The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.038
- Поени од реакции
- 3.635

Еве уште еден нов мастерс турнир, прв после малце поголема пауза. Повторно се враќаме во Северна Америка и многу е јасно за која подлога станува збор, една од најбрзите подлоги, тврдата подлога.
Станува збор за мастерс турнир кој на победникот ќе му донесе солидни 1000 бодови, а ќе се одржува во еден од најголемите градови во Канада, Торонто.
Овој турнир е карактеристичен по тоа што секоја година ја менува својата локација, минатата беше во Монтреал, годинава е во Торонто за веќе во 2013 да биде повторно во Монтреал. Женитe годинава ќе играат во Монтреал, а следната во Торонто.
Историјата на овој турнир е доста голема, се започна во далечната 1881. година, а само Вимблдон и US Open имаат поголема традиција од овој турнир.
Што се однесува до успешноста на играчите на овој турнир, Иван Лендл е најуспешниот со 6 титули од 9 финалиња. Од тие 6 титули, 3 беа во низа во периодот помеѓу 1987 и 1989 година.
Еве ги и сите освојувачи на турнирот од последните 20 години :

Жребот е веќе излезен, а ова е официјалниот сајт на турниот :
http://www.rogerscup.com/men/english/factSheet.php
Титулата како што знаеме ја брани Новак Ѓоковиќ, 600 поени од финалето ќе има за задача да ги одбрани Мерди Фиш. Оваа година турнирот ќе е ослабнат поради отсуство на некои играчи, еве дел од нив :
- Roger Federer
- Rafael Nadal
- Fernando Verdasco
- David Ferrer
- Gael Monfils
Специјална покана од огранизаторот (Wild-Card) добија :
- Frank Dancevic
- Vasek Pospisil
- Peter Polansky
Според мене во финалето од левата страна ќе игра победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ - Хуан Мартин Дел Потро во четвртфиналето, а од десната страна дефинитивно Мареј, но сепак има простор за изненадувања, не е дека нема.

Машкиот дел од турнирот ќе може да го гледате на СпортКлуб каналите, а женскиот на Еуроспорт.
Се уште немам информации дали Телма ќе врши преноси, доколку врши, највероватно од среда-четрвток.
За крај, одговорете на анкетата доколку не сте го сториле тоа претходно

Се надевам дека ви се допаѓа отворањето, доколку некој има нешто да надополни, секако може да пише коментар и да го надополниме воведот.