот незнаеше за ништо друго освен победа на домашен терен (4 години бевме invincibles),времиња кога сезоните ги завршувавме со по 80 (минимум) - 90 бодови,со по 10тина примени голови..
На целиот добар состав на екипата плус ни се погоди и најдобриот менаџер во светот,па настана една ситуација каде за 2 години на пола Англија им наби огромни комплекси тимот..
Aх сеќавања, јас се сеќавам кога Ѕола беше предводникот на “обединетите нации“ и кога Виали сам се внесуваше од клупа :D ... тој период најмногу се нервирав зашто ретко ги пренесуваа Челзи, ама затоа последниве години ни пријателските не се пропуштаат :).
 
Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Да не напоменеме дека Дрогба беше човекот кој на 26 години дојде како потполен анонимец, и Мурињо го направија најголема будала зошто толку пари се дале за некој анонимец кој се нема докажано, еј кои смешки, уште тогаш Челзи знаеше да најде квалитет и да плати колку треба за да се донесе, не бил будала само Мурињо, пусти овие комлексаши од нафтава, стварно скупа е.
Tука можеме да ја видиме разликата од Сити! Значи они се расфрлаат со пари на готови и прославени фудбалери, а ние тимот го градевме врз база на млади фудбалери(сеуште не толку прославени) гладни за триумфи!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Хахахахахахаа ајдее, дедо ќе им биде.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
Хахахахахахаа ајдее, дедо ќе им биде.
Сигурен сум дека имало некоја понуда за него од негде ама барал висока плата. Нека дреме со децата сега. Само за џабе плата ќе зима.

Можеби можеше да се искористи некогаш, да поигра ама РДМ си има план најверојатно, мора да се направи таа смена на генерации. Старите си го одработија своето, си овоија трофеи и фала им за се ама им пројде времето и треба да се почне одново со млади, нови играчи гладни за успех.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Ја разбрав дека Лион го барале ама Челзи барале 15милиони и ништо помалку што според мене е лудост. 10 милиони се џек пот ако земат за Малуда
 
В

Ваздух

Гостин
Тој тим тој тим, што плачете, кога со тој тим од лани ја освоивме најпосакуваната титула. Штом не ја освоивме тогаш, се паѓа во вода за ''најдобрите''.
За мене херои се Мата, Дрогба, Чех, Тери, Лампард, Босингва, Калу, Бертранд, Кол, Кејхил...тие го кренаа пехарот од ЛШ.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079

Кутриот ти. Ќе укапираш некој ден колку се 2+2, не бери гајле...
 
В

Ваздух

Гостин
Кутриот ти. Ќе укапираш некој ден колку се 2+2, не бери гајле...
Добро, што пишав за да изедеш бубрези дека сум кутар? Кој не го сака тој тим оттогаш? Кој не го сака Мур и играта и екипата од тогаш? Не верувам дека постои таков навивач на Челзи.
Но види, животот оди даље, тоа што било било. Таа екипа не освои тогаш ЛШ, а ланската освои. И за мене секогаш ќе има повеќе почит таа од сезоната 2011/2012 него 2005/2006. Тешко ти е да ме разбереш, ама океј...

Друго, ниту те навредив ниту те спомнав, така да уште еднаш да не ти се повтори да пројадеш со устата тоа што не треба.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
Добро, прво Ваздух, нема ништо лошо во тоа да се навратиме неколку години наназад, да се потсетиме на тогашниот Челзи и да го пофалиме тогашниот ти. А Tranquility, секој различно си гледа. Мурињо со тогашниот "dream team" не успеа да освои ЛШ, а Ди Матео со сегашниот "послаб" тим успеа да го направи тоа и да ни го исполни сонот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom