Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас искрено незнам кој ти е филмот воопшто во животот.Отвори малце очи и освести се. Народот живее во страшна сиромаштија.
Можеби ти се дружиш со луѓе кои може да си дозволат одмор (или можеби земале кредит за да одат на одмор, што исто така многу често се случува), но огромен број од луѓето не може да си дозволат сметката за струја да си ја платат, не да одат на одмори.
Јас, драг мој, сум вратена во Скопје. Тоа што бев во Германија ми овозможи да видам како треба да изгледа животот, посматрајќи од страна. Мизеријата на Македонија се гледа уште на почетокот на постот. "Успеа"?! Зарем е успех некој да мора да оди во прогонство за да може да си дозволи нормален живот? Да се отцепи од сѐ што знаел, од сите роднини и сѐ што имал за да може да живее во нормални услови и да се смета како среќник заради тоа?Јас искрено незнам кој ти е филмот воопшто во животот.
Ти успеа да си отидеш од Македонија и нека ти е среќен патот.Незнам што уопште солиш памет и глумиш загриженост кога и не живееш во Македонија, а нема ни никогаш да живееш.Оди дружи си се до Германци, мешај си се со нив, живеј во цивилизација, прави што сакаш во животот, ама остави не нас глупите, нецивилизирани, примитивни Македонци да си умреме онака како што си знаеме.И, така никогаш не не бивало, ниту ќе не бидне некогаш.Овој народ во блиска иднина нема ни да постои, а и државата, затоа што тоа и сме заслужиле -да не постоиме ич, а тебе тоа вооопшто нема лошо да ти се одрази на животот.Ти не живееш овде.Најмногу мразам некој од 5 000 км да ми соли памет за сиромаштија и слично.Нека ти е среќен и богат животот.
HOW DARE YOU
само леандра смее да му вика дарди, не ми расипувај филинг!
Тука би додал и викенди,шопинг и слично.Реална е анкетава.
85-90 % од Македонците што патуваат одат на одмор во Грција,или во бројки околу 500 000.
Во Македонија не тече мед и млеко и никој не вика дека нема сиромаштија, а најмалку дека сме Норвешка, ама некој да ме убедува дека сме Уганда или Гана гадно се заебал.Јас, драг мој, сум вратена во Скопје. Тоа што бев во Германија ми овозможи да видам како треба да изгледа животот, посматрајќи од страна. Мизеријата на Македонија се гледа уште на почетокот на постот. "Успеа"?! Зарем е успех некој да мора да оди во прогонство за да може да си дозволи нормален живот? Да се отцепи од сѐ што знаел, од сите роднини и сѐ што имал за да може да живее во нормални услови и да се смета како среќник заради тоа?
И сѐедно е од кои причини сум била некаде, зарем секој што ќе отиде е предавник и не треба да се грижи за своите луѓе и реално да ја согледа ситуацијата? Ај кажи ми дека во Македонија тече мед и млеко и дека е супер и нема сиромаштија? Да бе, је*оте, живееме подобро од Норвешка. Цепај локал патриотизам, немај гајлеСупер ни е во Македонија, никад боље
![]()