Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.310
- Поени од реакции
- 34.710
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Автобуска станица на смртта во Ново Лисиче
Знаеме дека Скопје во изминативе години е едно големо градилиште. Тоа најубаво се осеќа од прашината во воздухот која ја дишеме секој ден. Се гради буквално на секој чекор. Се градат нови објекти, споменици, се реконструираат улици, булевари, се градат нови паркинзи и катни гаражи, паркчиња, детски игралишта, спортски сали... Буквално, ретки се локациите во градот каде може да се свртиме за 360 степени и да не забележиме барем едно градилиште.
Мене лично, убаво ми е кога гледам како се движат работите кои го менуваат ликот на градот, затоа што поголемиот дел од проектите се обично за доброто на граѓаните. Но, дали во сета таа прашина и брзање да се завршат што е можно поголем број на проекти, изведувачите забораваат на најбитниот дел - безбедноста на човекот? И не, не зборам за безбедноста на самите изведувачи и работници, затоа што тие самите се одговорни за нивната сигурност на теренот, нивната опрема и правилна изработка, нивната одлука дали ќе носат заштитен шлем или не... Зборувам за безбедноста на нас, граѓаните, нашите најмили, нивните деца, децата на комшиите...
Фотографиите кои ќе ги видите подолу се од населба Ново Лисиче, бул. Видое Смилевски - Бато, карши големите маркети на Рамстор, Кам, Тедико. Веднаш до автобуската станица каде што редовно поминуваат „тројка“, „петка“, „петнаеска“ и други фрекфентни градски автобуси, чекајќи и оставајќи еден куп патници во текот на денот, но и во ноќта - кога не се гледа прст пред око.
Запрепастен сум од фактот што ситуацијата е ваква повеќе од 2 месеци (а уште којзнае колку е трае) и до сега на никој не му текна да стави некаква заштитна ограда која би ги спречила несреќите кои чекаат да се случат. Добро, до самата автобуска има некаква импровизирана „ограда“ од арматура потпрена на 2 кофи во должина од 2-3 метри, но таа смешна импровизација не врши никаква заштита затоа што должината на ископаниот „цевковод“ (најверојатно на „Топлификација“) е подолг од стотина метри... Длабочината на дупката е околу 2-3 метри, а долу ќе ве дочекаат цевки и шилци од арматура кои сигурно ќе ви го направат падот пријатен.
Дали имаат воопшто памет изведувачите кои цели 2 месеци (можеби и повеќе) ја загрозуваат безбедноста на пешаците и патниците? Дали треба некој да го изгуби животот (или сериозно да се повреди) за некој конечно да понесе одговорност? Искрено, премногу се вознемирив кога видов како 2-годишно дете избега од рацете на мајка му и почна да трча кон дупкава пред некој ден, па морав да ја отворам темава... Ако чита некој од одговорните, се надевам дека има барем малку совест со реакција да го реши овој реален проблем.
Ситуацијата преку ден:

За вечерната верзија на оваа „стапица“, употребете ја својата имагинација (и да сликам нема ништо да се види).
Дали имате слични примери (и фотографии) од други градилишта кои ја загрозуваат безбедноста на луѓето?