Кошарка, Лондон 2012

Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Јас не знам што се жалите толку од русите кога ќе знаете што екипа се ако ги имате гледано...
--- надополнето: 11 август 2012 во 04:06 ---
Па зарем има понеорганизирана и поглупа кошаркарска екипа од Русија воопшто??..имате заприметено што кошарка играат русите???..тотално безидејни во напад,ни воиграни акции ни ништо како секој за себе да си игра,играат одлична одбрана бидејќи се сите магариња над 2.00 високи а во нападот како аматери да гледам и што е најчудно само еден пораз имаат од сега и тоа од австралија...понезгодна и понепревидлива екипа не постои..хаос се ни самите не знаат што играат..Швед и Погрњашов играат што ќе му текни на памет во нападот и кога имаат miss match веднаш се глупираат со шутевите од дистанца каде обично ги промашваат...
то е то
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
дај нека пушти некој директен линк од кошарката вчера на BBC, никако неможам да ја најдам
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.356
Поени од реакции
113.674
Јас не знам што се жалите толку од русите кога ќе знаете што екипа се ако ги имате гледано...
--- надополнето: 11 август 2012 во 04:06 ---

то е то
Тоа ти си мислиш дека не играат добро во напад. Русите можеби не играат кошарка како Американците, брза, атрактивна, но веруј имаат и те како добар напад. Прва работа е што имаат добар плејмејкер, Понкрашов супер игра на игриве, второ нивната игра во нападот се базира на стабилност. Не знам дали си приметил ама доста долго им траат нападите, што значи дека играат стрпливо за разлика од Шпанците кои рогаат тројки во втора секунда од нападот. И исто така не знам дали си приметил ама Блат форсира акции со многу блокови и со милион можности за завршница. Знам дека на ТВ може изглеа дека се ко идиоти и дека не играат ништо ама далеку од тоа, Русите играат супер кошарка.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479

Зошто тогаш изгубија од Шпанија?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Зошто тогаш изгубија од Шпанија?
Зашто е далеку подобра т.е најдобра светска селекција после Америка. Што се буните толку, а Русите дефинитвно се можеби први после нив.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.356
Поени од реакции
113.674
Зошто тогаш изгубија од Шпанија?
Затоа што не изиграа како што требаше, кратко и едноставно. Затоа што Кириленко, нивниот лидер беше камен и имаше 5-6 утки од линијата за слободни фрлања, и затоа што Шпанија е најјака во светот моментално, после Америка. Ја на Џони му кажував општо за Русите, не за утакмицата од вчера. му кажував дека имаат и те како добар напад само на ТВ изгледа тоа поинаку.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
На Русинките им бега бронзата со Австралија
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Не е интересно ова се знае кој ке освои уште однапред,просто незамисливо е да изгуби Америка,јес да Шпанија се втори во свет али не се за нијанса послаби туку за многу повеке од тоа...
 
Линијата се тенчи во САД се играше различна кошарка пред Фиба Европа да почне со промените кои во 2013 ќе бидат целосно идентични!
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Линијата се тенчи во САД се играше различна кошарка пред Фиба Европа да почне со промените кои во 2013 ќе бидат целосно идентични!
Пак ке си газат...со ваков состав врвни НБА играчи ке си газат увек,ако почнат да носат повеке колеџ кошаркари тогашка ке бидат идентични со другите.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пак ке си газат...со ваков состав врвни НБА играчи ке си газат увек,ако почнат да носат повеке колеџ кошаркари тогашка ке бидат идентични со другите.
Америте не се ванземци, во Европа се повеќе ќе расте и Евролига и куп и се повеќе тимови ќе се адаптираат на новата кошарка еден ден после х години разликата ќе биде мала. Таа НВА ќе се гледа и во европа целта на ФИБА е да се изедначи атрактивноста на кошарката за тоа можда ќе треба време ама ќе биде. А Европските селекции се класа напред за одбрана него Американците баш ради тоа што одсекогаш се играше различна подефанзивна кошарка во Европа.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И ова со Американкиве веќе е досадно.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
А Европските селекции се класа напред за одбрана него Американците баш ради тоа што одсекогаш се играше различна подефанзивна кошарка во Европа.
Грешка си за ова. Американците се предобри во напад и можат да се опуштат малку во одбрана. Кога резултат е критичен при крајот од натпреварот како против Литванија одма се фокусираат на одбраната ( Леброн и Чендлер мислам имаа блокади, и со брзи контри одма се одалечија резултатски ).

Ако се даваше злато за кој ќе прими најмалку кошеви, сигурен сум дека Американците повторно ќе освоеа. Сепак се тим со одлични дефанзивци како Чендлер, Леброн, Коби, Пол, Вестбрук, Игудала и Дејвис, а и тренер кој се разбира од одбрана.
Но не е то финтата, ова е дрим тим и нормално публиката бара брза игра, куцања, расположени тројкаши и сл. и затоа одбраната ќе пати.

Ако не играат одбрана не значи дека незнаат или пак се послаби од Европските.
Гледај екипи како Сан Антонио или Чикаго ќе видиш што ти се вика одбрана.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Како што напиша членот погоре, Американциве се многу ефикасни во напад и затоа имаат благо опуштање во одбраната. Доколку е густ резултатот и мора неопходно да се интервенира во одбраната, е тогаш се навистина одлични. Понекогаш не им оди шутот за три, ама се толку доминантни во скоковите што често пати нападот го завршуваат со реализација дури и преку петти обид за поени.

ОН топик :

Колку % шанси и давате на Шпанија во финалето? :) Јас искрено не верувам дека ќе биде под 25 разлика ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom