Убав бизнис
Убав, да....ама скап! Ми се чини дека телевизија како Амазон или КРТ да напраиш сега ти треба инвестиција од број со 5 нули... а камо ли ако размислуваш посериозна! За фреквенција и права мислам за нац. ниво одат 20,000 Евра годишно.... не сум сигурен за ова се оградувам од грешка, ама ми се чини јако дерат! Но што е тоа ако си голем во бизнисот и ако приходите за реклама ти раснат со прогресија од 500% годишно!? .... (кога реков *голем* мислев на голем симпатизер....
Се прашувам, како функционираат оние нискобуџетните - локални ТВ!? Јас не ги ни гледам, бидејки сум постојано на дигитална... постојат ли овие, како работат? Скај НЕТ, МТМ Амазон? У ствари кој нив ги гледа!?
Но еден од условно *малите* е со тенденција да стане голем!?....
И пак со *упикување* на власта.... која? Е, Купувајте де македонски производи! Токму таа - Нашата! Иако во последно време со бркањето на ‘‘бурекџијата‘‘ како да им мутира уредувачката политика!? Или пак се лажам!?
Денес изгледа тоа е формулата за успех во ТВ бизнисот - една две серии од Туркиш или Боливуд продакшн.. за плукање на *поларизираните* една утринска како ‘‘Здраво Македонијо‘‘ или емисии како Бумбар или на Нора онаа што одеше на Алфа уште поубаво... да се испоплукаат оние од штабовите и да ги заслужат хонорарчињата, сега кога нема плакати.... и најбитното упикување у анус на власта со реклами како тоа остваруваат, а сигурно така би било и со некоја друга власт!? (да не се разбереме погрешно).... Ете ти формула за успех!