Ај овдека да ви пишам.
Дај не одговарајте на провокации. Не мора на секој коментар против Челзи да се одговара. Само во круг ќе се вртиме за глупости. И што ако некој пишал против Челзи?Што ќе смените вие ако му вратите? Ќе го убедите да почне да навива за Челзи?
Ова е форум и секој си има свои мислења.Не мора да значи дека е точно мислењето на некој ама битно за него е точно.
И ако некој верува во нешто ќе најде начин да се убеди дека сето тоа е точно.
На пример јас ако сакам да верувам дека Вардар е подобар од Сити ќе најдам начин да верувам во тоа.
Вардар лани порано ја освоија лигата. И башка не им требаше шеик. И башка помалку голови примија. И башка БАТЕ има изиграно со Милан што има изиграно нерешено со Барса што има изгубено од Рубин што има изгубено од БАТЕ.А Вардар даде 2 гола на гости против БАТЕ и не изгубија дома.
Значи Вардар > Сити.
И еве сега некој навивач на Сити ова да го прочита и да ми врати што ќе биде ? Ништо.Јас ќе му вратам дека Вардар има повеќе титули од Сити.Дека Англиската лига е полна со странци за разлика од Македонската.
Не сум во право? Во право сум.
Истото важи и за навивачиве на Арсенал.
Они уште веруваат дека се на врвот. Дека Челзи освојува титули заради Роман. Мене не ми е јасно заради кого ги освоил титулите Арсенал? Анри,Бергкамп,Љунберг? Тие за тегла ајвар дошле во Арсенал?
Тие си мислат дека се во право,вие мислите дека сте во право и ништо на крај.
Најреални ми се навивачиве на Ливерпул. Тие барем си знаат дека ова е 2012 а не 1970 и дека времињата се менуваат.Ја гледаат реално ситуацијата. Овие од Арсенал станаа тоа што беа овие од Ливерпул до пред 6-7 год. Следна е нивната сезона. Ама ај што побргу сфатат какви се работите тоа подобро.
И овие од Јунајтед знаат некој пат чудно да гледаат на работите ама тие уште се при врвот па не се замараат и сфаќаат дека Сити им се конкуренти.
Да беа во ситуација на Арсенал ни по 10 год. немаше Сити да ги сметаат за конкуренти.
Значи bottom line не мора да се расправате за све и сешто пошто тоа не води никаде.
П.С. Поздрав до навивачите на Арсенал што го читаат ова