Евертон повеќе ја посакуваше победата и тоа се виде на терен, голема пожртвуваност, особено во одбраната. Јагелка и Хиберт одиграа феноменално, за Фелаини немам зборови, оваа година поради тоа што веќе го нема Кејхил оди малку понапред и според ова што го прикажа вечерва се снајде одлично. Нон стоп се бараше Фелаини на долги подигрувања и им се исплати.
Штета што Де Геа беше одличен денес затоа што Осман беше близу до гол, а и статива и пречка беа погодени.
И не знам што го критикувате Видич, човекот цела сезона го немаше и мислам дека како за прв натпревар после повредата го даде максимумот. Најголемо дрво беше Руни, мислам дека шутна само еднаш и тоа в пченки негде. Нани играше нервозно, се виде уште од старт и тој одигра под ниво.
Евертон лани успеа да ги победи Челзи и Сити, а на Јунајтед да им ги помати сметките во последните кола, мотивирани се со големите екипи, а тоа што ќе го јадат од КПР или Свонси тоа друга работа.
п.с. - си правам муабет како симпатизер на Евертон пошо ми се втор омилен тим после Милан. Да не помислат овие од Манчестер дека ги ругам нешто.