Ајде за тоа што памтам
плата 6000 денари во приватен сектор ( 12000 хехе ме изнасмеја да не пукниш).
цигари босс 40 денари (малборото беше 70 мислам, во секој случај скапо ми беше).
бондот толку беше отрпилика 30 -35 денари
кафе ( ако мислиш за турско незнам колку беше) по кафичи макијато 30 денари.
Кокакола ( исто по кафич 30 -40 денари)
Пиво скопоско 50 денари, кенабах 70 беше
Вино намештај 40 денари
Безоловен 33 денари, кога положив во 95 беше 27( чудно но вистинито)
Ама ајде да ја видиме и другата страна од медаљата
Битола од развиен индустриски град стана мртов.
Работа ни за лек, невработени колку да сакаш, вклучувајки ги и мојте, технолошки испаднаја јбг.
Тат башка не дотепа, сега дали беше 97 или порано некоја година ми е мака да се потсеќам ама мислам дека беше порано.
Како пограничен град со блокирана граница спрема Грција работата стана нож до коска.
Мртвило сивило и депресија насекаде.
Мито корупција колку да сакаш
Сива економија на секој чекор и се толрерираше пошто немаше друго чаре.
Партиски вработувања преку фирми на партиски функционери на СДСМ во Рек и други државни фирми за плата од некој 5000- 6000 денари , најчсето со каснење од неколку месеци. За здравствено и пензиско осигурвање тука нема ни да зборам, тоа беше џек пот некој да те осигура. А да биди потрагично Рек им исплаќаше компелет за секој вработен, само ете на овие им се можеше и не даваја, таква беше власта тогаш. Никој ништо не им можеше.
Така да ако споредам сега и тогаш незнам што е полошо,зависи од која гледна точка гледаш.
За некој е сега полошо посебно за партиските војници од погрешна партија со фирми дефинитивно е полошо.
За тие што беа учени со далавери да прават пари сега е потешко.
За обичниот работник сега можам да речам дека е подобро во смисла дека ретко некој нема да те осигура, барем од 2002 наваму секаде каде што сум работел ме осигурале, од 1995 до 2002 ама баш никаде не ме ни осигурале, мислев дека така треба. Никој не го осигураа, инспекциите служеа за декор само.Така да повеќе ред има од тогаш.
Ако збораме за криза и за цена на горивата и огрев, струјата во споредба со некогаш,сега се многу скапи ама пак тоа е поврзано со еден куп други фактори од кои некои зависат од нас некои не така да е релативно како гледаш на тоа.
И сигурно си ја чул изреката старите добри времиња. На некој и сега му е супер така да ако го прашаш по 10 години ке ти речи како сега што си поминал убаво никогаш небило.
Ехххх тие стари добри времиња кога бензинот беше 33, кафето 30 а цигарите 40 и кафичите и кафаните работеа 24 сати а платата 6000.