Rogers Cup 2012 - ATP Masters 1000 Toronto & WTA Montreal

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде освојувач на Rogers Cup 2012 во Торонто?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 10 43,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 8 34,8%
  • Жо Вилфред Тсонга

    Гласови: 1 4,3%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Хуан Мартин Дел Потро

    Гласови: 4 17,4%
  • Мерди Фиш

    Гласови: 0 0,0%
  • Џон Иснер

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг (ќе наведам во мислење кој)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    23
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
537987.jpg


Еве уште еден нов мастерс турнир, прв после малце поголема пауза. Повторно се враќаме во Северна Америка и многу е јасно за која подлога станува збор, една од најбрзите подлоги, тврдата подлога.
Станува збор за мастерс турнир кој на победникот ќе му донесе солидни 1000 бодови, а ќе се одржува во еден од најголемите градови во Канада, Торонто.
Овој турнир е карактеристичен по тоа што секоја година ја менува својата локација, минатата беше во Монтреал, годинава е во Торонто за веќе во 2013 да биде повторно во Монтреал. Женитe годинава ќе играат во Монтреал, а следната во Торонто.

Историјата на овој турнир е доста голема, се започна во далечната 1881. година, а само Вимблдон и US Open имаат поголема традиција од овој турнир.

Што се однесува до успешноста на играчите на овој турнир, Иван Лендл е најуспешниот со 6 титули од 9 финалиња. Од тие 6 титули, 3 беа во низа во периодот помеѓу 1987 и 1989 година.

Еве ги и сите освојувачи на турнирот од последните 20 години :
toronto-2.png


Жребот е веќе излезен, а ова е официјалниот сајт на турниот :
http://www.rogerscup.com/men/english/factSheet.php

Титулата како што знаеме ја брани Новак Ѓоковиќ, 600 поени од финалето ќе има за задача да ги одбрани Мерди Фиш. Оваа година турнирот ќе е ослабнат поради отсуство на некои играчи, еве дел од нив :
- Roger Federer
- Rafael Nadal
- Fernando Verdasco
- David Ferrer
- Gael Monfils
Специјална покана од огранизаторот (Wild-Card) добија :
- Frank Dancevic
- Vasek Pospisil
- Peter Polansky

Според мене во финалето од левата страна ќе игра победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ - Хуан Мартин Дел Потро во четвртфиналето, а од десната страна дефинитивно Мареј, но сепак има простор за изненадувања, не е дека нема. :)

images
images


Машкиот дел од турнирот ќе може да го гледате на СпортКлуб каналите, а женскиот на Еуроспорт.

Се уште немам информации дали Телма ќе врши преноси, доколку врши, највероватно од среда-четрвток.

За крај, одговорете на анкетата доколку не сте го сториле тоа претходно :)

Се надевам дека ви се допаѓа отворањето, доколку некој има нешто да надополни, секако може да пише коментар и да го надополниме воведот.
 
Не сум знаел дека Торонто е во Сад јас се мислев дека е во Канада. o_O Фала на исправката...
 
Не сум знаел дека Торонто е во Сад јас се мислев дека е во Канада. o_O Фала на исправката...

Лелеле, на брзина пишував и тотално несвесно. :oops: Сакав всушност Америка да напишав, ете променето и фала на корекцијата. :D
 
Dobar e vovedot, sea uste da bide dobar i tenisot sto ke se igra na turnirot i se ke bide super. :)
 
Dobar e vovedot, sea uste da bide dobar i tenisot sto ke se igra na turnirot i se ke bide super. :)

Се навикнавме на трева и земја веќе подолго време. Прв турнир за мене кој ќе го гледам на тврда подлога после Мајами. :)
 
Ја мислам дека тука Дел Потро го освојува првиот Мастерс а Мареј на УС Опен првиот Грен Слем.
 
Томиќ против Ноле,се помачи Бернард со Берер но сепак помина во второ коло (y)
 
Томиќ против Ноле,се помачи Бернард со Берер но сепак помина во второ коло (y)

Само од Томиќ не бидува тенисер, го гледав против Берер, ужасна игра.
--- надополнето: 6 август 2012 во 23:03 ---
Ако некој гледал помизерен тенис од Ebden - Polansky, а станува збор за Masters турнир, е тогаш не знам што да ви речам.

Деари - Кузманов (трета европска дејвис куп зона) [1500+ на ранг листа двајцата, земја] се гледаше поубав тенис.
 
Само од Томиќ не бидува тенисер, го гледав против Берер, ужасна игра.
--- надополнето: 6 август 2012 во 23:03 ---
Ако некој гледал помизерен тенис од Ebden - Polansky, а станува збор за Masters турнир, е тогаш не знам што да ви речам.

Деари - Кузманов (трета европска дејвис куп зона) [1500+ на ранг листа двајцата, земја] се гледаше поубав тенис.
Добар тенис беше тоа, цело време Деари супер играше и кога дојде ги поеба 4-5 меч топки на свој сервис... Туку ај да не одиме офф топик.
 
Пеколен турнир ќе е, Новак ван форма, Дел Потро и Мареј одлични во последно време, не глеам кој друг би изненадил тука.
7 oд најдобрите 10 се на турнирот, ќе видиме како ќе се одвиваат работите од утре па натаму, бидејќи првата рунда е слободна за нив.
Иначе Полански е со вајлд карта на турнирот и е над 200 место на АТП листата, ... ;)

Marej: Dolazim u Toronto, a da li ću igrati..
 
Колку души ќе се пофалат дека воопшто гледале гем на мастерсот во Торонто? :) Ова е дефинитивно најнеинтересниот мастерс, барем за сега.

За половина час би требало да започне мечот помеѓу Раонич и Троицки, тој би требало да биде интересен. ;)
 
Не значи ти ако не глеаш и ако не ти учествува пуленот на турнирот и другите не гледаат.
Така си мислиш, бидејќи ОИ се во преден план, иначе тој што го интересира тенисот, си ги следи мечевите.
 
Ако не коментираме, не значи дека не гледаме. :D А и нема шо да се прокоментира за овие, барем јас нема шо да прокоментирам.

Иначе, Игор Ј. добар аватар. :D
 
Колку души ќе се пофалат дека воопшто гледале гем на мастерсот во Торонто? :) Ова е дефинитивно најнеинтересниот мастерс, барем за сега.

За половина час би требало да започне мечот помеѓу Раонич и Троицки, тој би требало да биде интересен. ;)
Jас гледав прееска и се изнервирав. Инвалидот неспособен Кевин Андерсон не беше во можност еден сервис гем да земи, а Долгополов пак неможеше теренот да го погоди а некни Вашингтон го освои.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom